Жени, што користевте или пиевте природно за ова чешкање и пецкање доле, плус и како мала болка? Ме асоцира на кандида дека е, не знам веќе. Ја прашав матичната, ми вика ништо не можам да ти препишам додека не ги видиме брисевите. А мене ме нервира не можам да трпам, не е нешто многу, ама ме нервира зошто се беше чисто до сега, а сега ми се појавуваат симптоми, на цело пазење и замарање, сега во 9ти месец ми се појавуваат симптоми...
Избегнувај одмивање со шампони, и седни си на шолја и одмивајнсе со чај од камилица и сода бикарбона. Ставај некоја бебешка крема за газе да не е суво местото.
Девојки денес ми е најсреќниот ден, резултатите од нифтито се супер полот е машки , едвај ја преживеав оваа недела по резултатите од приската , и уште не ми се верува како да сонувам мислам. фала ви за подршката девојки најмили
Баш ми е мило сега гали меше и уживај. и ова прискава мислам дека само за стресови кај труднициве ја прават. Мене ме извадија од памет со добри резултати и од приска и од ехо. Ми препорачаа да правам нифти со добри резултати од приска и од ехо.
Преку крв се прави, на трансфузиологија (барем во мојот град е така). Правев крвна група и таков тест, ми зедоа крв од вена и од прст. Не знам кое за што беше, ама не беше страшно.
Мене за киселините највеќе ми помогна зелено јаболко и спрајт сок. Јас со повраќање цела бременост ја поминав, од кога дознав до крај додека се породив, секојдневно. Од една страна мачно ми беше ама се тешев со тоа дека не качив многу кг од толку повраќање.
Девојки некоја да знае да ми објасни каде точно се наоѓа Либерта Бебе во Велес? Не можам да најдам адреса.
Јас ги користев пред бременост и вагиналните капсули и капсулите за пиење.Многу се добри, мислам дека од нив ми се среди се.
Фала мила све најдобро и кај тебе , исто си мислам и јас за прискава нареден пат само пренатален ова беше најстресната недела во животот