Некогаш се поактивни а некогаш позаспани Еднаш, два пати да го осетиш на ден е доволно за да ти биде раат душичката Јас моето го осеќам кога ќе седнам да мирувам и после кафенце, кога сум во движење не го осеќам
Јас немам така ама забележувам дека белегот од лапароскопијата што ми е кај папукот се шири како расте мешето и на неколку пати внатре ми се лупеше како црнс многу тенка кожичка ја извадив и сега ми е нормално
20та, 21ва и 22ра недела се 'панични недели' (измислена ми е терминологијава). Еден куп тука се паничевме кај е бебе, зошто го нема по цел ден да мрдне. Посчести се едно чоколадо и кока кола за да те поздрави.
Јас по еднаш на ден ја осеќав, а вчера дали дека бев повеќе во движење мислев дека воопшто не ја осетив. Затоа денес од сабајле се јави дека е тука И јас мислам сега чекам секој ден само да ја осетам кај што мрда
Рано ти е, јас како влегов во 6ти месец, така не престана бебко да мрда, да прета, да се врти, се до сега. Еве 35+2 сум.
Кога малата ми беше 8 месеци ме фати јак гастрит.Плакање од болки.Викнав дома доктор и ми дојде еден дедо пред пензија.Си седна и ми вика имам еден куп инекции во торбата ама доилка си ништо не смеам да ти ставам.Ама имам лек.Црн чај ќе пиеш со прстофат сол.За 2 часа 6 чаши да испиеш.Утре можеш помалку.Јас го гледам и се крстам што му е на овој, ама кога не ми даде ништо морав да пробам . Веќе од третата чаша бев со 80% помалку болка.Па ако имаш болка топло ти препорачувам црн чај со прстофат сол.Дозволен е и во бременост.Мислам од 2 чаши ќе имаш подобрување Па не ни мора повеќе да пиеш.Јас рецептот и после си го применував при мала болка ми минуваше од една чашка, па не се тровев со апчиња. Јас од денес 38+0 .Пијам чај од малина, правам чучлеви, ама со шетање сум ограничена за жал.Ладно и замрзнато е кај нас -7 беше денски.Цел ден снег вее.Чекам да ме фатат болки ама се молам овие 3 дена додека се температурите под -10 да не ме фатат Ајде де може ли некој да ми погоди
Јас сакам да си го набавам тој чај од лист од малина, ама тешко се наоѓа тука во Мкд, ако некоја знае каде го има нека ми пише, тенкс
Ако линијата е од папокот до долу носиш машко, а ако е како кај тебе над папокот па до долу тогаш е девојче. Јас така знам. Јас носам машко, ќе имам синче и линијата е под папокот.
И јас имам белег од хистеролапароскопијата. Се шири да и таму имам како сино во длабнината, да кажам.. Ајде ќе помине, штом толку поминавме, и операции и терапии итн.. Само со добри мисли и божја волја, се ќе биде.
Може не е исто кај сите... Не знам, така имам слушнато и прочитано... Како и да е да се здрави и живи, тоа е најважно.
Јас немам никаква линија... Инаку @Ava.84 ќе го зачувам ова со чајов,мене гастритот ми е хроничен секако ќе ми притреба
За Прилеп знам, 1500 ден преглед, мислам само саботи рсботеше до лани. А истиот преглед колку чини во Систина кај него, знаеш? Колку време трае прегледот
@Ava.84 @Iva Mitrevski Да чајот го земав од билна аптека Матија. Ако не го најдеш пиши, имам пола кесе