Многу ти благодарам на мислењето.Јас бев кај неа на прв скрининг а сега ќе одам на втор.Толку многу ме плаши вториот скрининг и затоа ме интерисираше како се одвива.И јас сум кај неа за водење на бременоста но исто ми рече дека не пораѓа повеќе.Кога ќе дојде време ќе ми треба мислење за доктор за породување од Ремедика и од која недела бу требало да се префрлам кај докторот кој би ме пораѓал
Фала најмногу.Ќе се консултирам секако за лактогинот со докторката.А. кажи ми за глизигенот го користиш редовно? Јас дека се ме плаши па почнав да го користам многу ретко, обично пред преглед самоа толку многу ми помагаше кога си го користев редовно при секое туширање.
Многу ти благодарам, ептен добро ми објасни.Значи нема некоја голема разлика со првиот скрининг.Јас бев кај докторката за прв скрининг и супер поминав, но ме плашеше вториот, дека сите го нагласуваат како најважен.Дај Боже само да биде и вториот како што треба.
Смеат да се користат @cinderella5 јас ги користев сега на крај ми ги препишаа докторкава во 36 недела
Zaso se aktivira kandidava vo bremenost? Mene do sega mi se desavalo od antibiotici da se aktivira,fala bogu vo bremenosta ok e za sega
Вториот скрининг се посветува најмногу внимание зашто ги гледа детално сите органи. Јас кога бев ќутевме подолго време и прво мислев дека нешто не е во ред, а уствари таа беше сконцентрирана да ги прегледа убаво. И после почна да ми објаснува едно по едно бубрези, желудник... Ако е наместено убаво бебето ќе ти направи 4Д слика, ќе ти земе брисеви ако не сте ги направиле на првиот скрининг итн. Ништо не е страшно скроз иста е постапката како за првиот скрининг само докторката има повеќе работа Јас почнав кај Ефремовски од 36та недела. Петрова ми ги зема брисевите за стрептокока во 35та недела и наредната недела отидов кај Ефремовски, ми ги виде резултатите, ми земаа крв, ме стави на цтг, сестрата ме испрашуваше околу историја на болести во фамилија, оставив капар 6000ден и со него натака се договаравме за следно цтг. Стојковски исто ми се допадна он ме прими вечерта со болки, Котларова, Јовановски исто се добар избор. Уште да ти се погоди анестезиологот Крстевски и немаш гајле. Докторот е цар, лесна рака и покрај болките се изнасмеав со него.
Нека ти даде фискални за тие услуги па нека наплаќа.. Одиш со фискалните во Фонд за здравство, го пријавуваш па нека му се мисли... Јас ништо кај матичниот гинеколог не платив. Цела бременост за џеб не се фатив.. Освен по моја желба тоа што сакав на приватно да си правам, таму си плаќам.
Ако не се сеќавате на мене се жалев пред неколку дена дека линиите на тестовите не ми се доволно јаки..Го повторив тестот пред некој ден и имаше убава жар цртка па на 8ми сум на прво ехо по менструација 5+2 а јас не можам да издржам веќе мислам дека полудувам...Толку ми е страв да не нешто не е во ред и читам секакви искуства..Првата бременост ми заврши без ембрион и спонтан во 8ма недела..Не можам да се натерам позитивно да размислувам,ролеркостер сум..Во еден момент знам каква количка ќе купам во другиот плачам и си замислувам како пак ми кажуваат лоша вест. Како ги поминавте овие први недели на неизвесност? Дај боже да е се во ред јас не знам како ќе ја поминам цела бременост со ваков памет!
Тоа ти се вика борба со самата себе и висока самоконтрола. Јас сум со 4 спонтани, во 8ма, 9та, 20та и 22ра недела и можеш да замислиш што се ми поминува низ главата... ама позитивна мисла, скокам и не читам се на форумот и по интернет, во мисли ја реновирав куќата 50 пати до сега, си барам завеси, столици, тенџериња некое филмче, книги лесни и ете 33та стигнав. Верувам дека секоја од нас може да го победи стравот
Ги пиев за нешто, сега не можам да се сетам за што, па докторот рече да ги продолжам до крај за секој случај
Мамички јас имав еширихи коли - урина(3-4 пати последователно ми се повторуваше, пред да останам бремена) и одвреме навреме кандида. Ми даваа терапии вагиналетите, антибиотици, чај од Бреза, и после тоа носев секојдневни влошки од Тианде. Не се повтори веќе. Ги користев тие што беа по 165 ден една или со алое вере 20 влошки за 440 ден изгледа беа. Ама многу скапо ми доаѓаше се да купувам(се носеа по 8 часа) /на природна база. После тоа од аптека купив интимен гел со пх 4.0 на Фрези Дерм интим ареа 200милилитри за 350 ден. Со препорака од др. И сега го користам, фала му на Бога, никаква инфекција немам, ниту кандида. Многу сум задоволна.
Алал да ти е за храброста! Баш од ваквите трнливи патишта што луѓе ги минуваат се плашам.. Со лесно да ти е до крај!
Не те сфатив дали влошките ги носиш и во бременост, само топол совет во бременост да не се миеш со никакви гелови, никакви влошки (особено не тианде). Миј се со некое нежно бебешко сапунче и тоа поретко.
Се согласувам. Јас избегнувам секакви препарати за интимна хигиена, цела бременост до сега се мијам само со вода и повремено камилица и сода и немам никакви проблеми.