Затоа и јас прашувам, не сум зимала ништо сега, пијам чат пат парацетамол.. Ме омалаксува... А и пред да останам бремена прашував и ми рекоа дека во почетокот на бременоста не, ама за подоцна може... Ама не знам дали смееме да пиеме чај од коприва... Едни време пиев по кило на ден и имав поминато добро, ми беше намалена... Мене ми е страв бидејќи имам поминато и бронхијална астма.. Ако не беа лековите, спрејот за уста, за нос, после некое време пиев боров мед, ми размина... Чаеви од ѓумбир, анасон, ама сега не смеам.. Дај боже се да е ок, кивањето ме омалаксува, очите ме чешаат, носот... Солзат очите.. Ама тааа е и јас не сакам да користам лекови ама што да се прави... Ќе трпам колку можам.. Гушки
Не е дозволен колку што знам чај од Коприва мама. Јас пред да забременам почнав да пијам гел од Алое Вера и ги намалив малце апчињата. Ама го прекинав кога забременив зошто прочитав дека го зголемувал имунитетот и можело да дојде до препознавање на плодот како страно тело и исфрлање. Инаку и јас имам прележано бронхијална астма како дете, без Вентолин, Фликсоназе и апчиња за алергија не можев да функционирам кога бев мала. После во пубертет малку се намали, ама накај 18-19 пак си се врати дури и уште поинтензивно. Пробував и имунизација да правам, ама и од тоа не видов фајде. Ќе си трпиме нема друго, некако жал ми е за бебенцето да земам било што кога читам во упатството 'Не се препорачува во бременост'. Ќе издржиме ајде, силни сме, мајки сме.
Да мила, ептен сме загазиле, ама мора да поминеме. Господ да не чува, до крај да поминеме лесно. Се за нашите малечки. Мене ме плаши со кивањето, напон е да не му наштети е на бебето, ама фала богу ок е.. И јас примав иста терапија, дури и инекции... Од 13 14 год ја имам, колку лекови имам испиено, прскано спреј за нос, итн... Ама тааа е.. На моменти се намали после пак... Ајде, силни мора да бидеме, сепак ќе видам, може ќе земам да имам дома на дофат, ептен во некои екстремни ситуации, мај месец... Јас и на одредена храна имам алергија, ама поретко јадам. А и по телото имав алергија...И на очите имав алергија.. Господ нека не чува. Ќе издржиме се!
Јас ги користев 6 дена.. Иако ми беа чисти брисевите, матичната ми ги даде дек имав бело прање после тоа се снамали скоро и да немам сега.
Не би требало кивањето да прави проблем. Може па ќе ни помогне кога ќе дојде време за пораѓање. Киваш посилно и гледаш бебето излегло хахаха.
Може има разлика од прв и втор,стварно незнам.За една година толку да скокнале цените ?Не сум во тек...си качуваат сегде без да не известат ,затоа пред закажување прво за цена ќе си прашуваме.Ајде за убаво да е
За рацете и јас приметив периодот дека ми трпнат посебно ако заборавев да се напијам магнезиум вечерта.Баш ми беше чудно зошто толку често ми се случува тоа, а прертходно воопшто не ми се случувало.
Малце недоразбирање има за чајов,имам читано многу бидејќи ми е омилен.Не е дозволен чај од корен од коприва бидејќи предизвикува контракции на матка,ама чај од листот од коприва е безбеден за пиење,дури и се препорачува кога се пробува да се забремени,делува убаво на репродуктивни органи.Овие тука по маркети чаеви од коприва се 100% од листот,пишува и на нив,така да на кој му се пие,слободно.
И мене последно време, а еве денес и на левата рака над палецот во тој правец, а не знам дали смеам две ќесички од 375 г магнезиум да пијам, во прашок, со витамин ц се.
Мислам дека смееш, нели до 1000 мг е дозволено во бременост, само распореди ги на два пати во текот на денот, наутро и вечер пример.
Од уре ќе почнам така, јас ги пијам навечер... Имам чат пат и грчеви на нозете.. Здравје само.. Фала мила
Во тој случај може треба да пробаме да го пиеме со @Prolett . Наводно намалувал симптоми на алергија. Фала ти за информацијава.
Да да, толку плаќале они. Јас прашав пред да одам на прв и ми кажаа 3000 ден, не спомнаа промоција, мислев тоа е редовна цена. Инаку цените на прв и втор скрининг мислам дека се исти по приватните клиники. Како и да е, за добро се дадени парите, иако малце претеруваат.
Mamicki da ve prasam terminot za raganje od maticniot I od bolnicata ne se isti od bolnicata dve nedeli bebeto kazuva pomalo Dr rece deka aparatot e nov I taka kazuva ama pak se isplasiv mislenje