Кај мене околу 8 саати после тоа, а за саат ипол некаде бев 4цм отворена откако видов на бришење исцедокот со светла розова крв.
Сепак прашај си ја матичната на следен преглед. Пред две недели и јас имав некои тапи болки но во долниот дел од стомакот и нормално и јас испаничив, но на преглед се си беше супер. И нормално било поради ширење и на матката и на стомакот. Се ќе биди во ред.
Фала на советот мила. Јас купивам од тие на мерење мислев посвежи се пошто штом ќе ги отворат ќе ги потрошат. Но од сега ќе си купувам вакумирани Што да правам слабост ми е пршут
Ако се тие на мерење, но има производи кои се затворени вакумирани и отворени. Ако си приметила на вратовите и печениците.
Искуство од @mssuniquee мн задоволна од Санте кај доктор Елма мислам се викаше ., баш се фалеше од таму
Фала ти мила, секако ќе прашам.Од страв дали ќе биде се како што треба затоа и се паничам.Само се да биде добро кај сите
Јас имав денес прв пат во 38 недела, само за да се види дали царски рез или природно без други индикации. Ама непријатно, језиво, малку болно и најбитно многу кратко трае.
Мајки може искуство некоја што доела бремена? Доктор рече да не дојам се менувале хормоните, а пак жена што е експерт за доење тврди дека нема да има никаков проблем. Освен ако не забележам крварење и дека може да се смени некои денови млекото па бебе само да негодува. Меѓутоа, никакви проблеми за плодот или бебето што цица. Јас мислам да и верувам на неа....сепак дали има некоја со искуство? Да и се намалило млеко и слично?
Девојки смеам ли парацетамол? 19+6 сум, до сега немам пиено никакво апче, ама втор ден веќе ненормално ме боли глава, ми пулсира. Пробав се, многу вода, лимон, кафе, кока кола, чоколадо, овошје, масажи...ништо живо не помага. Само ќе намали и после некое време пак ќе се врати со ист интензитет.
Слободно да се напиеш, да не се измачуваш. Одма ќе ти се смири главата. Само мери и притисок за секој случај, знаеш дека тебе може и низок да ти е и од тоа да те боли.
Да смееш и тоа 2 таблети на ден најмногу... Така ми кажаа мене, јас пијам чат пат, не ме боли глава, туку вее 2 3 недели кивам, и ситни парченца крв, и понекогаш кога се чувствувам омалаксено пијам парацетамол и малку ми олеснува.. Не смееме друго да пиеме.
По потреба може на 6ч да се пие парацетамол кај трудници. Ако не дај Боже некоја има висока температура, сигурно нема само 2 парацетамоли да се напие. Безбеден е парацетамолот во бременост, само да не се злоупотребува.
Ајде и од мене еден апдејт..бев денес по точно 2 недели од последниот на уште еден преглед во 30та недела за да видам како се одвива ситуацијата со грлото. После 2 недели лежење колку што се можи нормално со 3 и пол годишно дете и дабростон 2 пати на ден, грлото од 27 мм сега ми го измерија 34. И нема фанелинг. Ми олесна ептен и сега можам помирна да си го чекам денот нормално ќе се штедам и натаму за секој случај. Бебето си се развива супер се е во ред, понапредно за 3 дена одговара на 30+6. Летна времето