И јас имам еден лакун околу 1,5 см. И мене ми е страв дали треба да се лежи или може најнормално да си функционираме. И јас сум од почеток на клексани и стварно не ми е јасно од што настануваат. Неделава сум на скрининг па ќе ја прашам докторката подетално
Женски, ми се покачи притисокот од болка во главата силна, 130/135 со 70/80, и дека сум на крај сега ми дадоа терапија Метилдопа 3х1, заедно со Б6 и магнезиум кои веќе си ги пијам, и сега ми е добар притисокот, кој знае дали би сакале природно да ме пораѓаат со страв и притисок, како ќе биде ќе видиме..
Кај мене воопшто ги немаше, а денес се појавија.Не знам колку се, ама знам дека ги има.И докторката ми рече дека се појавувале кај многу жени па родиле здрави и големи бебињаСе мислам да не треба да се зголеми терапија или да се прави нешто друго.Јас сум следниот понеделник на втор скрининг па ќе прашам.Пиши и ти што ќе ти кажат.
Мене докторот во 17+6 ми виде две лакуни, рече кога ќе одам на втор скрининг сега на 10ти да провериме обавезно Д димери. Кога има лакуни рече може да има покачени димери, ама и немора да значи. Во однос на храна и физичка активност не ми кажа ништо поразлично да правам. Ќе видиме сега како ќе бидат следна недела.
Денес бев на преглед на гак ми отворија историја ,утре прием у болница намалена плодова вода и мало било бебето 2600 , ии сеа уште повеќе ме фати страв што ке се десава , дали природно ги пораѓаат или царски ? Искуство некој со слично искуство
Те читав за главоболката истите денови и јас имав нешто како мигрена 2 дена и притисокот отиде нагоре... И јас пијам медилдопа а ги поднесувам ужасно, ама се тешам ајде на крај сме Пред 3 недели прв пат ми се качи и не ми рекоа не може природно туку ако не ги поднесувам апчињата евентуално може само индуциран пораѓај.
Зошто не ги поднесуваш? Не ти се спушта од нив? Јас денес ги почнав, и ми варира притисокот, дали дека не ми е навикнато телото на никаква терапија, особено па ваква за притисок, не знам... пак знае да ме заболи главата, ама можеби треба време за да се навикне организмот на терапијата? Уште некој ден 35та, за 10 дена влегувам во 9ти, до тогаш да е се во ред па после може и да се роди, така викам јас. Ама главоболки не се трпст веќе, неподносливи беа, се и сфашта пробав, нема нешто на природна база што не го пробав. До колку ти се качува притисокот?
Само што ми се јавија од болница брисевите се чисти немало потреба од никаква тераапија. Кога ми ги земаа брисевите докторката ми рече да си земам Canesten 500. Докторот не ми крева и незнам дали да ја примам или не сепак се е чисто на упатството пишуваше дека само во прв триместар е исптано за понатаму не и си викам да не ја примам. Совет?
Јас мислам чим ти се чисти брисевите да не ја земаш терапијата. Веројатно ти е дадена превентивно, дур да стасаат резултатите. Консултирај се сепак со докторот па донеси одлука. Исцедокот престана ли?
Да не ја земаш јас мислам. Канестенот е антимикотик, за кандида се дава обично, ама чим ти се чисти брисевите нема потреба. Кандидата ја има и во нормалната флора и можиш да ја уништиш ако беспотребно земаш и да направиш дисбаланс. Ама сепак, види докторот што ќе ти кажи.
Жени дали ве фаќаат напливи на жештина? Последниве денови не можам да се поднесам. Моментално ми дожежува, имам нагони за повраќање, силна главоболка, не можам да се соземам. Либе дома седи со долги ракави, јас по боди, без чорапи и пак ми е прежешко. Притисок највисоко измерен од кога ми е вака е 115/70. Инаку 100/60 ми е редовно.
И јас реков да не ја земам ама ај да се консултирам со вас и секако со доктор. Имам исцедок сеуште еве изгледа е нормално после се чисто...Фала ти миличка Фала ти мила така и ќе направам секако и со доктор ќе се консултирам
@minne992 @Naatashka123 чаре има? Мислам дека маж ми или ќе ме иссели или тој ќе се иссели ако продолжам балконска врата од отворам.
Здраво мамички, пишав и во друга група, ама оваа е поактивна па еве да споделам: Јас пред 1 недела имав кафеав исцедок, мнооогу малку и никакви болки, па пред некој ден на лекар ми рече дека сум имала хематомче, околу 8мм. Ми даде дабростон од 10мг, 2 пати на ден и строго мирување. Бебе е супер, тек почнува да се формира срценцето, го видов на ултразвук кај што пулсира, инаку 6г.н. Е сега прашања кои ме мачат - вие што мирувате, стално ли сте во кревет? Мислам еве наутро мм е на работа, јас сум сама дома, станувам до вц и на враќање си варам кафенце кое го пијам во кревет. Исто така јадам во кревет. Мислам не е некој напор варењето кафе... Исто така имаме миленици на кои им ставам храна... Бидејќи ве читам кревет-вц, се мислам, не е напор да си свариш кафенце или мусли да си направам за појадок, или да си го исплакнам филџанот... Инаку во кревет сум цело време, те на грб, те странично... Некогаш лежам, некогаш подигната малку... Како ви поминува вам мирувањето?
Чаре и јас барам, али мислам нема И јас климава само ја намалувам и мм ми вика него ладно му било и мене ќе ме иссели
Нормално е како се доближуваш до трет триместар.Мене ми е особено жешко кога ќе си легнам или кога ќе заспијам.Спијам на спавача на куси ракави и летно -тенко ќебе.Во спалната ми 19 степени и плус прозорот во дневна цела вечер отворен.Парно едвај пуштам на -6 ради малата, два -три саати А комшијата над нас само го пцувам оти парно пушта Кога бев со првото оти летна трудница ,мислев од летото ми е жешко.Ова жешко ме држеше 2 години по пораѓајот инаку сум зимурлива. Чаре нема среќа што е зимо па ќе се ладиш на балкон сама