Не се секирај после 14та треба да се врати ,и јас до кај 14та ништо не можев само овошје јадев да има за бебето нешто,и до последната контрола си е за 1 недела поголемко.Сега почнав да јадам ама пак не нешто опасно,а и одма тешко ми доаѓа на желудникот.
И јас го чувствувам нежно, посебно кога лежам.. Баш како да ме скокотка... Срцка мала.. 21 +2 сум, супер си е, денес бев на преглед и ми рекоа супер си е... Дај боже се да е добро до крај
Повелете другарки од Струмица и околината,моја топла препорака за скрининг https://www.facebook.com/103372011181507/posts/264437238408316/
Верувам и јас малку да осетам нешто се топам,одма и правам муабет ,а дали е тоа тоа не знам ...секако веќе не слушаат
Во истата клиника?Мислам дека регулар е 4000 .Препораката ми беше за докторот пред се,а потоа и за промоцијата
Плодот си напредува, воопшто да не се секираш.И јас немав апетит до кај 12-13 недела, но сега како ми се вратиИако има денови кога немам и денови кога имам многу апетит.Ќе ти се врати уште пред да забележиш
Иста бев неможев залак во уста да ставам. Море и од овошје ми се лошеше и од вода. Кај и да е ќе се намали ич да не се секираш плодот си напредува како што треба а за апетит ќе ти се врати и тоа како... Од утре 28 недела сум во ден мислам дека 10 пати јадам сега јадам и за тоа што не јадев хахах
Да да, кај Маџунков. Супер си е он, професионален, прв скрининг платив 3000 јас, а никој не спомна никаква промоција. Како и да е, покачени му се цените за разлика од лани, другарки мои многу поефтино плаќаа скрининзи таму, по 1500-2000.
Јас бев минатата недела во Систина, а денес на гак... Фала богу се е добро.... Систина кај др Димчев, а гак др Блажевска...
Што да кажам сами одлучуваме дали одиме државно,дали приватно,дали приска дали пренатален,исто и за пораѓај ...во секој случај гледаме да одбереме на кого можеме да му веруваме
Метилдопа и диазепам... ама договорениот царски го поместија 2 дена понапред поради притисокот. Вчера ме породија, дури денес почна да се средува... па од него и крварење многу имав и тоа го средија... Се се средува само на време.
Мамички како сме? Да Ве прашам дали Ви се случило рацете да Ви трпнат? Скоро извесно време така ми се случува... Пијам магнезиум 375 мг во ќесичка... Да Ве прашам тие што имате алергија, каков спреј Ви даваат за алергија што е за бремени? Користев флексоназе, ми и ааа спомнато дека друг даваат за време на бременост... Не знам како се викаше... На т буквата почнуваше мислам... Треба да прашам... Ми кажааа тоа што кивам може да биде и алергија, а јас имам на прашина, полен, еве сега тие денови што е топло... Кивам мн често...правев крвна слика, се е ок...
Јас цела бременост мака мачам со алергија и не примам ништо. Имам хроничен алергиски ринитис, алергична сум на домашна прашина, грини, полен... Никаков спреј не се препорачува освен морска вода, што мене воопшто не ми помага. Сигурно мислиш на Тафен или како и да се викаше, имав прочитано дека некои членки го користеле, ама не мислам дека е ок. Матичниот ми имаше кажано ако ти е тешко можеш да се напиваш апче или да ставаш спреј антихистаминик, ама после се што прочитав во упатствата на ваквите лекови, решив да не земам ништо и да издржам. Кога отидов кај друг доктор на скрининг, рече многу правилно си постапила што не си земала ништо, овие лекови не се препорачуваат во бременост, особено не во прв триместар кога е органогенезата. Јас ете до сега си трпам, нон стоп сум затната и кивам, мислам и од тоа делумно ме заболува глава. Кога ќе излезе поленот ќе бидам и во поодминати месеци, како ќе се трпи не знам. Ќе видам тогаш дали ќе ми дадат нешто да користам.