Мила онлине дома си вежбам, на инстаграм има профил yogawithmartinaaa 1200 денари месечно по два тренинзи неделно ама видеата можеш да си гледаш кога сакаш.Инаку лиценциран тренер е по јога за бремени.Само прво да си се консултираш со докторот што те води
Фала ти мила, ќе разгледам баш . Секако мене уште ми е рано за јога, мислам дека после 14та недела се препорачува доколку си почетник, ако не грешам . И дали ако си почетник ко мене мора од старт со инструктор во бременост или можеш и со youtube видеа сам?
Да мила од 14 недела,ти консултирај се со докторот прво.Според мене можеш и со видеа од ју туб,познавам многу девојки што си вежбаат со видеа.Секако вежбите не се напорни и повеќе се става акцент на дишењето и истегнувањето и зацврстувањето на карлицата.Јас сакав да си бидам на сигурно и плус до сега никогаш немав вежбано јога
Јас ги пијам овие апчиња,малку се поскапи ама се во форма на цитрат и полесно се апсорбираат во организмот.Нека не те буни тоа 1900 мг тоа е мерка за цитратот,се пијат две апчиња дневно и илзегува 300 мг магнезиум во организмот.Ми ги препорача Стефан,ембриологот од Плодност и со нив ниту ми се повраќа ниту ми се гади ане одеќам ниту грчеви
Ме интересира за жени што немаат осигурување во бременост дали се ослободени од трошкови? Како на пример за рогам инекцијата дали јас морам да ја купам ?
Добро де, не секој ден, ама еднаш во месецот смее туна да се јаде, не е страшно. Направете си и фиш фингерс, од еднаш не е ништо, битно да не е секој ден. Не се замарајте за хранава многу, јадете умерено, не како за двајца, пробајте си се што ви се јаде.
Нели се рефундираат 70% од рогамот? Иначе мислам дека не им е гајле на нашиве за тоа, не знам зошто ама така ми личи, немам искуство ама натаму ме води мисла.
Мила овие вежби одканалот, сите ги правеш? Би сакала и јас, ќе прашам др. Секако ќе одам за некој ден... Инаку и јас немам вежбано јога, а видеото ми изгледа интересно. Само дали ќе можам сите вежби, ќе видам..
Мила има фб група и секој понеделник и среда од 17 часот има ново видео ама немора во тој термин можеш друг термин да ги правиш бидејќи стојат цела недела.Јас денес имав прв тренинг и баш убаво се напоменува секоја вежба да се прави пополека и колку можеш толку и плус за некои вежби има варијанти ако се напорни.Мене денес многу добро ми дојде и баш сите ги направив вежби
Девојки ве читам за магнезиумот и незнам дали пијам добар јас го имам магнезан б од 250 на др.витон ама никоја не прочитав да пиете таков, пиела некоја ваков
Да мила изгледав 2 видеа, кажува како одговара, некои се прелесни вежнички. Ако ми дозволи др че правам, кога ќе ми одговара не. Мора да се преплатувам на сајтот, а гледам и др канали ми излегоа со вежби... Здравје само... Се за доброто за нас и бебенцата. Ти која недела си?
Девојки 18+4 сум.Од преска имам некои чудни болки во долниот дел од стомакот.Се напив магнезиум, ама нема никаква реакција.Многу ме плаши што би можело да биде? Дали е нормално вакви болки во оваа недела?
Така е мила,со господ напред за неколку месеци да се гушкаме со нашите шеќерчиња.Мене многу брзо некако ми лета времето
Мила нормално е матката си се растегнува како расте бебушот.И јас имав такви болки посебно на левата страна ама пишав баш погоре кога го сменив магнезиумот од прашок во апчиња односно почнав да пијам цитрат не осеќам скоро ништо. Не е страшно само ептен ако станат болките неподносливи отиди да те види доктор
Јас јадев туна, или сардина, барем еднаш месечно во постите. Ако се гледаме што е здраво ехее газирано не, леб не, благо не.... а некои само тоа може да стави во уста цела бременост. Јадете од се по малце и што ви одговара на вас.
Мислев јас и онака не ги јадам, не ради бременоста. Секако дека на крај краева секој треба да си јаде што му се јаде и што може организмот да му поднесе.