Не знам што да кажам... Еве јас следна недела ќе одам кај мојов на втор скрининг, има добра опрема и прави детален преглед, за тоа не коментирам. Е тогаш баш ќе бидам 21+ и според статијава што ја прикачи @IRBBB тоа е недела во која Ехо не се наплаќа. Скоро сигурна сум дека ќе ми наплати минимум 1000че, ама ајде да видиме баш. Знам дека и да ми наплати нема ништо да му речам од што сум гуска и реално се плашиме да им се спротивставиме пошто си го менуваат односот секундарно. Зимаат пари од нас, а страв ни е да им преречеме. Многу си се нервирам некогаш што сум таква во тие ситуации, пошто по природа сум баш бунтовник. Ама сега си викам ај да не си правам стрес и да се расправам, а не треба да ќутиме.
Јас одам на контрола еднаш месечно (а верувам дека и многу други членки од форумот). Секој пат кога закажувам термин кај матичен, претходно имам направено и крвна слика и уринокултура. Со резултатите се оди, таман кога си на преглед да ги погледне докторот да не има нешто случајно, пр. паднато железо, или некоја бактерија во урина итн итн. за да ти препише соодветна терапија. Моја топла препорака е да одиш на контрола еднаш месечно, и покрај тоа што можеби имаш сосема нормален тек на бременост, без проблеми и индикации. Се во бременост е променливо, и едноставно со тие контроли се успева навреме да се изреагира доколку е потребно. Доколку не си задоволна од матичната, не ти обрнува доволно внимание, едноставно смени ја. Има доктори што си ја вршат работата како што треба.
Ама сите на крај си ќутиме. А, и не треба да се караме, туку да пријавиме фино лепо. Си има инспекција, нека си ја брка таа работата. Па ако сака, утре пак нека зема пари. За мојава не можам да се пожалам, досега ниеден денар ми нема земено, ама не знам дали тоа го прави процедурално или оти имаме заеднички многу близок пријател. Водејќи се по сите примери тука, се сомневам дека и на другите пациентки не им зема пари. Ама и јас сум гуска, ако ми речи некој 'дај', ќе дадам. Отпосле ќе се изедам, ама него ништо нема да му речам. Ама додека има овци, ќе има и кој да ги стриже.
Најверојатно ради пријателот не ти наплаќа, инаку сите се исти горе доле...во нијанси се разликуваат. Ќутиме за да се поштедиме од нервози, не за друго. Го знаете мојов каков е од поодамна, ако е станат на лева нога е една, а ако е станат на десна сосема друга особа. Се мислев на втор скрининг каде да одам, ама бев кај него во 17+ и ми направи многу детален и убав преглед, пошто не ми го правеше он првиот скрининг. Многу беше фин за чудо и си викам ај ќе му дадам шанса за вториов пошто реално имаат иста опрема со приватната клиника кај што бев на прв. Ќе видиме следна недела како ќе поминам, може на крај од кај него ќе сакам и на приватно да одам. Многу има разлика во цена, на приватно е 3000+ ден. Не дека штедам, ама зошто да давам толку многу пари за нешто што може да го направам со ист квалитет, а за помалку или ич пари. Не знам што да кажам, не можам да бидам паметна во ситуацијава едноставно.
Фала ти. Да така сум во план. Одам во систина за главните прегледи, а кај матичната ќе одам на месец дена. Сано ме испаничи сега со брисевите, кога викна...лелелее што е овај исцедок жолт. А јас и претходно кринонот кога го користев, исцедокот ми беше жолтеникав, а не бел. Ама ајде ќе ги чекам резултатите од брисевите.
Па зарем не може да го ѕирне под микроскоп за да види дали е кандида? Брисевите секако ќе покажат, ама има и таа начин да види без да те паничи. Па и бактерија да е, не е крај на свет. Затоа се прегледите и брисевите, за ако има нешто да се даде терапија.
На вода вика? Кажи и она на вода нека седи. Што нема да слушне човек. Мене матичната ехо ми наплаќа 300 денари и ми дава сметка. Брисеви чуд ништо не наплаќа. И не треба ништо да се наплаќа. Единствено за ехото имам слушнато дека апаратите сами си ги купуваат и тоа му доаѓа како амортизација,државата не им плаќа па затоа наплаќаат. Ама секако не треба да е како приватно. Абе луѓе ќе умрам од желудников!!!Бебето ми е многу горе со глава мислам ми го мава желудников,ми се лоши од што ме боли, а не е од храна. Не е киселини туку боли! Освен гастрогард што друго можеше да се пие?
Ем знае дека ми е прва бременост, после долги години, ...кога свика леле, леле...јас кога се згрчив, ептен болно ми беше земањето брис. Дел извади, дел не можела да извади и на крај промивка со јод и така.
Искрено,не знам дали би се случило нешто недај Боже,ама непријатно е и мислам нема потреба,мојата докторка го гледа цервиксот на абдоминално ехо и ми рече дека нема потреба од вагинално,се гледа и од горе,ако е нешто сумливо валда мерат вагинално,да беше ок на секое вагинално така сите нон стоп ќе не прегледуваа,барем јас така мислам. Добар доктор ќе види од абдоминално ако има скратување ама на секое брцање ехо долу ми е некако... not nice
Mene vo remedika i dimitrov i petrova vaginalno mi go merat ama ne sekoj pregled. Do sega 2 pati 30gn sum. Aj nas ni e zabraneto sex ama tie sto si imaat regular odnosi ne razbiram sto poise steta ima sondada od sexot
Ама немојте,никаде не реков дека има штета,лично за мене е непријатно а не знам колку е неопходно,тоа ми беше муабетот.
Девојки помагајте. Малце пропешачив на сонцево и почнаа да ми се јавуваат болки во левиот препон. На кај јајникот. 20+6 сум вчера бев на преглед се е ок. Се мислам дали да појдам пак на лекар или нормални се овие болки. Со среден интензитет се и се исплашив
Епа тогаш зошто да не? И јас мислам дека нема потреба, мене не ми мереле вагинално никогаш, се гледа и со обично. Ама ако докторот не е сигурен, подобро да измери отколку да е со скратен цервикс а да не знае.
Јас душо вака кога бев во 12 та недела за брисеви ме испаничи дека сум имала мн бел секрет дека сигурно имам кандида или уреоплазма, а исто ставав утрогестан вагинално. На крај другата недела ми се јавува сестрата и ми вика нема ништо, чист е брисот. Башка што цела ме раскрвави и се правдаше дека сум имала многу габички затоа така сум се иритирала и многу ме болело. Два дена крварев и едвај седев од болки, а 3000 ден платив за брис и скриниг кај матичен. Ама битно ајде на крај се излезе ок. Не се паничи сигурно и кај тебе не е ништо. И јас си плаќам секој преглед кај матичен и со ќутам јел сум гуска за стрижење нели.