Па јади си зашто да не, викаат да не се јаде риба што содржи жива али па реално и еднаш да изедеш туна месечно не е страшно. Важно е да не претеруваме со храната што е повеќе штетна него корисна во бременоста Јас обожавам лосос и гледам еднаш неделно да си имам за ручек
Дозволено е, не си прави стресови толку, тие најчесто се бели риби во кои нема жива, а и риби со жива како туна можеш да јадеш еднаш или два пати месечно, здрава е рибата, нема зошто да ја отфрлаш во бременост
Фала што ми пишавте.Ги земав па ги вратив назад во фрижидер ама сега ќе си ги направам. Јадам риба,не дека целосно сум ја изоставила ама за ова похованава ич ме бев сигурна. Фала ви уште еднаш и бујрум
Мила јас си јадам,уште од почетокот на бременоста и плус докторот ми рече да си јадам се само умерено единствено жива риба, суши такви некои необични работи а останатато се што имам желба да си јадам
Девојки за испитување на бактерии преку урина, се прави уринокултура или обично испитување на урина?Сакам утре да одам во Авицена, па ме интерисира како оди постапката? Дали треба од дома во стерилен сад да се однесе првата утринска урина?
Може да се детектираат и во обична анализа на урина, ама за дефинитивно да се одреди дали и каква бактерија има се прави уринокултура, односно да се види на подлога кои колонии од бактерии ќе пораснат. Се прави заедно со антибиограм за да се испита на кој антибиотик бактеријата (доколку е детектирана) е осетлива/резистентна. Треба да се земе од среден млаз по претходна тоалета на гениталии, во стерилен сад (не мора да е прва утринска).
За испитување на бактерии во урина се прави уринокултура. Со обична анализа на урина се одредува само квантитативно, ориентационо дали има присуство на бактерии. Прво ќе си направиш тоалета (ќе се истушираш), потоа првиот млаз од урина ќе го пуштиш настрана, остатокот од првата урина во стерилен сад. Тој ќе им го однесеш за испитување.
Јас пукнав за јадење, вака за малиот немав желби за јадења. Сега само ми се пријавува нешто и секако нее здраво ама сега тоа е. Многу на солено ме тера а од благо само палачинки и скоро секој ден првам Сега чекам од 7ца за ручек да донесе мм и мислам се тресам Вчера го видовме бебе, почнало да мрда со рачиња и ноџиња, закажавме скрининг и приска Некако вчера се свести кога го видов како си мрда дека ќе имам уште едно дете Имав мало крварење фала му на бога со терапија и лежење се среди. Ама сама сум си крива кревав на работа, неможам така да гледам да стои. Имам грижа на совест што ги оставив така
Мила јас секогаш со обична урина си правам и уринокултура за да си бидам сигурна.Најдобро е првата утринска урина ама ако не можеш тогаш барем два часа да немаш мокрено.Се прави прво тоалета односно се тушираш и после првиот млаз го пушташ а средниот се собира во чашката и ќе си го однесеш во авицена.Гледај додека да однесеш да не помине повеќе од 1-2 часа и да не стои урината на топло
Здраво мајки, Кажете помош за подобрување хемоглобинот. Денес правев крвна слика, 111 ми е. Иначе сум 25+6 денес
@Autumn Love @IRBBB @Maya12 многу ви благодарам девојки на преубавото објаснување. Така ќе направам.Значи можам директно да си направам само уринокултура? Или и обична урина и уринокултура заедно?
Ти однеси си урина за уринокултура во стерилен сад а они доколку направиш и крвна слика ќе ти испитаат и обична урина. Многу е важно 4 часа да не мокриш или најубаво е првата мокрача од сабајле собери ја, стави ја на ладно и за најкасно 2 часа однеси ја во лабараторија
Правев димери резултатите ми излегоа 1180 што мислите? Матичната не ми спомна за никаква терапија а ги праев во 26+
Jas do sea samo obicna pravev. Mi rekoa ako ima neso sumnjivo na nea ke praime i urinokultura. Do sega nemalo