Пијам аспирин протект,магнезиум цитрат и фолна обична..Можам да најдам метилирана во Зегин? Докторот ништо не ми спомна..
Подобро ти е метилирана фолна да пиеш. Ја имаш во зегин од NOW ти е поскапа и уште една друга мислам имаше некаде до 700 ден. беше таа поевтината. Ти посакувам лесна и успешна бременост до крај. Баш се израдував кога те прочитав.
Метилирана фолна треба да земаат трудници со мутации. Ако си испитала и немаш, нема потреба од метилирана. Ако немаш испитано, можеш да земеш на солгар, таа е од 400мцг (од нао е 1000мцг) или пак да земиш пренатални витамини што во својот состав содржат метилирана фолна (пр. ПренатаС).
Немам испитано и врска немам само сакам да се осигурам дека нема да пропуштам ништо бидеќи докторот не ми спомна ништо можеби во ред е и обичната од 400..Си велам дека ќе го послушам докторот,фала ви премногу на сите и со лесно! Се надевам дека за 10тина дена ќе ми кажат дека ке можиме да се дружиме
И јас немам испитано мутации ама докторката ми препорача да си пијам метилирана. Јас пијам на аво фарма абофолик, 300 и нешо денари се и ги имаат и сите Б витамини плус. Освен ова си пијам и Фемобион и тие во составот имаат метилирана фолна.
Од кај ги купуваш?До кој месец се пијат...мене сега ми кажаа да ги прекинам метил фолатот...имало доволно во Фемибионот .Не знам што да правам .
Ги имам купувано во Виола, Зегин, Еурофарм. Јас прашував исто дали да ги прекинам и доктоеката ми рече слободно да си ги пијам и пвие и фемибионот не било многу фолна. Иначе одам кај Симонида во Ремедика. Се пијат до крај на бременоста. Така да немаш штета, слободно можеш да си пиеш.
Девојки дали некој има искуство со кетони во урина? Пред 2 недели имав 2 ++, пиев 15дена по 1л чај од брусница, и по литар и половина вода, и нешто какао цедевита, гледав да не биде под 2.5л на ден. Направив денеска контрола и сега имам 3 +++ Колку е опасно и штетно ова, дали имала некоја слична ситуација, незнам како да се отарасам од кетониве, веќе се преселив во вц од одење по мала нужда ке покачам на 3л но само вода, зошто мислам дека ниту еден чај не се пие во поголема количина подол период, ама дали знаете нешто друго чаре?
Епа пред две недели прв пат ми се појавија, ми рече повеќе течности, и за две недели да повторам, денес повторив идпаднаа 3 плуса, се слушнавме ми рече да отидам утре, а за скриен шеќер не ми спомна првиот пат ни сега, а утре може ке ми рече, а и да не ми спомне јас ке и речам да го испитам порано, знам дека е околу 24гн, јас сум 19та ама многу сум загрижена. Можеби не ми спомнала зошто на обична крвна слика ми варира од 4.2 на почетокот, до 4.9 сега на последнава, ама обичниот со скриениот колку што знам нема врска...