Испитав на 8 јануар ми беше 156,после тоа кога бев во 5 недела според менструација бев на ехо се виде дека има бременост ама не се гледаше плод,матичната ми споредуваше мерките дека добро расте дека уствари тогаш сум била 4 недела,а сега има плод.
Кај мене разликата е скоро 4 недели, зошто зачнато ми е 2 дена пред да добијам. Затоа докторката на прв преглед ми даде и бета да испитам, за да ја знаеме точната недела,така и бидна. Пошто според менструација бев 8 недели, а на ехо не се гледаше ништо, така да не се паничи испитај си бета.
Докторкава е супер, јас кај неа бев и за прв скрининг и за брисеви и еве сега за втор скрининг (инаку бременоста ми ја води Јован Ефремовски): - првин те прашува која недела си, која бременост ти е, како си забременила, наследни болести кај тебе, кај маж ти, кај родители, дали некој има хронични болести, и дали си правела пренатален тест - потоа со надворешно ехо го гледа бебето, сите органи, и ти кажува за секој поединечно, ти кажува или потврдува пол ако веќе знаеш, проверува папочна врвка, на кој ѕид е постелка, каква е постелка, цервикс - за овие работи може да ти каже а може и не, но секако ќе ги пише во извештајот. Во извештајот детално ќе пише за сите органи, за цервикс, постелка, папочна врвка и што е следно што треба да го направиш. Јас и во текот на ехото, и после тоа и поставив уште едно чудо прашања и љубезно ти одговара. Нема ништо страшно, само изгледа сите пред да одиме бидејќи не сме биле неколку недели имаме доза на страв и грижи без потреба .
Јас имам идентично искуство како тебе, поназад на ехо со неделите и не доби срцева а. па морав киретажа. Сега, зачнат е на ден пред циклус, календарски по менс. сум 9та недела ама реално сум 6та! Така да, на жалост има секакви опции, прегледот следен ќе каже се. Добра мисла и надевај се на најдобро! Ова нема везе со пред 2год
Жени ја почнав 25та недела и имам кандида. Имам од 12 недела официјално на брисеви ама сега е многу страшно станато, ме чеша, ме пецка, имам исцедок, имав и како зелен исцедок малу време. Матичната само ми дава канестен вагинолети, ставам и поминува една недела. После пак исто. И со првото имав исто, и се роди со бактерија и затоа сакам со време се да излечам. Имала ли некоја искуство или е по упатена со ова, пошто од матичен никалва надеж немам.
Освен вагиналети, би ти било од помош да пиеш природен пробиотик! Јогурт, кефир за природен баланс на бактерии, а и одличен извор на протеини и калциум. Исто можеш Пролајф да земеш пребиотик шишенца се мали.
Не ми кажа, само ми рече во ред си е. Супер е. Друго ништо И после и јас сама си ја видов должината во извештајот.
Здраво, би сакала да споделите искуства како сте поминале со втората бременост? Ме фаќа паника, првото ми е 3год. но многу е приврзано со мене незнам како ќе ја прифати ситуацијата..
Консултирај се со лекар/фармацевт дали во бременост смее да се употребуваат капсули lactogyn. Јас после 100 години мака успеав да ја излечам со нив кандидата. И како што ти кажа @lemon8ejt внимавај многу на исхраната. Исфрли благо, бело брашно и млечни продукти, освен оние што се со пробиотска култура.
@lemon8ejt Lactogyn се многу добри, мислам дека се на природна база во форма на пробиотик, како вагиналети сум ги користела. Претпоставувам ќе може и во бременост. Знам еднаш ивановски ми рече да си ги користам и без да имам кандида, ден два, па пауза, па пак ден два. За нормална микрофлора.
Да, пробиотик се, за обновување на вагинална микрофлора. Ги има и како капсули и како вагиналети (мене лично секогаш ми е подобра опција капсулата, освен ако мора вагинална апликација), ама во упатството во делот за бремени жени пишува 'консултација со лекар/фармацевт'. Затоа така и ѝ реков.
Јас можам да ти споделам природен лек за кандида што ни има помогнато и на мене и на мајка му многу повеќе него канестен. Чешне лук ќе излупиш и со игла ќе му провнеш конче низ него. Нешо ко тампон да дојде и ке го ставиш во вагината како вагиналета навечер, кончето да виси како на тампон. Сабајле ќе го извадиш и ќе го фрлиш. Повтори вака една недела по ред и ќе видиш. Јас кога имам кандида дури од една вечер осеќам подобрување а сепак е 100% природно.
Јас пиев лактогин долго пред бременост и многу добро ми делуваа.Откако сум трудна престанав да ги пијам.Ме интерисира дали ги пиете во бременост? Би сакала пак да почнам да ги пијам.
Има еден многу добар интимен гел се вика Глизиген.Го користам со години.Порано цело време имав проблем со кандида, но откако почнав со гелот по препорака на матичната никогаш повеќе не ми се појави кандида или било каква инфекција.Е сега во бременост многу ретко го користам.Не верувам дека би штетел на било кој начин, но сепак е подобро прво консултација со лекар.
@Маја Т @Madam S Елена Петрова си е експерт во областа, во сигурни раце сте особено за скрининзите. И да не ви спомне нешто не се секирајте, нема потреба да ве замара со ситници ако се во ред. Конкретно за цервиксот и јас ја имам прашано и ми рече дека таа знае кога треба да се мери и ако за нешто не е сигурна ќе провери и вагинално. Инаку, 3.8 е супер, ако се скратува цервиксот ќе треба да одмараш во кревет и докторот ќе објасни подетално што и како се случува. За докторкава знам дека може да дијагностицира абнормалности со сигурност за да се реагира на време затоа и толку е позната за скрининзи. Јас имам целосна доверба во неа, не ни правев приска туку таа само ми кажа кога да одам на прегледи и ако имаше потреба ќе правев попрецизни тестови, среќа се беше во ред и не беше потребно. За Ефремовски исто имам само пофални зборови, многу искусен доктор, тој ме породи зашто Петрова не пораѓа повеќе.
Јас еднаш ги имам пиено и ми помогнаа 'од прва' против кандида. Со оглед на тоа дека се пробиотик, не би требало да е проблем, ама една консултација со гинеколог претходно на одмет секако дека не е. Ете, заборавив на глизигенот. Вреди за секој денар. Со пх како вагината, и јас сум презадоволна од него. Јас и сега го употребувам.