Abe si praam muabet, moze tebe ti teknalo neso sto mene ne pa da sporedime uzivaj @mace89 tie nedeli se se siri idi doma napij se magnesium i pocekaj malce treba ds ti se smiri
Нормално е мама, повеќето ги имаме тие болки во овие недели. Оди си дома испружи се, напиј се магнезиум и не се секирај. Можеш да правиш вежби за истегнување, јас од некни почнав, ми помагаат.
Ништо не може да се случе ама нема потреба на секое покрај обично ехо и вагинално. Се мери цервикс и на ехо ама не е толку точен како вагиналниот. Затоа што тие што се како мене со скрaтен цервикс и крварења мора и вагинално да ме виде, точно да видиме до каде е цервиксот и дали има сукрвица околу него. Секој месец и со спектрум ме гледаат, значи си знае докторот што треба и како да прегледа според бременоста и нашата историја и симптоми. Значи ако нема индикации не се мере вагинално на секој преглед освен во некои недели ради рутина. Нема филозофија, не сме сите исти не се секирајте, матичниот сигурно и преку ехо ви го гледа цервиксот некогаш може и да не спомне ништо ако не е вредно за спомнување. А има ретки ситуаации и како Ливинг еве, среќа што друг доктор увидел, па се спречила штета. Ем најскап доктор, ем најслеп работава.
Фала ти мила. Еве легнав и се напив магнезиум, малце како да се потсмирија ама ми е страв да станам. Се надевам ќе поминат до после
Мене во 12та ми мереше цервикс вагинално, ова на приватно, а матичната ме откачи ми вика каков цервикс рано е. Си правам споредба со денешното земање брисеви, дека ми беше ептен болно, така да мерењето цервикс вагинално не би требало да наштети нешто, сепак е сонда, не е спекулум како за брис.
Може некој да ми каже од искуство или ваше мислење. Се работи сколиоза со бременост(до 50 степени или најмалку искривена) Дали е ризично за мајката и бебето, ако има некоја така се породено нека каже од искуство како се справувавте и со последиците? Ве молам без негативни коментари.
Мила цервиксот точно не може да се измери преку вагинално ехо и затоа се мери цервиксот вагинално за да се види убаво грлото и да се измери.Мене др Таше во Плодност на секој преглед на четири недели прво ме гледа вагинално и ми мери цервикс па после абдоменално ме гледа.Вагиналното ехо е докажано дека нема штетно влијание во прегледите и повеќе штета може да направи скратено грло ако навреме не се открие отколку вагинално да те гледаат еднаш во месецот.Секој доктор си има различна пракса ама според мене вагинално е пожелно да се измери грлото оти абдоменално не може убаво да се измери и да се види.
Само кај нас се оди толку често на прегледи и се наплаќа и кога треба и кога не треба. Во други држави одат на ехо само два пати првипт и вториот скрининг и ако се е во ред на преглед од бабицата не се оди на ехо и слично. Се испитуваат само брисеви крв и се мери висината на дното на матката. Позиција на плод со раце одредуваат. А кај нас на секое ... Се оди. Не велам дека тоа како што функционираат таму е ок ама е далеку помалку стресно одколку кај нас, без непотребни испитувања и тестови и стресови на се и сешто. На јатрва ми прв преглед со ехо и беше првиот скрининг, јас не би можела да издржам барем да се потврди дека е на висткнското место бременоста... Ама ете така функционираат и тоа е не може ништо да се смени. Сакав да кажам кај нас мислам дека се прави од ништо нешто многу често и тоа е смо стрес за трудницата без потреба, бебето било 200 гр потешко полесно и слично ... Секое бебе има различен раст и нееможе сите да се по стандардните големини ама тоа е за мајката ќе се нервира бебето и заостанувало или било мало и слично а реално нема проблем. Ова зборам за нормална брмееност секако без проблеми. Без грижа најчесто се си е во ред на крај.
Aпсолутно точно е се што имаш напишано од збор до збор. Тука се претерува со се па така и со тоа. Само се споредуваме кој колку често оди на прегледи. Па ако ми кажале мене дојди после 8 недели, а на друга девојка дојди после 4, цели сме во прашалници и засекирани дали е се во ред. Просто е жално таков убав период како што е бременоста да го поминуваме во стрес и безброј прашања...
Па и јас така знам,кога ја прашав последниот пат докторката ми рече еве го гледам супер е,мислам нема потреба од вагинален преглед и некако дури и ми олесна. Валда знае што прави,не знам што да кажам,сите различна пракса имаат,лошо е ако воопшто не се обрне внимание на цервиксот.
Морам да дадам едно мислење за ова во странство,конкретно за Америка. Снаа ми имаше два спонтани абортуси,после првиот почна со мерење хормони,само што ги видов и викам PCOS имаш,вика нема шанси странство е ова клиникава е супер,ќе видеа. Ја стимулираа со Кломифен,пак спонтан... па дури сега открија покачен инсулин и тестостерон,претходните пати имаше само инверзија на LH и FSH и јасно ми беше ама нив изгледа не. Друг пример,следам една девојка на инста при IVF не утврдија дека ќе има хиперстимулација,ќе умреше девојчето. Кај нас многу многу повеќе внимаваат на вакви работи и се многу спремни докторите,кажувам на ниво на Клиники за стерилитет не за матични доктори. Поентата ми е не секогаш и нивното е правилно и најдобро,ни едни ни други крајности не се добри. Господ нека не чува сите.
Така си е мила во право си треба да имаме доверба во докторите ама мислам дека барем на вториот скрининг треба вагинално да го измерат цервиксот ама не се вознемирувај чим докторката рекла дека се е во ред да не те ставаме во мисла без потреба.Ти до која недела стаса?
Се согласувам со тебе. Како што веќе и пишав не знам дали си прочитала. Не реков дека мислам таков начин дека е најдобар ама дефинитивно ни крајност акај нас за нормална бремменост е добра. јас зборам за нормална бременост и прегледи а за тоа со проблеми и со спонтани и нивната стручност не навлегувам. Јасно е дека и тука и таму и секаде има и добри и лоши доктори.
Јас имам 45 степени сколиоза, ова ми е втора бременост. Зошто последици и негативни коментари. Првата бременост супер се отворив ама на крај завршив хитен царски. единствено не ми фати спиналната, а немаше време да ме боцка пак и бев со целосна. Ете едино тоа како негативна последица од сколиозата. Инаку имав супер бременост, еве сега и втора терам. Немав никакви болки после пораѓај, во бременост нормално укочена последните месеци додека се размрадм. Доев 2 години и никогаш немав мака со болка во кичма како што се жалат други доилки. Ама цел живот сум мн активна, можи тоа има врска.
Секоја нормална бременост може да стане ненормална затоа добро си е вака, и затоа е намален бројот на деца со аномалии и мртвороденчиња. Тоа си е мое мислење и лично искуство.
Јас вчера бев на втор скрининг и ми рекоа рано е за прецизно мерење на цервиксот, иако и вака она си пратела дали има потреба или не.