Не, немав јас такви болки, дирекно родилните ги добив. Ама тие се баш како посилни менструални, со стегање на стомак и како нагон за во вц и во правилни интервали. Ама што читам тука и блиски што познавам, многу ги имаат тие брекстон, уште од 8 месец.
На моменти ме заболува, ама слабо, не се така чести на неколку минути, и ако лежам е добро, ако одам ме фаќаат. Абе многу се непријатни некако, ќе земам утрогестан ќе ставам, ме нервираат, до после ако не се подсмират може и јас до дежурен да отидам. Такви менстеуални по цел ден? Или како те држеа? Мене на неколку саати ме фаќаат, ама со ист интензитет се, слаби, ќе ме држат така некое време, и ме пуштаат, после некој саат пак, пиев магнезиум, и бебето некако ептен почна да се тегне го осеќам.
И јас попладнево со некои стегања во стомак, во предел на папок. Се стврднува на 3,4 секунди па пушта ама нема болка никаква. Изгледа се тие брекстон хикс контракции. Баш ми се некако језиви, инаку 31+1
Цтг свиреше цело време, сестрата ме местеше во различни позиции и ме прашуваше дали воопшто ја имам осетено денес Баш напротив, најактивна беше цел ден, ко за беља мирна буба на цтг. Се извадив од памет, почна да го мрда стомакот и почна и бебе да мрда. Си заспала најверојатно, си одмарала На контрола докторката вика се е во ред, плодова вода има доволно ( нели немаше доволно во понеделникот ) И дека сум 39+5 за два дена точно на термин пак да дојдам. Во случај ако не се породам до тогаш, најкасно до 02.02 би ме чекале. Се прашувам зошто ако помине термин ги плаши толку, со редовни контроли ништо не може да биде. И по 7-8 дена надносени бебиња се раѓаат здрави и живи.
Со лесно да ви е мајки.. .синоќа сум сонувала дека сум отишла царски( а ич не го сакам тоа) а само 27 недела сум.
Девојки знам дека прашањево не е за оваа тема ама оваа е најпосетена па ве молам ако има некој во слична ситуација да бил да ми одговори, резултатове од прискава не се баш сјајни fb- hcg e 3.35 PAP-A e o.66 да напоменам параметрите од скринингот беа супер , правев нифти денес ама додека стигнат резултативе ако не полудам добро ќе биде
Што ти е напишано, каков ризик... Не паничи.. Што вели др. За резултатите... Мисли позитивно. Ќе биде добро
Па да како менструални со затегање во стомакот ме држеа едно два три сати во денот и со магнезиум ми понинуваа
кај овие вредности пишува 1 : 121 а долу ко демек низок ризик, докторот рече па не се баш добри резултатите ма да рече незнам ја не им баш верувам зошто ехо беше супер ама за сваки сличај пренатален обавезно
Tie se,braxton hicks ne treba da bolat samo stvrdnuvanje e. Jas od pred nekolku nedeli gi osekam ovie,inace 29 sum
Мила не паничи, мене ми рекоа ниту еден пренателен тест, ниту приската се 100 проценти точни. Значи штом пишува низик ризик, е во ред. И мене ми пишеше низок ризик. Не паничи, тоа се само статистики. 3 доктори прашав и ми рекоа е во ред.Штом ехото е во ред, нема никакви индикации на ехото, се е во ред. Правев 2 еха и се беше ок.
Оф стварно се надевам дека е така, денес ми се скрати животот мислам , после толку чекање и разочарувања мислев дека веќе е све океј ама ете не било така, ти благодарам мила за подршката
Па јас веќе бев на скрининг и кај матичнава и на приватно кај што си одам мислењава и од двете места беше ехото е супер само резултатите од приската лоши
И кај мене е така, покачена бета, а добро ехо, па не направив ништо само здраво се изнервирав, не правев пренатален, отидов во 17 недела на 3то мислење, ми рекоа дека е ок бебето и дека приската нема никакво значение, дека е преголем ризик да правам амниоцентеза бидејки лошо е поставена постелката. Јас кренав раце, бебе е ок, мисли позитивно, ке биде све ок
Миличка не паничи смирисе ... ако двајца доктори ти кажале дека ехото е во ред значи се е во ред тоа е статистички гледам многу пишуваат дека имаат повисоко хцг .... се ќе биде во ред и нифти ќе биде супер
Тебе ти рекле дека пренаталните не се точни ама нее така. Амниоцитеза и пренатален тест е најточно испитување на хромозомите на плодот. Не се нервирај, смири се и така си правела нифти за скоро ќе дознаеш дека сее ок.
Исто и мене така ми кажаа како тебе , ако не бидам до термин , 1ви на породување да одам , ја и ти ден разлика сме , а гледам мн ги остават и по термин до недела дена . Ја имам болки и во половина и напред затегања и отворена еден прст , ама уште не се оние правите , ќе видиме деновиве ајде што ќе биде иаме уште до термин , може ќе почне процесот и кај двете сам