јас го користев појасов ако мислиш на овој Многу ми се најде бидејки во 7ми месец доста подолу ми беше стомакот и ме болеше и грбот По совет од гинеколог го земав и за краток период се оправив убаво Не ме болеше толку грбот бидејки ми се качи нагоре стомакот Ама мене како што кажав ми го препорача бидејки ми беше надолу
Абе остај, секое летенце детенце разлика ќе се 12- 13 месеци.....фала, таман влегов во форма јас како сакам- ете ми! Ќе ве напаѓам пак со слики!
Да мила, за таков појас, планирам и јас да си земам.. И мене ме боли грбот, и околу крстот, едвај станувам некогаш, се надевам ќе помогне... Да за кичмата, за плодот..
ajде ајде пст и јас така викав за мене (знам колку ти се измешани сите чувства мнг добро знам) ама сега верувај ми нема поголема среќа на светот! баш ке правиме муабет верувај ми ! со најлесно <3
Неам поима сакав да си го сакам само малиов уште долгооо....не знам дали ќе можам да сакам вака уште едно бебе особено толку брзо. Секој ден сме си се поблиски и станува многу интересен, ми покажува љубов....паничев да не ми се намали млеко, доењето ми е момент за нас ќе ми беше многу тешко да го изгубам тоа. И така патетики и ред ред други што викаш измешани чувства. Шок ми дојдез не планирано скроз....
Верувам срце верувам! Ќе си ги сакаш двете подеднакво и уште поубаво ќе ти биде посилно...незнам како да објаснам,ќе си видиш Само гледај на сите работи позитивно таму е спасот И нормално најбитна е поддршката од најблиските и секако помошта Иначе појасот од медикус хелп @starfish 2000 ден беше
Девојки ако може совет доколку и некоја друга има проблеми со бело прање , правев брисеви пред некој ден негативни а ми тече бел исцедок мн ми е без везе да менувам гаќи на 15 минути како помочана сум. Читав секојдневните влошки можеле да доведат до инфекции па што да ставам? Совет?
Мила ги имало во зегин аптека, славеј, еурофарм аптека медикус јас така слушнав, ќе видам тие денови.. Ќе си земам и јас...Сакам да земам, здравје.. Ќе пишам
Од која недела во бременост се носат појасиве? И дали може да се носат само по препорака на гениколог?
Девојки јас пак со моите прашања и паники, ама вие најмногу ми помагате.На извештајот од скрининг ми пишува покрај нехомогена структура на постелка со лакуни и маргинална инсерција на папчаник, максимална дебелина-3,19 см.За лакуните знам, ама ова второто ме плаши, не ми личи на нешто доброДокторката баш ништо не ми спомна за тоа, а гледам дека го напишала во извештајот.Дали на некоја и е познато што значи тоа и дали сте имале некое такво искуство?
Мила, убаво е да се носат, да по препорака од гинеколог.. А би требало после 5 месец да се носат.. Јас така мислам..
Јас скоро дознав и сега сум 6, ќе биде од полза секако...А дали го носиш и за спиење или само преку ден?
Мене ми рекоа ако е ниско, да, за кичмата да не те боли,... Убаво е да, се носи. Затоа прашав и во групава. Како и да е, полезно е. Мислам дека е убаво и добронамерно да споделуваме некои работи. Си помагаме полесно да ја поминуваме бременоста. Поздрав мамички до сите.
jas i so prvata i eve so vtorava bremenost pijam magnezium direkt na natural wealth i e super, probaj moze ke ti odgovara