Ме немаше долг период епа еве да ви пишам,сега сум горда мајка. Се роди Јана пред 4 дена, 49 цм долга и 2500 гр.
A не јас сум веке 10 недела Инаку мислам дека треба одма да одис на лекар само за апцињата да видис зосто тие се за поддрска на плодот и одма се поцнува да се пијат. Дај бозе се да биде добро и со лесно
Здраво , имам утрински мачнини во текот на ноќта, нема спиење, ми се гади и ме боли желудникот дали е тоа нормално , сега сум некаде 10 недела , ако имал некој слично искуство да ме посоветува што да правам. Инаку внимавам што јадам, не јадам доцна навечер а пак ми е лошо , што да правам???
virgo25 до 12та недела се јавуваат милион мачнини, де нешто ни смета, де глава не боли, желудникот гори, се шири матката па и во тој предел чувствуваме болка... Некој ги доживува сите овие работи, некој не, јас еднаш настинав и бев омалаксана недела дена, и ме болеше во пределот на јајниците, ама тоа заради матката шо се шири, мачнини и поврајќања немав ама затоа па бев успана постојано и нерасположена, зборувам за првите 12 недели. Само шо излегов од првото тромесечие, живнав ама буквално кАко нова бев MrenaRiba честотоо нека ти е живо и здраво бебулетооо ии бидетее мноогу среќни Baby2014 заради тоа чувство уште од 36та недела се напнувам дека секој ден ќе се породам, верувај се преоптеретив околу тоа, сеа кога гледам дека и до 39та втасав и сеуште ни п од порајѓај, пробувам да не мислам само на тоа... А за горењето во градите, мене ми се појави во 35та недела и создравје си го носам сеуште хаха многу грда работа било тоа, неможам како човек да се најадам, шо и да каснам ме гори, ааа особена на утро, кога малку че се освестам свесна сум дека ме печии, пробувам да полежам во полу лежеча/седечка позиција, подисправена, и за некое време ми поминува, а исто имам забележано дека ко че се раздвижам низ дома го немам тоа чувство илипа заборавам или сум се навикнала макии
Baby 2014 i Bebeto 93 неколку пати пишав дека и јас имам страшни киселини и само семка од маслинка ми помага. Дали сте пробале тоа? Бебето вчера и денес не се уклучив и искрено мислев дека веќе си се породила . А во право си за тоа, јас одкако влегов во 36 мислев готово ќе се породам кај и да е, а еве сега сум 37+5 и бебчо абер нема од искачање. И да ви кажам не знам зошто сите околу мене кога ќе ме видат ме прашуваат дали носам машко?? За женско сум требала да се проширам подујам цела, а демек со машко само стомаче (како што сум јас сега). И си викам да не искочи на крај машко, што ли ќе им правам на алиштава, се се изнакупив
мене јогурт една чаша ми поомагаше одручек ако ме печеше, а за на сабалје прилегнував со поткрената перница и малку грбот поиспраен и ми поминуваше... аа за муабети не ми кажувај хахаха, стомакот му лучел за машко ама ги бунело то шо сум била разлепшана и женско сум носела ми велат, како јас да ги прашав хахаххаха и сеа во мисла сум и јас, де изнакупив плаво кремово, ајјј алиштава че се отчестам некаде ама транспортерот торбата ги земав плави, е за нив не ми се оди некаде за отчестување, мрснички ги земав хахаха
За мачнини во желудник ми помагаше чаша ладно млеко, а за киселините само непечен бадем или лажица таан. Инаку и мене стално ме прашуваа дали носам машко зашто сум имала само стомак напред, а полот пред крај сигурно неможат да ви го утнат, ако е машко се познава ептен И многу ми се безвезни тие приказни ако е машко овака, ако е женско онака. Исто и поврзување на боите со полот...ние количката си ја купивме црно-зелена, транспортерот го добивме-плав, а и детево доста го облекувам во плаво зашто добив од снаа ми еден куп облека од нејзиното синче, и не се замарам ама ич, важно јас си знам дека е девојче И за идните мами, посебно за тие што сте нестрпливи и сте при крај, едно линкче да прочитате нешто интересно а може за некој корисно... http://blogs.babycenter.com/mom_stories ... b_wallPost
А мене највеќе ме нервираат и од такт ме вадат кога ми прогнозираат кога ќе се породам! Коментари од типот: аааа неделава ќе биде, ааа ти се спуштил стомакот - кај и да е ќе се породиш, ајде у среда, петок, за Богородица! Издржував колку можев, сега веќе или не ги регистрирам кога прогнозираат или дрско им враќам. А за пораѓај, јас уште од 31 недела сум спремна и си викам оваа недела ќе биде, па ќе помине таа, па си мислам за следната....и така за некој ден влегувам во 37 недела со близнаци...што мислам дека е феноменално добро издржано, искрено некој на почетокот да ми кажеше дека ќе стигнам до 37 недела немаше да верувам, а уште помалку дека во моето меше ќе растат бебиња и ќе ги собере две по 2800гр
Мамички јас сум на свадба моментално кај прва братучетка и многу ми е лошо бебчево од гласна музика изгледа се вознемири, ми искрши и ребра и се. Десно под градата ме боцка едвај седам. Многу ме боли де горе де доле. Не знам од што друго може да биде. И ми се врти од гужва како матно ми е. Валда ќе ми помине дома кога ќе си одам?? не се порагам валда
Здраво месиња убави, еве да ви се придрузам, бремена сум 18недели, имам одлична бременост и посакувам на сите вас да ви биде така лесно..... и се надевам на добра друзба
Јас сум 28 недела, па од што ми е тешко и голема сум мислам секој момент ќе се породам. Прва бременост ми е и ме фаќа паника дали ќе биде се како што треба, дали ќе се снајдам после тоа, 1 000 000 работи ми се вртат во глава и само сонувам некои соништа и не спијам како што треба.
