Девојки, како сте? Одамна не сум влегла во темава, дали имаме некоја нова мамичка? Ние вчера направивме еден месец, многу ја мачат грчеви, не спиеме по цели ноќи и пак ќе кажам - наспијте се сега дур можете и уживајте во серии, филмчиња и се останато, после се нема време за ништо. Ве гушкам
Испитај си во друга лабараторија. Јас лично секогаш кога испитував во Авицена ми јавуваше плусеви на мокрачата, исто и на сопругот а уринокултура и брисеви чисти. После тоа во разговор со неколку колешки установивме дека и кај нив од таа лабараторија им се јавувале плусови. Имале најверојатно контаминирани садови или грешки во испитувањето. Потоа испитував во Синлаб и се беше во ред
Девојки само да известам дека и јас го поминав вториот скрининг и бебе е суперТолку многу се плашев, фала му на Господ се е добро.Е сега ме загрижи тоа што докторката ми рече дека имам аритмија и да си закажам на кардиолог.Пред една година имам правено испитувања на срце и се било добро, но сега ептен ме загрижи.Не знам дали е можно тоа да се случи од што бев премногу загрижена и под стрес пред прегледотДали имате искуство со вакво нешто?
Мило ми е шо бебуш е во ред, тоа е најважно. Како виде дека имаш аритмија? Ваљда не ти правеше екг? Оти поинаку не знам како би констатирала. Појди си на општ матичен, нека ти направи екг, ќе се види дали имаш. Ако има потреба ќе те пратат на интернист, ќе ти стават холтер и ќе се види дали има нешто. Ама стварно чудно ми е како гинекологот видел дека имаш аритмија.
Не, не ми правеше екг, ама баш на мониторот го пушти моето срце и се виде, баш и прашав, рече ова е твото срце.Исто изгледаше како кога се пушта отчукување на срце на бебе.И мене ми беше чудно ама претпоставувам дека може да се види.
Ти си осетила да ти лупа срцето, да ти прескокнува, да ти трепери? Оти често се сеќава аритмијата (и мене ми се јавува при стрес или кога сум физички преморена, а недоволно наспана) и одма го сеќавам. Со прашок магнезиум ми се смирува, не ми дале друга терапија. За да ти се тргни од мисла, појди до кај матичен, ако ништо друго едно екг ќе ти направи.
Да,да, често ми се случува да го осеќам повеќе како срцебиење, дури и сега додека пишувам го осеќамВерувам дека ми е така од преголем стрес што имам сега во бременоста.Фала ти многу, ќе направам така.
Здраво женски. Дали знаете од саат колку ги даваат резултатите од институт за јавно здравје. Испитував торч.
Гасови гасовиии.... Почнав да секирам дали е движење на бебе или е гасовите заради тоа што лепотицава моја станува понежна и понежна само го гледам стомакот дека се испакнува се преместува и слично. Си ја кренав блузата да забележам убаво и стомакот ми се поместуваша па си викам седи мирна бебето се движи не се само гасови неможи од гасови да ти се поместува стомакот .... Некоја да има искуство со гасови и како може да се намалат хахаха
Здраво женски, ви се случило ли во бременоат да имате болки остри како да ве сечат доле при движење, пешачење? Сега се враќам од пешачење, сакам да го правам тоа, ама наеднаш како што одев ме пресекоа остри болки доле ниското на стомакот, и колковите траеа многу кратко, после тоа ги снема.А сакам да се движам, неможам ич да седам дома, син ми оди во градинка а јас имам куп слободно време, не сакам да залегнувам. Мене и матичната ми рече пред 1 недела и повеќее кога бев на контрола дека секоја болка што ја осекам не е добра нели, ама кога ме гледаше на вагинално со цервекс се е во ред не се разбирам многу ама ми рече овде се е во ред 5.23 беше,на ехо обично бебето го видов, се во ред си мрда,а јас малку ако се раздвижам одма болки ме сечат, може да се деси еднаш вп денот, може ниеднаш... Пијам магнезиум, утрогестан сабајле и вечер, и плус витамини.Утрогестанот незнам ни зошто го пијам кога се ми е во ред, на секоја контрола. Сакам да си пешачам, да се раздвижувам дали тие болки би направиле проблем нешто? Преглед имам на 15 сега, а втор скрининг на 22 овој месец.Позд и убав ден
И јас имам гасови. Баш пред некој ден во апликацијата ми беше објаснето зошто се честа појава во бременоста. Бебето како расте, се повеќе притиска на ректумот и од тука се ствараат дополнителни гасови.
Јас сега имам мака со препотување, ќе се испонастинам. Со денови се чудам зошто ми се препотуваат раце и нозе и ми се тресат, и баш на апликацијата ми пишува дека оваа недела е нормално, паѓал шеќерот пред да јадеме, буквално како да не сум јадела два дена се тресам, па морам одма да јадам, што не сум учена така, за да се стабилизирам. Инаку 33 недела сум му се случува на некој вака?
Мене иако сум 28+5... Иначе неможам да се стоплам ама кога почнувам да се препотувам знам дека шеќерот ми е паднат иако да речиме сум јадела пред 3 саати седнувам да јадам јадам како да немам видено раце ми се тресат невидено.... Солено одма поле тоа благо одма после тоа овошје и после 30 мин пак јадам неможам да си дојдам на себеси тогаш....
Друшки денес полни 27, во 28гн. Последниве два дена имам болка во кичмата, колковите, цела кралица, долен дел на стомак, како да ќе ми излезе бебе од што е долу, а уствари горе ми е. Не знам дали баш болка да го наречам, повеќе како притисок е, ама тешко одам, како пингвин. Како да сум се превежбала в теретана, а јас речиси и да лежам по цел ден. Бебе си е супер активно. Во ред е да ми е вака, нормално е или да одам на гинеколог? Редовна контрола за 2 недели имам закажано.