Eве и јас да се пријавам правев Цтг денес не покажува болки после правев муабет со Др.што ќе ме пораѓа вика болки имаш нешто како си,му кажав дека вчера имав појаки болки во кичмата вика така почнува процесот на породување,ми кажа да се движам што повеќе можам ако не ме фатат болки до понеделник вторник пак да одам па да видиме што ќе правиме со Господ напред со лесно само да ни е на сите ве поздравувам Честитки и до Spange Bob за бременоста со убаво и лесно да си ја поминеш уживај најубавите денови се тие 9 месеци
женски еве ме и мене,после мала пауза...добри сме со бебуш,денеска влегуваме во 8ми месец па треба да одам во понеделник на преглед..инаку нашиот авионски лет помина прекрасно,па и рим два дена си го шетнавме . бебето нека ти е со лесно и чувај од кифлите
Честитки за SpangeBob, со лесно да си ја поминеш бременоста. Ајде Тигарче, бебето93 (и другите пред мене) побрзајте, не ми се чека
Најпрво нека ти е со лесно ...ајде и јас да си го кажам моето искуство 6 недели бев кога го направив првото ехо,неможеше да види дали има бременост па мораше вагинално да ме прегледа,умрев од срам кога се соблеков ама кога ми пече ајде нека е со лесно ќе имате бебче на се заборавив преубаво чуство...а тоа што те пецка ништо страшно не е уживкај си во бременоста
Ти благодарам многу душо! Мене не ми е срам туку имав спонтан баш после таков преглед. Сите генеколози ми велеа дека нема шанси да е од прегледот, ама јас... страв... Ќе почекам штом е така барем уште една недела и после на преглед трчам!!! Возбудена сум!
Нема потреба од вагинално ехо, ако случајно е рано и не може да го види со абдоминално подобро отиди за недела две пак, отколку да те гледа со вагинална сонда. На моја пријателка и се случи во рана бременост од вагинална сонда, и од сестри приучени во државна болница да го изгуби бебето. Со лесно нека ти е бременоста
Sponge bob ајде цестито и со лесно. И ја имав спонтан и сега сум бремена во 7ма недела вагинално ме гледаа и се е добро. Опустено со добра мисла и повеке витамини.зосто си имала спонтан одма на лекар да не треба несто да пиес како добрастон или утрогестан и мене ми рекоа секс никако. Со лесно и узивкај си
Ти благодарам душо. Секако ќе одам на лекар, ама си велам да почекам барем уште една недела. Ептен сум тазе. Само што направив тест! Значи 2 недели си пред мене! И ти имај лесна бременост. Дај боже да биде се во ред и кај мене и кај сите!!!
бев денеска на цтг и вагинално ехо, на првото цтг детево мое бајаги успано беше, второ цтг така, јас незнам зошто така, потребните движења си ги прави во текот на денот ама за разлика од порано, малку активно е, мрзеливо каако мене по некое време, исто денес го повторивме цтг и за нијанса подобро беше, вагинално кога ме види рече исто е како вчера, само еден прст си, кај прворотки и неколку денови одело отворањето до 5 прста, а потоа само часови биле во прашање..... па сеа, јас си се надевам моево нема да чека денови...
Здраво на сите идни мајки Сакам да прашам за совет не знам дали го има некој истиот проблем, ако да се надевам ке ми помогне Јас сум во седмиот месец од бременоста и приметив дека околу очите ми се појавуваат флеќи.. дали знае некој со што да се мачкам за да ги снема страв ми е да не ми останат и да не се намножат. Фалаа
Simona да ти кажам и јас ја мислев пред 2 3 дена ама ајде викам да не одмара нешто,ама бајаги ми ја нема чудно за неа може на одмор е некаде ама ја чекаме да се пријави да не ја мислиме
Lori имаше крварење се надевам сега добро е.Можеби си одмара и нема достапност до ком.И пракјам позитивни вибрации и дај боже добро да се со бебето
Да си се пожалам малце... Имам чувство како да нема место за бебето веќе... цел стомак ми е исполнет и надуен, мислам ќе ми пукне. Едвај чекам да се породам...а и неможам да издржам, сакам да си го видам бебушот! Ми се чини дека цела вечност трае бременоста. И киселиниве ме убиваат, мислам нешто ми гори во градниот кош...