Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Фала девојки. Уште ги нема резултатите, ама јас сега сакам друго да се пожалам ;(
    Многу сум збунета. Како изгубен случај сум. На работа направив грешка - ма не беше грешка, веројатно погрешно сум слушнала, ма да сум сигурна дека погрешно ми кажаа. И директоркава ви вика како може да згрешиш, викам така ми кажавте, не не, вика женава, ние никогаш не грешиме.

    Јас сум цела избезумена сега, мислам дека ќе ми дадат отказ, потресена сум ептен. И од тој момент само ми се гади, цело тело ми се тресе и еве почна и стомак да ме наболува.

    Помагајте :(
     
  2. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Eleni никоја работа и плата на светов не е побитна од тос мало животче што расте во тебе!!! Верувај се се заборава и поминува, колку што знам на почеток на бременост си и не смееш никако да си дозволуваш стресови особено не за работа... Мисли на бебето, oвој период си му најпотребна за да може да се развие и да стане мало човече ;) батали работа, извинувај се прави се како што сакаат директорите дури и да не се во право ти имаш сега многу поважни работи :)
     
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Бебето, многу си нестрплива, олабави се малку, бебушка ќе дојде тогаш кога ќе и се излага ;)
    Не се депресирај, немаш зошто, пробај опушти се во овие последни денови, прави некои работи кои те прават среќна и уживај во времето што го имаш за себе, зашто после потешко ќе го наоѓаш :)
    И мене ме забораваа по пола саат на цтг, не ми покажуваше контракции до последен момент.
    Постелката треба да биде трет степен зрела за да можеш да се породиш, тебе рано ти е, ќе почекаш уште малце.
     
  4. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски

    Да на почеток сум, 10недела и 3 дена. Незнам се уплашив, зашто нова сум на работа и плус тоа ме мачи. А и неверојатно е колку сум збунета, незнам како да објаснам, не се препознавам... Дали е од хормоните, дали преживувам стрес, дали нешто друго е, незнам. Реагирам многу чудно, се обвинувам, се повлекувам во себе, се плашам...незнам, чудно е.
    И да ништо не е поважно од ова бебе, па јас го чекам 3 години!!!
     
  5. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    166
    ова не е возможно значи... од сношти како што реков, не се чувствувам добро и само на спиење ме турка...
    преомалаксано се чувствувам, нагони за повраќање милион.... и шо е уште потрагично, неможам да се одделам од креветот, испраена неможам да стојан
    м, полулегната ичч!! само спијам, немам ни апетит ни ништо, ова не ми се случило во животот! :x :(
     
  6. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Azalea секој доктор си има приемен ден. Тоа матичниот може да го види од кај нив во систем. Да, јас сум со врски кај Јегени. Но кога не би била, би барала да ми закажат кај тој што сакам да ме породи. Еве Исмаили бил многу добар таму и усте еден имаше ама не ми текнува(може Трајковски беше) :worried: Би отишла и би му кажала дека сакам он да ме породи. Валда така иде тоа.. Денес имаше една трудница и низ муабет ми кажа дека дошла да ја праша Др. Адела(Амела) не знам како се викаше она да ја породи. Иначе за ЧАир имам слушано само пофални зборови, и од жени што немале врски. ЈАс денес се изненадив, сестрите беа многу љубезни. Дури они ми го избришаа гелот од ЦТГ то, и ми ги подадоа кондурите, да не сум се наведнувала :) (они не знаеа дека сум со врски ).

    РозеСк цуцка е мојата, а твоето?? Да не се пораѓаме ние во ист ден :D Пиши ми што направи со упат и со прегледот кога ќе одиш.

    Елени, од хормоните ти е. Обиди се да се релаксираш и смириш. Јас кога би била на твое место би отишла кај шефицата и би и се извинила. Би и рекла дека не ми било добро и дека нема да се повтори, ќе бидам по внимателна. Ако има барем малку срце, на ваков твој пристап сигурно нема да те избрка :)
     
  7. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски

    Бебето за се има прв пат :) да не имаш некој стомачен вирус? Ако не, може да ти е од стрес, знаеш дека се ближи денот. Може јас ќе бидам бетер, но за сега би те советувала да правиш тоа што ти душа сака. Лежи, уживај. После нема да имаме време буквално за ништо :)
     
  8. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски

    100 пати и се извинив и ми рече, овде не е дозволено да се греши. Они никогаш не грешеле.

