Може и да не се појават некои јаки симптоми читајки од девојкиве тука, ама рано е може и покасно, јас почнав во 9та недела да повраќам па не престанав до 7 ипол месеци, не се секирај
Јас вчера ќе приумрев од желудник, се се изнапив, на крај ориз и ми помогна, сеа дали беше од оризот дали од се што испив не знам, ама не е штетно сепак па пробај
Јас до 4 ти месец од бременоста немав симптом или осет дека сум И сега исто само што поголем стомак имам Изгледа јас посебен случај сум
Јас имам слушнато за 2 зрна ориз, жив, да кажам, ниту варен ниту печен.. Така ми кажааа, не сум пробала
Жив,лапнав 10тина зрна вчера, па ми се смири. А цел ден пиев, рупурут,сода,кисела вода,семка од маслинка.....не знам на крај од што помина ама пробај
Не се паничи душо и да е ковид ништо страшно, јас го прележав првиот месец уште додека не ни знаев дека сум бремена, пиев и сумамед и на крај се беше ок. Матичниот мој ми рече дека мн трудници го прележале и немале никави последици. Пиј витамини и течности, многу одмор и се ќе биде добро. Стискам палци да си негативна.
Мислам дека сме негде блиску со неделите. Мене мојот ендокринолог ми рече важно ми е да е под конец докај 4ти месец, до тогаш може да прави дисбаланс, после не ме плаши. Јас од Април пијам Еутирокс, 6 дена од 75мг, 1 од 50 пијам моментално. Месечно ја проверувам и цело време е меѓу 1 и 2, така сака докторката да ја одржуваме и ми менува терапија по потреба. Не верувам дека може да направи одма проблем, ама што поскоро слушни се со ендокринологот што те води за да ти ја појача терапијата.
Не се грижи и ковид да е - јас 18 недела првите три дена имав јаки главоболки, и веќе четвртиот ден мускулни болки, малаксаност и температура до 37, не се надевав дека е ковид, ама така излезе. Со многу течности, лимон, грејпфрут го поминав. Важно е да не се паничиш, тестирај се за да тргнеш мисла, и не се грижи за бебето, си има имунитет. Еве сега сум 21 недела и се си е во ред, башка природно се вакцинирав .
Фала ти многу, ќе гледам веднаш да закажам на ендокринолог, но ќе проверам уште еднаш тсх, многу чудно како е можно толку брзо да се покачи. Фала најмногу, сега ми олесна малку.Барем сум сигурна дека ми беше во ред до четврти месец.Утре пак ќе проверам тсх во друга лабараторија за да ги споредам резултатите.Те молам само кажи ми дали пиеш еуторикс пред земање крв за испитување на тсх?Јас обично го пијам во 07:30 сабајле, па да знам дали да се напијам пред да ми земат крв.
Мила, не пиј пред да ти земат крв. Оди порано да те боцнат и после тоа одма напиј се. Ќе се надоврзам на муабетов, јас сум со хашимото, цело време ми беше во ред, останав трудна и одма ми скокна. За 4 недели се намали и само секој месец контрола. Инаку, како што ми кажа докторката, нормално е да скока во бременост, само да се пие терапија и да се контролира. Ништо страшно.
Фала многу мила, нема да се напијам.Баш ме испаничи бројката од 6, никогаш до сега не ми била толку, ама по ова што ми го пишавте, се смирив.
Милички бев денес на втор скрининг и супер поминав, само шо лепотицатамногу многууу мрдаше, не застана. Вчера и денес посебно нешто активна е. Дури додека се движеше докторката со сондата ја осеќав како мрда. Одвај ја измери одвај. Повеќе од пола саат се гледавме. Битно се со е ок, со одговара по мерките. Слика асална јок само ноџиња. Од шо толку мрдаше не можеше убаво срценцето да и го измери и ми закажа за на 25ти докторката да одам да го видиме пошо таман и подпорасната ќе е. Ми спомна за кумбсов тест во 28ма недела пошо сме различен рх фактор сп сопругот и ако е негативен да ја примам таа инјекција. Како се праи тој тест и кај се прави? И таа инјекцијата боли?
Не не, никако земање на апче пред проверка. За ова и јас не бев сигурна на почетокот, ама зборев со мојата докторка и ми кажа крв на гладно без апче секогаш да проверувам, а апчето после тоа да си го пијам и така правам.
Не се секирај мама, понеделник одма појди си кај докторката и нека ти ја регулира терапијата. Мене пред да ми дијагностицираат хипо/хаши, на едно мерење Тсх беше 35 скроз беше збрлавена, горе долу одеше дур да најдам асален доктор. Ете ја сега цела бременост е како по книга, во идеални вредности. Ич да не се грижиш, ќе ти ја зголеми малку дозата на Еутирокс и ќе бидете добро со бебе. Инаку гледај цело време во иста лабораторија да ја испитуваш, така ќе имаш најверодостоен резултат.
Да, да, ќе гледам да одам во Авицена цело време.Знам дека дозата од 25 ми е мала, ама до сега беше се во ред.Значи во бременоста се случуваат многу големи промени, само се да биде добро на крај.Многу ти благодарам.
Јас вчера ја примав инекцијата малку боли . А тестот се прави во трансфозиолугија за крвна група , незнам што врска има крвната група од маж ти ? Ти ако си 0 - тогаш ке ја примаш