Женски, сабајле накај 4ч ме разбуди некоја тапа болка напред во стомак, и позади во кичма, се напив магнрзиум и останав будна некое време, се смири, сега накај 11 ипол, пак истото некако чудно, не е многу болно, така по малце само, ме фати страв да не се пораѓам И пишав на матичната, и сега додека чекам да врати што да правам, да си прашам и тука. Иначе 34 недела сум, од денес полна.
Мене многу ми помага исцеден лимон и внатре пола лажичка сол. Ќе се напиев ќе легнев да одморам и ми помагаше. Инаку ако многу боли немаш штета и парацетамол да се напиеш
Бебушка денес многу немирна. Прв пат осетив онака појаки удари. Ме фати страв. Вчера паднав, у сред ходник, онака баш треснав на задник. Не удрив стомак, само кичма и ногата ми е извртена. Ништо не може да му биде нели?
Во нормални услови, парацетамол може и на 4ч да се зема ако има потреба. И јас мислам дека се лажни контракции. Си се спрема телото. Не паничи, ќе видиш, сѐ ќе биде во ред. Ништо нема да му биде. Гледаш како си мртка? Штом е активно бебе, ич да не се грижиш. Мислам дека не постои начин да се повреди, сепак тоа е заштитено со амнионска течност и обвивка заради амортизација. Еве и сега при крај на второ тромесечие, јас понекогаш се будам на стомак. Ни перница за трудници, ни ништо, пак се извртувам во сонот за на стомак да си спијам. Па ништо не му е на бебе, не ми е згмечено.
Здраво девојки вие што сте со генетски мутации освен метил фолна други витамини дали пијате инаку сум 6+ со ин витро
не пијам посебно метил фолат туку имприл внатре има и други витамини дополнително Ц од 1000 магнезиум 400 и Д3 1000 примам клексани па затоа и Идео тоа е калциум
Знам дека не може ама ете страв пусти. Инаку ако некој знае да ми каже, немам трпение до преглед. Ок се нели?
За еден саат сум на контрола, 39+5 недела Од 5 сабајлево имам некои болки што не сум ги имала овие 9 месеци, почести стануваат и бебево ич не е мирно, нагоре иде, лево - десно се движи нонстоп. Ми се стега стомакот при движење. Што и да јадам после ми е тешко, ми ствара киселини Пуштете ми среќа да ме задржат
Имам читано дека не е проблем само колку на тебе ќе ти биде пријатно ради болни брадавици на почетокот. Консултирај се и со друг гинеколог. Види некој амерички страни за доење таму има многу искуства во тандем доење. Ајде нека биде со лесно и брзу само Треба да се подготвителни контракции или лажни контракции.Ако се зголемуваат со време, стануваат појаки и во точни временски интервали претрчи до доктор. Инаку олабави се диши како да се вистински галкај-масирај меше и би требало да те пуштат.Сите ги имаме веќе во трет семестар, така матката го месте бобето во положба за раѓање
Денес бев на оделение за истово Вчера при клекнување некое чудно чувство во вагината имав како да ми е поотворена некако и си викам ајде демек така треба, и јас полна 34... кога ноќва се разбудив со менструални болки едвај презаспав, сабајлево сѐ нормално. Ама знаете кога ќе почне мислата да шета? И се јавив на докторката и ме викна одма на преглед, вика нема ништо супер си е грлото, веројатно се лажни контракции ама одмарај и утрогестан ми препиша
Ние сме со ист термин, памтам. Туку, и јас такви имам менструални слаби, од време на време, не се заилуваат, ама ме заплашуваат уште од сабајле, бебево си мрда, се врти, се тегне, како да не престана. Иначе, стави утрогестан? Ти се смири така болката?
Уште немам ставено утрогестан, ама и немам никаква болка денес. Може и треба да им се навикнеме на лажниве контракции и да не се паничиме
@thelittle17 @...Arthemisia... Лажни контракции ви се и јас гимима уште од 32недела еве сега 39 така да не се паничете се подготвува телото