    А барем да беше грешка некоја, никаква ситна бедна работа, невредна да се напраи муабет за тоа, а не некого така да го изреметиш. Ама тоа е.
     
  9. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Може не и бил денот. До утре ќе и помине. И да не и помине, не семее да те брка сега од работа. Заштитена си со закон.
     
  10. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Мислиш многу им е гајле па на нив. Единствено само по судови ќе се влечам како другарка ми, детето и порасна, а од законот ништо.
     
  11. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Eleni се надевам дека нема да дојде до тоа. Ајде опушти се малку, мисли на малото човече што расте во тебе. Тоа не е криво за да ги трпи нашите нервози. Не заборавај има од лошо полошо...
     
  12. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Тинче сеуште е со главата нагоре. Во понеделник сум на доктор и мислам дека ќе закажеме термин за царски. :( И јас сакав природен, но што е тука е.. :)
    И еве по 4ти пат во бременоста јас сум настината. Аман веќе! :envy: Грлото ми е жар црвено. Правам чај од прегорен шеќер со мед па се надевам дека ќе помине брзо. :doh:
     
    На tincemajmunce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RozeSk

    RozeSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    26
    И моето е цуцка :) . Леле баш ќе биде интересно ако се најдеме во Чаир :D :D
     
  14. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.348
    Допаѓања:
    28.384
    Пол:
    Женски

    Ти посакувам се најдобро и со лесно да поминеш.А за грлото земи лимони,чаеви пиј,топли супи и се надевам дека ќе помине.поззз
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Мамички убави ние сме добри си го чекаме денот Д недела ни е последен термин,туку вчера приметив дека ми тече колострум се викаше мислам од градите како водичка и како белко светло налик на млекце нормално е тоа мислам читав на форумот кај некои тече кај некои не,утре сме пак на Цтг сега на 2 дена одиме дека скроз на крај сме ве поздравувам и очекувајте новости :*
     
  16. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Со лесно да поминеш мила. Те чекаме во Породилни приказни :hug: :*
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Јас денес бев на преглед во 17та недела, и Лазаревски ме префрли кај д-р Петровска во Систина. Сте имале искуство со неа?
     
  18. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    tince, јас го износив малиот карлично, а и на крај краева да не се сврти до пороѓајот, да не се грижиш немај мака, зборам од лично искуство, сепак секој со мислачките, и вака и така ќе тргаш болки та дали е нормално или карлично не праи многу разлика. А тоа шо ти бил мал стомакот ич не му ја мисли, моја братучеда ко беше бремена таа 8 месец а стомакот ко за 6ти, ама бебенцето се роди 3200гр. имај лесна бременост и се најдобро! :* :)
     
  19. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.622
    Пол:
    Женски
    Јас! :) исто и мене Лазаревски ме префрли кај др. Петровска.
    Значи немам зборови за докторката! На првиот преглед кога отидов бев малку скептична и со резерва, али сега не би ја сменила за никој друг. Докторката е закон! Односот спрема пациентите и е ем професионален ем пријателски, стручноста да не ја коментирам зошто е на врвно ниво...она е една од ретките со сертификат за правење скрининг. Во секој момент е достапна на телефон, секогаш се јавува ако ти треба да ја прашаш нешто, ако и пратиш порака одма одговара.
    Во понеделник се враќа од одмор, значи одвај ја чекам....за да можам на раат да се пораѓам, она додека беше на одмор ме префрли кај др. Дракулевски (од кој што јас не сум задоволна ама за него не би сега). И во понеделник мислам дека со трубачи ќе ја пречекам пред Систина :)
    Многу голема доверба ми влеа докторката и сакам царскиот да ми го прави некој кому му верувам.
    Значи, јас од се срце ти ја препорачувам др. Петровска :)
     
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Фала многу :* Јас и амнио ради годините ќе морам да правам... Денес докторот ми рече дека се е супер, освен една циста на главчето :( , ама ме тешеше дека тоа е чест наод и во скоро сите случаи само од себе се чисти. Молам Бога и кај мене да е така.