Живо и здраво да е мама, уживајте сега До две недели отстапки се во ред, можеби се работи за покасно зачнување. Нема потреба.
Да мила, ова за чајот еден др го има кажувано на тв, мајка ми го слушала, многу одамна... Ама треба редовно да се пие 40 дена по литро на ден.Плус е убав за крвта, имунитетот.. Јас го пиев пролетта и навистина имаше ефект.. Се намали, ама после некое време е баталив. Да го пиев поредовно, да кажам секоја пролет ќе беше добро, ама тоа е..
А каква е таа мајчина книшка? И мајка ми ми спомна дека треба да имам, ама докторите ништо ми немаат кажано за ова.
Се купува во аптека и ја носиш кај матичната. Го запишува секој преглед твојата тежина ти мери притисок и бебето како расте
И јас не сум баш слабичка, си имам и салце на мешето и плус постелката ми е на преден зид па оваа недела почнав ептен убаво да ја осеќам како мрдка. Денес сум 20+6. Дури мислам дека ја осеќам со главчето кога мрда пошо осеќам како со топче некој од внатре да ме масирка. Се топам секој пат
И јас немам мајчина книшка. Мојава др матичен ми нема ниту спомнето.Не знам дали да барам... Каде бараат?Досега никој ми нема побарано...
Твојот бетер од мојов бил Јас барем со тоа ефтино поминав, 100 денари. Требаше да запишувам колку го имам почастено низ цела бременост, а не требало да наплаќа. Сигурно се над 200 евра.
Мене матичниата воопшто не ми спомнала за таква книшка а ни па ми мерела притисок или па тежина Минатиот пат ме праша колку сум се поправила и ми даваше совети што да јадам за да не се поправам многу до крај. Секаде е различно изгледа
Значи стварно нема ништо како што треба... Кој како му текне така.. Мене не ми наплаќа за прегледите сега... А претходно ми наплаќаше, пред да останам бремена. Мојава никогаш не ми мерела притисок, а за мерење се мерам, за килажа..
Јас кога бев Мк ми мереше матичната притисок килажа.Мајчина таа даваше мислам 250-300.Преглрдите ми ги наплаќаше по 400 денари. Не ми е јасно ако ја пишуваш матична зошто да наплаќа ? Исто како да појдиш кај матичен доктор да те прегледа и на излез 400 денари мислам.....
Абе како просјаци се значи. Хахах па уште и вика само сега 450 денари за мајчината книшка и после тоа нема да имаш ништо за плаќање, бремените сте ослободени. За мерење ме мерат и тежина и притисок, пишуваат во неа, ама 400+ од регуларна цена ало бре!
Мене по 300 ми земат за преглед. Притисок и килажа еднаш ми измери сестрата, ваљда и натака ќе ми измери уште еднаш двапати.
И мене мајчината книшка толку ми ја наплати, и секој преглед ми мери притисок, килажа, ехо.. и тоа 500ден а матична демек ..
Бев за брисеви, 12+, матичната ме исплаши, сум имала многу секрет, жолтеникав. И викам да не е од кринонот дека го користев секој ден 2 месеци. Ми вика незнам, ако е од кринон, бел ќе е секретот. Е ај сега издржи до резултати ( немам чешање, печење) И уште нешто, на колку недели одите на ехо? После првиот скрининг мене докторот ми рече следно видување за 8-10 недели...нели е тоа многу?