Те разбирам како ти е и јас така исплашена бев ама еве сме до 40 недела стасавме и дури и терминот краен ми беше денес и го надминав,значи мене стомакот не да ми е огромен кој и да ме види што не ме видел подолго од 7ми месец навака мислат дека носам близнаци дури и по 2 3 прашуваат колку се,дури и многу ми викаа ти до крај на термин не тераш сигурно само што ќе влезеш во 9 ти ќе се породиш така да нема везе,тоа и со соновите немај гајле од психата доаѓаат јас сонував дека ќе се породам на 14.09 на терминот па ништо сонуваме тоа што го мислиме ич не му ја мисли само позитивни мисли друго тргни се на страна
Уф и мене мила како одминува времето ме фаќа некоја паника како ќе се снајдам после тоа,абе пукнав само се превртувам ноќе од мисли,па ќе фатам да си плачам,али се е тоа нормално и хормоните плус
Исто како јас да сум го пишувала ова! И јас сум исто како тебе, голем ми е стомакот и страв ме фаќа дека треба уште да расте, стварно мислам дека нема место веќе Многу ми тежи, особено кога бебуш ќе се намести малку погоре не можам ни убаво да дишам мн се изморувам... А за емоции веќе си кажав, се карам со маж ми нон стоп, се ми смета, имам милион стравови за себе дали ќе се снајдам и каков ќе ни биде животот, дали ќе бидам добра мајка Изгледа сите сме со исти мисли и стравови, се надевам дека ќе се стабилизираме набрзо...
Како ова и јас да сум го пишувала а срекна сум што не сум само јас нормално било изгледа а јас само туку се тувкам си викам леле бре полудувам ли јас што е ова но како и да е тоа е наша психа што вика една моја пријателка тек топрв ке почнат стравовите ке видиш ми вика од кога ке се роди па ке идеш да видиш дали дише дали мрдка ама тоа е мене ми е прво после долги 8години борба за детенце така да и нормално е но како и да е 33 недела полна до денес бебушка е тешка 2180 добра е сега постелката ми почна да ми созвева но било нормално и се во ред ,плодова вода доволно ,само што мене ке почнува да мие е мачно горе е имам киселини многу ,некогаш ми се чини воздух немам , ми се јаде ми се плаче јадам не дека не јадам ама и станувам гладна од многу малку мислам ке пукам од што ме притиска на желудникот но се ке се истрпи на крај кога ке си ги гушнеме се ке заборавиме .поздравче и имајте убав ден...
Изгледа на сите ни е "страв" од тоа кога ќе си дојдеме дома после болница Освен на мајките што чекаат второ, трето.... И мене ме фаќа паника од "што потоа" и дека со две бебиња дома па како ќе биде, дали ќе се снајдам ама се тешам со тоа што кога ќе се свртам околу мене и кога ќе видам кои луѓе израснале деца, да не речам деца одгледале деца, си викам кога можеле они ќе можам и јас. Нормално дека нема да биде лесно ама ќе биде убаво, дали го чекаме 5години или 5 месеци радоста и паниката се исти. Стравот од мајчинството, стравот од снаоѓање, од комплетна промена на животот сигурно поминува со самото доаѓање дома на бебушот...ќе видиме сега може да уживаме во она што го чувствуваме внатре во мешето и да му се радуваме на секое мрдање Убав ден на сите мамички, јас сега одам на преглед да видам за кога докторката ќе ми го закаже царскиот, мислам дека редно време е неделава да ги извадиме Курто и Мурто (како што ми ги вика она) ))
Мене искрено не ме фаќа некоја паника, незнам дали е усте рано или сто, ....инаку при секоја помисла за во иднина во врска со бебусот, си помислувам на оние сто се помлади од мене а сто имаат по три деца, кога мозеле они сто да не па јас! абе месиња главата горе, каков страв, каква паника, сето тоа е мравка во однос на насата среќа-БЕБЕ! како и да биде, за ден два се ќе помине, а насата радост ќе остане! Колку зени се породиле до сега , па зарем да дозволиме паниката да ни ја гази радоста?! никако, не се пласите само напред, Господ не благословил со зивоти во насите утроби, Господ и ќе не чува до крај! и секако ќе бидеме добри мајки
Мешиња само што си дојдов од преглед, пресреќна сум. Синко мој е свртен со главата на доле! И сум ослабнала 1кг (нели претходниот пат бев +5) Ми зедоа брис за стрептокока, негативен е. Тежи 2500-2700кг, а долго е околу 46цм. Според ехото од денес сме 35+0.