Кога сме кај соновите и јас сонувам се нешто глупости. Едно време и јас сонував 18+ Сега еден ден сонувам како мм ме силувал па кај бившиот сум се вратила... Па потоа мм кај што ме изневерил, си заминал од мене, ме напуштил. И се разбудувам го гледам до мене и душа ми иди Потоа на прегледи одам за беба, се нешто не е како што треба. Во развојот, во незнам што И се мислам наутро кога станам сум нервозна од вакви соништа
Јас пак кошмари Сум пошла наболница за пороѓај ме зеле царски па бебето било умрено никаде не го видов плус ми ја извадиле и матката и се
И јас сум со соништа цело време, на почеток и кај мене беа претежно 18+, ама како со врви време се кошмари сонувам, а многу често и починатите баби и дедовци. Некогаш ми доаѓа да не си легнам да спијам веќе
Јас сонував парализирано сум го родила и док ми рекол да се качам на втор спрат и од таму да го фрлам ќе му се ресетирале нервите а уште ми било врзано со папочната...И така си го подававме јас го фрлав одозгора тој ми го фрлаше назад а на секое паѓање долу ми ја тегнело со него папочната,да ме боли да ме корни во сонот и на крајот сме го зеле дома ама умрело па погреби спремавме.. Нема ден да не сонувам глупости..Некогаш не ми го гледат на ехо прокрварувам го губам ехеее нема крај
Леле тебе сигурно ти е бил стресен сонот ама јас си го замислувам и ме изнасмеа тоа си фрлањето, другиот дел тажен е . Со лесно нека ти ебременоста.
Мамички да прашам,знам дека растат мешињата. Дали и папот ви се шири и имате како сино, виолетово околу или внатре? Тоа го приметив тие денови. Прашав др ми вели да не се замарам во ред е. Ајде што се шири папокот, а тоа синото ме исплаши. Па да прашам дали има и кај некоја од вас.
Да како потемно е,како црно дури,модро. Јас многу се ежам од папок и се надевам нежа да ми рипне над површината,толку ми е језиво уфф
И кај мене исто, модро околу папок, од страните сини вени се гледаат. Аман нека се запре овај апетитов, ова е лудница, 100 кила ќе се направам
Мешиња 20+4 сум. Бебчето треба да е овие недели околу папокот висина? Некако тука како да го осеќам А апетитов нема шанси да запре Сега јадев, а веќе сакам да станам палачинки да си направам, од ум неможам да ги извадам денес
Jas neam takvo nesto. Optegnata e dupkata ama ne e ispaknato, samo onaa temnata linija po celo telo ja imam od cickite do dole.
Женчиња од кога си ја приметувате бременоста? За почеток скроз долу треба да се приметува? Даска слаба сум, а сум 13 полни недели, па си барам некој физички знак, од кога да очекувам да си приметувам.
Мене нешто доле кај јајниците,бешиката ме наболнува,не како грчеви туку баш како болка,ама не е јака.Дали дека трпев за мочање вечерта па сега боли не знам. Ве читам за апетит и јас сега имам, повраќав што повраќав сега само ми се јаде, а желудников ми е партал, вчера ми се плачеше од болка. Е вчера не помогна ни ориз,ни млеко,ни рупурут ама баш ништо. Кај спомнавте палачинки баш сега...