Нормално е миличка и јас сум така кај мене бебе плус е долу ретко горе да се качи.Ногата ме боли ептен и јас како пингвин одам на вечер за положбаа ох...... Без гајле да бидиш и активно кога си е нема потреба да одиш порано на гинеколог. Гушки до вас
Здраво мамички. Како сме? Малку од времево омалаксени, ама тоа е.. Денес бев на др за алергија и ми препишаа спреј за нос Синомарин. Бил безбеден за бремени жени, на приватно бил и ми кажаа да го ставам 3 пати по 1.Сега читав упатство.. Со морска сол. Дали некоја од вас го користела. Ќе ја чекирам и @Bella_Stella. И таа спомна дека има алергија. Се надевам дека ќе ни помогне спрејот. Јас утре ќе го земам.
Mама го имам јас овој спреј ми го препорача другарка ми @Cherry blossom89 ама мене за жал не ми помага, може и не сум доволно упорна со користењето не знам, може треба да пробам поредовно да ставам. Кај кој доктор беше, кај некој алерголог?
Добредоје во клубот, еве јас 33+2 од 26/7недела како почнаа не престанаа болките.И мене ми е горе мамунов а јас мислам ќе падне кога одам, исто на контроли се е во ред. Така да ќе си трпиме до крај, па веќе и бебињата се тешки,не се по неколку грама.
Не, на оториноларинголија, кај нас. Ме прашаа што сум користела, реков флексоназе. И реков дека сум бремена.. Тоа ми го пиша.. Ќе пробам да го користам.. Ќе видиме...
@Bella_Stella Душаа Јас ти го препорачав ама ти не слушаш, треба да си упорна, реши се и ќе видиш резултат Спрејов е безбеден бидејќи е на природна база и секој може да го користи од бебиња до возрасни но сите се различни спрееви. Мене ми го препорачаа Синомарин ЕНТ после операција на нос ама јас и ден денес си го ставам, поготово зима и пролет и те како ми помага, имам проблем со синуси и алергија. @Prolett слободно земи си, безбеден е и се надевам ќе ти помогне. Го имаш во аптекиве до кај 450 ден е. до двете и следен пат за друго да ме цитирате во темава
Да незнаеш што е потешко кога бебе е горе или доле,мене госпоѓицава како у родилен канал да ми е толку е ниско и само прета со ножињата лом ме прави и навечер не ме остава да спијам ика,прета,боли кичма,боли доле сече уште сега ме спрема да седам будна ноќе.
Јарче двете сме за во еден топ значи. Можам да шеткам, нема да ми испадни? Ми се чини дека си го удирам стомакот кога одам.
Со душа чекам за друго да те цитирам бе друшке, знаеш. Иначе треба да те послушам, ептен сум си несериозна и тоа знаеш.
Јас така мислев доле да не птишло,тоа докторката вика е еглеј колку ти е високо можеш да пешачиш колку сакаш. Ама затоа па желудникот страда толку,високо е ептен и гледам ко топче ми мрда скроз горе у желудник... Јас морам само во полулежечка состојба да сум,ниту скроз легната ниту седната, никако не ме бива. Ко да имам 90 години
Леле лемонче труднааа Аиии баш ме израдува Колку ќе се разлика? Јас останав трудна втор пат кога малата имаше 9 месеца Со среќа мила баш ме израдува ептен! Презгодна трудница пак ќе си имаме
Никако. За нигде сме. Таман едно ќе помине и ќе си речам 'супер сум, не смеам да се пожалам', друго излегува. Од една страна едвај чекам да дојди време да се породам и за почеток како човек на стомак да си се изнаспијам, во следниот момент се поканувам кога ќе ми текне дека тек тогаш нема да спијам...
Мамички, не знам дали сте слушнале, имало појаси за трудници кои биле многу корисни за време на бременоста, па дури и за доењето...Дали некоја од вас има користено или слушнато за нив?
Аиии и аце ни била трудна Честитки милаааа знам само неколку дена ни беа разлика првите Со лесно до крај баш ми е мило