Јас платив мајчина книшка 150ден, прегледите, крвна слика, ехо не ми наплаќа, за брисевите си платив за епрувети по 20ден од брис, сликичка ако сакам 150 денари.. Цтг наплаќа по 300 денари мислам, само 2 пати бев во првата бременост, а сега ми е уште рано..
Мене минатиот пат ми отвори сестрата мајчина книшка и не ми ја наплати. Ама затоа секое гледање на ехо 500 денари ми го наплаќа. А иначе и минатиот пат, значи во 19та недела прв пат ми измери килажа. Притисок ми нема мерено. Сите различно прават значи ццц
Мојата извршителка овај матична 100 денари матичната книшка ми ја наплати, на секои 3/4 недели ми мери притисок и тежина.сестрата, вчера ми викаше многу дека сум поправена, на вода да сум била претежно, без храна се можело. Од старт ми го наплаќа секој преглед. Не само мене, на сите трудници знам од нашиот град. Прехлед ехо или вагинално е 300, и 100 денари е мерење цервикс, значи секој преглед испод 400 не сум, и брисеви 250 си наплаќа што ми зема само, јас ама си ги носам во лабораторија, скрининзи два исто по 500 и 1.400 ден. и пап ми наплаќаше пред да останам бремена секогаш со години уназад, а за ништо фискална никогаш не дава.
Абе они си дуваат цени, ама и ние сме си криви. Си ќутиме, глава доле и си плаќаме. Мене освен мајчина книшка ми нема наплатено друго, два пати бев после првиот преглед, еднаш само ми зема 50 ден за епруветите за брисеви. Првиот пат кога ми правеа крвна слика, сестрата што ми земаше крв ми вика која недела си, викам 6+, ааа епа има уште нешто што треба да се доиспита вика ама се наплаќа 200 ден. Викам добро испитај го и на крај ми наплаќа и ништо не ми дава, викам ќе може фискална за ова што платив, се збуни како попарена беше. Аа да да дојди на шалтер. Којзнае што искуца за да се оправда, иначе парите во џеб. Денес на 5 да им направи така, ете ти + една дневница.
Со првата бременост матичниот ми наплаќаше само за скрининзите и за брисевите по 100ден,јас си ги носев брисевите во лабораторија. Е сега дека и син му работи заедно со него, секој преглед го наплаќа 300 ден, брисевите секој по 300,скрининзите се башка. Во овие 9 месеци една цела плата имам оставено таму. Ама убаво пиша членката погоре, сами сме си виновни што молчиме
Од кога ми се скрати за кратко време наеднаш да, нонстоп вагинално ми го мери, и имам речено преку ехо да ми измери ама не сака, не било така точно, а кај мене морало да се прати точно и плус гледа дали има сукрвица околу цервиксот. И јас сум помирна вака некако, бидејќи со месеци имав крварења. Вака бар гледа дали сум чиста доле или отворена.
Таа те дере со пари што е тоа.. Мене мојата освен 300ден што плаќам за ехо и минатиот пат цервиксот што ми го измери не ми наплати за ништо друго. Ми мереше тежина, притисок. Брисеви не ми наплаќа..
Ако имаш проблем ок....инаку не ми е баш нормално на секое такво мерење,ама штом си со индикации е во ред најверојатно.
Не е нормално ама кај мене мора, ама не треба да ми го наплати, секоја ситница се плаќа, пола минута работа е тоа. Така е тука, и во другиот град до нас што е блиску, и таму сите матични наплаќаат, нема избор.
Луѓе, среќни бидете. Да не кажам мојов извршител колку наплаќа. 1500 x 2 скрининзи, обични прегледи по 800. Претходниот 900 зашто ми зеде брисеви што сама си ги однесов во микробилогија. И пак сите термини му се полни. Точно е, ние сме си криви. Сама знам дека сум теле и немам право да се жалам штом свесно знам дека ме манипулира а му плаќам. И не го виде проблемот со цервиксот, ќе излезеше бебево во дваесет и некоја недела ако не одев на приватен преглед. Последниот преглед ми беше во понеделникот и толку, раскрстувам со него. Инаку притисок и тежина ми мери сестрата таму на секое одење. Тоа барем им е ок, мислам дека е потребно да ги следат и да даваат препораки.
Ццц која катастрофа еј! Малку им се парите од државата што ги зимаат. Ехо 800 ден? Брисеви 900? Овој гад треба одма да се пријави, ако воопшто има каде во овој експеримент од држава. Замислете има жени што секој денар го бројат за да врзат крај со крај и он толку им наплаќа. Не знам, не знам што да кажам. Не се оправаме ние ни за 100 години од сега.
Во контекст на муабетот... https://www.fakulteti.mk/mobile/new...esplatnite_pregledi_kaj_matichnite_ginekolozi https://www.fakulteti.mk/mobile/new...loshki-pregledi-sleduvaat-na-drzhaven-troshok
Брисевите 100, заедно со прегледот 900. Демек нешто плус од вообичаеното направил, брцна стапче. Кога ќе му додадеш тоа што зема од државата како матичен за секој преглед, доаѓа да наплаќа поскапо од најдобро опремена клиника. А ехото му е... само сам си го распознава.
И мене ми кажаа така и тоа е точно. Државно нема термини. Јас си бев во Ремедика и сум презадоволна. 4400 платив со преглед детален што трае пола сат, 3 метри сликички и плус 4Д преглед. Матичната ми е во Коруновски и си наплаќа 300 ден преглед со фискална тука спаѓа и слиќичка и мерење цервикс. За брисеви си плаќам 400. Тоа е. Кај и да идеш само пари да даваш
@nevermet18 @mace89 матичните се должни да планираат кога би требало да имаме скрининзи и според тоа навреме да ни закажуваат термини. А не, нема термин, оди на приватно. Дали сум во можност? Дали сакам? На крај краева, постојат приоритетни упати, кои ги важат на државно, оти знаат колку се агилни матичните гинеколози.