За да се породиш лесно улога имаат многу фактори, мислам дека физичка активност игра огромна улога. Некои велат и секс со свршување внатре. Ама ширина на карлица, обем на глава на бебе, праг на толеранција на болка, масажа на перинеум, се многу побитни од масло. Фемибион 2 е истото апче плус посебно апче омега 3, затоа се поскапи. Земи си 2ка.
Јас ги допив фемибион 1,и околу 15 нед почнав фемибион 2.дека имав фемибион 1, сакав да ги допијам.. Не е страшно. Дури др не ми кажа, јас прашав.. Ок е
39+2 недела Денес сум на контрола и цтг и баш би сакала да ме задржат. Да се одморам од селењево. Официјално вчера сме се преселиле во новиот дом. Пакет веќе не сакам да видам во мојот живот. Генералка сум правела со последни сили вчера.
Со среќа во новиот дом, да си го наполните со слога и љубов И ја сум на ЦТГ денес, ама не верувам дека ќе ме остават 39 + 5 сум . Ви давам ред на тие што имате попргавки бебушчиња. Ние ќе си уживаме уште малце, убаво ни е во меше.
Девојки дали ви се случило да имате болка(чудно чувство) на 1-2 цм лево од папок? Од сабајлево кога станав осетив некое несвојствено чувство во тој дел, кога си седам нормално не ме боли, не го осеќам воопшто, а ако го чепнам со прст наболува како модрица кога допираш ептен благо. Не знам како на друг начин да објаснам.
Да сосем нормално, јас имав таму болка отприлика баш тие недели, не се секирај. Баш и на матичната знам и реков на ехо да ме виде, ништо нема ми рече, нормално е да здоболува и да осеќаш како тегнење јас исто чувствував.
Фала мила. Не сакам да кревам паника јас... Претпоставувам дека е нормално, ама ми треба еве вака потврда од вас поискусните дека е така.
Не се исти. Види во составот, зголемени се витамините за второ тромесечие. Во Фемибион 2 има и железо во составот
Јас имам такви болки и слични, после 6ти месец навака, бев на дежирен првиот пат, и ми кажаа лажни контракции, се исплашив, ама повеќе лежење ми рече др. и многу течности, дали е истото не знам, претпоставувам само, според пишаното.
Јас кога пиев беа исти, можеби смениле нешто. Моето синче е 18 месеци. Штета од витамини нема, конкретно овие за трудници што се.
Не е болка моево, кога седам, се движам или правам нешто не го ни осеќам. Само ако се допрам на местото го осеќам ептен слабо, баш како што опишав, како кога допираш модрица.
Не се контракции тоа @thelittle17 да нe а испаничиме само @Bella_Stella Нормал е @Bella_Stella може и на нерв да натисне плодот како расте па и печење да осетиш некоа секунда дури Како расте повеќе се тегне низ меше , ќе се врте , па у ребро ќе збуца си има заземено некоа позиција и затоа така осеќаш , напрега на нешто , и ќе осеќаш вакви промени и др и поизразени , се што е минливо и издржливо не е опасно.
Фала ти. И јас од тоа што прочитав сабајлево истиот заклучок го имам како ова ти што го кажа. Нека си расте и нека се тегне, мама се ќе издржи.
Никако паничење (нашол кој да збори) Јас имав така слично, не знам како да објаснам, не е за паника сигурно, јас и до дежурен отидов, дека сум бог да чува, и немаше ништо, сигурно не е страшно @Bella_Stella не паничи секако, не биди како мене.
Девојки фала ви за мислењава, да не ве тагнувам сите поединечно, еве ве гушкам . Инаку да, до пред некое време биле исти кецот и двојката (плус нели капсулата со ДХА во фемибион 2), сега имаат нова формула и минимално се разликуваат, ама во глобала пак се исти. Инаку по ново и во двете има плус железо. Така да си ја земам одма двојката, секако една недела е разлика. Еве го новиот состав, може на некој ќе му се најде во иднина.
Zenicki sto kozmetika zemavte za bebinjata??jas nemozam uste da se odlucam,cekam da se porodam,pa da vidam kakvo kozice ke ima
Нема гајле, не сум паничарка јас воопшто. Ако е нешто алармантно секако ќе одам на преглед. Фала ти како и да е.
Јас се мислев мн за еуцерин маслената , ама на крај земав се можно шо видов на Хипп Лосион , Шампонче сензитив пише на сите и масло на хипп и влажни на хипп а и чекам до крај на неделава треба да ми стигне уште за пеленска регија кремчето Е ако не му одг за малата ќе си искористам па тогаш еуцерин ќе земам . Со ќерка ми ич немав пр , за ништо , за неа користев прво Corine de Famme so e онаа од Зегин па Хипп зимав некогаш .. Ти земи нешто за да имаш , па после ќе мењаш ако треба , и така дома тоа ќе видиш после некое капење , мачкање дал му одг , дали ќе се вцрвува доле