Ај не се замарај те молам,преглупо ми е тоа што ти го рекла матичната,психичка бариера ти ствара,секое тело поинаку се шири,расте бебето,плодовата вода,градите и кај сите тоа е различно,ќе истушиме после пораѓај,има време
Не се замарам ич мила, смешно ми е. Вистина на килажа имам толку качено, ама на мене освен меше и градите ништо друго не се познава. Цел живот се трудев да се поправам некое килце и конечно успеав. Жал ми е само за целулитчето на задникот што си го добив, ама тоа е. Најважно е бебето да е здраво, килажа се качува и се симнува.
Нормална тежина, на граница фаќам. Не ми зборете за целулитчето, плус ова стриичкиве црвенки што си ги посматрам, по 3 пати на ден почнав да се мачкам сега, кој знае што ќе биде до пораѓај. Битно ММ ми кажа да не се секирам за стриичките, така полесно ми е сега.
И јас мислам дека повеќе го осеќам навечер, иако сеуште не сум сигурна дека тоа е тоа Јас сум 18+4 , а поправена +2кг. Засега се држам добро ми вика матичнава можеш слободно до +15 да одиш немаш гајлее... ама јас ќе се обидам да не стигнам дотолку Според овој калкулаторов ми вика малку сум поправена за оваа недела
Туку ве читам што убаво си седите навечер си правите муабет. Јас очи ми се затвораат а дојде 22:00, најдоцна 22:30 часот многу спијамм....
Џабе ќе се нервирате со стриите, сѐ зависи од кожата. Мачкањето можеби минимално помага, ама ако кожата ти е нееластична џабе... Еве на пример, јас на прсти можам да избројам колку пати се намачкав во текот на бременосва, а немам ни една стрија... немаше ни сестра ми, немала ни мајка ми... едноставно до кожата е.
Се сложувам со тебе Се е до кожата на жената, јас што не мачкав ама џабе, кога си реши да си излегуват стрии едно по едно цел стомак ми се направи
Па точно тоа ми е муабетот, дека не е во твоја моќ едноставно, и ич да не ви е гајле, иде лето ќе се сончаме Плус, фала Богу не се тие стрии од хамбургер, туку од бебче, и ич да не се замарате