Еден плакар, еден ден ... Јас пак си викам, летна трудница, со шешир, лелеаво фустанче, све лагано , а со Дабростонот сме на ти, до тоалет, назад и се седечkи
Мешенца во кој период од денот најмногу го осеќате бебче? Јас сум 19+ и пред некое време почнав да го чуствувам со многу нежни потези. Но претежно навечер. Од сабајле ништо не осеќам. И имам приметено штом се напијам магнезиум по некоја минута одма бебче станува активно
Јас сум исто 19н денес и се измерив, 6.5 кг сум поправена, дамла ме удри кога видов, 62.5 имав пред да останам бремена сега 69,а до крај има бајаги, колкава ли ке бидам со вакво темпо, веќе не јадам навечер
И јас сум тука некаде 5кг поправена ако се мерам од сабајле а преку ден и повеќе. Да сме живи и здрави и бебчињата да ни се добро за друго не се замарај
Јас никогаш претходно не станував навечер за во вц, ама сега надоместив поштено. Јас не можам да одредам кога точно, ама претежно кога мирувам. Толку е нежно што сеуште не сум сигурна дека е тоа. Цело време на левата страна го имам тоа чувство како мало мрдкање внатрешно, не знам како да опишам, ама мислам дека е бебе.
Јас пред тоа станував ама поретко, а сега дури некогаш и по 2 3 пати во текот на ноќта. А синоќа останав без сон. Многу топло ми беше, ми сметаше буквално се. Ајде здрави и живи да сме, бебенцата да се добри, да растат. А друго се ќе издржам.
Така е, нема ништо поважно од тоа. Нека биде се како што треба, ќе ги издржиме овие слатки маки што ќе не однесат до најмилите очиња на свет.
И матичната и докторка од гак ми рекоа дека многу магнезиум влијае и го забавува бебето (баш за тоа бев појдена не го чувствував дека мртка) и откако го намалив магнезиумот на 250мг, почесто и поинтензивно го осеќам. Јас го препишувам тоа на намален магнезиум и секако подебелко е сега. Ако те теши... 24+4, поправена 11,5кг. Со точно 50 почнав, вчера матичната ме мереше 61,6 Ми рече дека не смеам веќе качувам уште на килажа, уште од старт ми рече максимум +12кг до крај, ама... Заклучок: не се мериме веќе, ќе го оставиме тоа за после пораѓај, кога ќе држиме диета и ќе почниме со теретана
До 20та недела навечер кога ќе мирував го осеќав од лева страна, сега веќе во 23та по цел ден само мрда Со иста килажа сум од почеток ради диетата за шеќер ај бар една позитивна работа во диетава што нема да качам многу
Јас вчера баш најдов еден калкулатор за wеight gain во бременост, ми покажува дека е нормално до максимум 78 кг да стигнам а јас почнав со 63, значи тоа е +15 што мислам дека е многу нели? Јас до сега, то ест последно кога се мерев во 17+6 бев 3,5 кг поправена, ама мислам дека сега нагло ќе почнам. https://www.calculator.net/pregnanc...&ckgbefore=63&ckgnow=66.5&printit=0&x=79&y=33 Еве линкче.
Инаку и јас го гледав тој линк. И мислам не е многу 15 кила, ако е повеќе од 20, мислам многу е, за оние што имаат од самиот старт килажа, како мене на пример. Инаку велат да, во последните 3 месеци се поправал многу. Јас почнав со 65,а сега сум 70,се мерев на 11 месецов... Др ми кажа демек најмногу 10 кила дека ќе качам.. Ама веројатно дека имам редовна столица, понекогаш и по 2 3 одам.. Ме чекаше по мевот пред да ме прегледа, ми рече супер сум, бев јадена, и пиев вода секако.... Дај боже да е се ок. Иако се плашам да не се поправам многу, не пешачам многу сега, заради короната, дома сум, кога како сум активна, ајде ќе биде добро.
Здравје ќе почне да се стоплува за месец-два и ќе можеме да шетаме, сега е и ладно и загадено. Ладното и не ми смета толку до душа, ама како што сме слободни повеќе приквечер лудост е сега да се пешачи, има вечери кога не се дише надвор.
Јас сум у плус, и цело време ми се јаде, пред малку правев мајонез салата мимоза, ама не ја јадам хехе
Да здравје само и јас така си велам. Сега уште и многу заразени има, ладно е, загадено... Ќе шетаме...
Леле јас од некни мислам да направам таква редена салата со мајонез, мислам дека сум во состојба цела чинија да голтнам.