фала ти милаа на убавите зборови, и јас читав за висока бета ама нигде не прочитав повисока од мојата тоа ме мачи ајде дај боже да бидете во право сите
Чекај го резултатот од нифти, нема друго. Не знам што друго би ти кажала, има трудници со лоши резултати на приска, а здраво бебе, има трудници со супер приска ама после се видело дека нешто не е во ред. Затоа јас не ја сакам приската, кога веќе имаш пари за пренатален, прави дирек пренатален без приска.
Не се секирај, бар колку што можеш... ако си правела нифти, ќе го имаш за недела дена... Мене ме исконтактираа 6тиот ден утрото, баш рекоа не е периодов толку фреквентно...
@monik55 Мила мене така ми рекоа, најточен е скринингот, ехото, а се другото е статистика. Секој има свое мислење... Дај Боже се да е добро до крај... Господ нека не чува сите.
за секирање џабе кој што и да рече тоа е ,разумот вика немој ќе биде се окееј ама срце мајкино ќе пукне,ќе биде долга недела ова ама ај да биде све океј
Женски, денес бев на прв скрининг кај Петрова, се е во ред по мерки со бебушка, ама на протокотот на утерината артерија се детектира notching. Ми рече се јавувало кај трудници со низок притисок (јас сум со многу низок), ама и да испитам хемостаза со д-димери за секој случај. На нет наоѓам за после 20та недела, во прв триместар нигде не е опишано. Некој со слично искуство или познавање?
@Prolett во право си дека не се 100%точни, кај сите пренатални си е наведено 99 или 98% не запамтив точно за даун процент Она што мене Димчев ми кажа кога бев на прв скрининг во систина беше "прво идеш на скрининг кај мене па ако видам нешто сомнително правиме амнио" Но јас прво направив тест па бев на скрининг Ако е океј скринингот сигурно и рез ќе се добри
Јас. Кај мене беше намален протокот на крв во матка, резултати од д-димери и хемостаза беа во ред, ама матичниот ми даде аспирин од 100 да пијам секоја вечер. Исто и мене ми рече дека е од низок притисок
Секако мила, кој како сака, така си прави. Јас само си дадов мислење, важно е да биде се добро. Јас правев прво скрининг во Систина, па во ГАК. И потоа ми зедоа крв за Приска. Фала му на Бога се е ок. Обично др се тие што даваат мислење... Се ќе биде добро мила...
Мамички здраво . Пред 3 недели на 20 недела прокрварив малку , ден -два имав црвена боја и се до денес си имам по малку кафеав исцедок. Ми утврдија хематом доле измеѓу постелката и матката, кој за жал и вчера кога бев на контрола (инаку 23 недела сум ) уште не се има повлечено -си стагнира . Докторот ми кажа дека сум малку отворена што било нормално при дренажа на хематомот , должина на грлото на матката ми е 3,9 . Терапија прогесторон депо инекција еднаш неделно и , utregostan навечер вагинално , витамини , магнезиум 2 пати на ден и секако мирување . Извинете за долгиот пост , ве молам ако некоја имала слична дијагноза да ми сподели искуство . Фала ви ❤️
Нормални се тие контракции при доживување оргазам и после него. Ако имаш нормална бременост ич да не се плашиш Дури имам читано дека бебињата уживале/се успивале од тие благи контракции, им доаѓало како лулање
Уживај си во бременоста и со малечкото што е до тебе. Не грижи се се ќе биде добро. Тандем доење псотои и еве штом и стручњак за доење ти вели дека е ок не грижи се. А гинеколозите сите различно мислење даваат. https://www.pregnancybirthbaby.org....,Breastfeeding does trigger mild contractions. Еве овде мможеш да прочиташ
Многу гинеколози даваат лоши совети само за да се оградат. Некои велат да не вежбаат жени кои дојат. Поголема глупост може ли да има? Наводно жлездите ги исфрлале токсините во млеко. Тука на темата читам дека ви даваат прогестерон а имате нормална бременост. Ако е нормална бременоста, значи без крварење, претходни спонтани итн, зошто терапија за поддршка? Многу пропусти има во нашето здравство. Или педијатри кои веднаш даваат ад, ако бебето качува по 20 гр на ден. Наместо да помогнат да дои мајката, која јасно кажува дека сака, тие даваат ад за да им е полесно.
Мене ми рече дoктoркава да престанам дoкoлку дojам jа секакo бев вo фаза на oдбивање ама мoетo имаше гoдина.