И мене ми пишуваше нехомогена постелка на преден ѕид. Не пишува лакуни и се друго уредно, само она нехомогена постелка ме исплаши, а следен преглед ми е за неколку дена и не сум раат сега ич.
Бев на втор скрининг минатата недела, за среќа се беше добро. Од денес влегувам во 22 г.н. Докторката само ми спомна дека уште постелката уште било ниско поставено, ама ми рече малку понатаму ќе почне да се крева повисоко. Си го осеќам како мрда многу често во текот на денот, позицијата е некои 7-8 цм под папокот (во пределот на матката и јајниците). Поради тоа што за мене е ова ново искуство со бременоста, сакам да прашам дали и некоја од вас имала слична ситуација, и кога веќе почнува да се крева/поместува бебето погоре? Претпоставувам дека кога почнува да расте и напредува повеќе, ќе мора да почне да се движи нагоре
Здраво мешиња. Денес бев на втор скрининг. Според докторот се е во ред со бебенцето, фала му на Бога. Пак не сакаше да ни се покаже, со грпче беше свртен и главчето само странично му го видовме. Се стопив, си расте син мајкин. За постелката ми кажа дека ми била уште ниско, сугерираше да не кревам тешко и да не се оптеретувам физички. Во извештајот пишува - Постелка II степен, заден ѕид, маргинална. Имам две лакуни, ама рече не биле опасни, на 22ри ми даде упат за Д-димери и Хемостаза да испитам. Следно рече преглед за 4 недели, негде околу 24-25 недела, за да се види подетално срценцето и скриен шеќер да провериме.
Не, не се препорачува да се носи кога седеш или кога спиеш. Ако е за кратко време да седнеш можеш само да го олабавиш за да не те стега, ама подобро и да се извади бидејки лесно и едноставно се става и се вади. Прво го носиш само делот за под мешето, после веќе кога ќе порасне мешко од 5ти месец го ставаш плус и делот позади за подршка на половината.
Да ако е ниско, но исто така и ако имаш болки, затоа што те држи исправена, не дозволува мешко да те влече напред, а одтаму ни се болките во грбот и половината.
Фала мами. Значи, само најчесто кога сме во движење или рабитиме нешто низ дома, да не седиме ниту да спиеме. Ок, гушки мама..
Да, претежно лежам, но кога морам да сработам нешто по дома го ставам и после пак го вадам. Гушки и за вас
Denes bese Maja Pejkovska,vo perok e Marija Joksimovic,a za utre neznam koj e,mislam da ne e Asani Pajton??
Пишува само за проверка на ддимери и хемостаза, ама тоа најмногу за лакуните.Јас секако редовно ги проверувам.
Не се секирај за тоа, не е страшно.Разговарав баш за тоа сп докторката и рече дека не мора воошто да претставува проблем тоа што е нехомогена и што има лакуни.Би било добро да си провериш ддимери и хемостаза, за ако постои потреба од клексани.Мене повеќе ова другото ме плашеше зашто не можам да го дефинирам што би требало да значи.
Мама јас мислам да имало нешто за загрижување докторот секако ќе ти кажел. Не си стварај непотребен стрес, опушти се.
Девојки да си се пофалам денес го видовме полот девојче е срце мајкино 14 + сум, др Лазаревски ме водеше до сега пошто сум инвитро денес ми рече до тука со него да барам др доктор за скрининзи се мислам сакам систина пак да биде само некој предлог добар доктор?
Од срце ти ја препорачувам др. Гордана Петровска. И јас бев со инвитро кај Лазаревски, трудна со близнаци, тој ми ја препорача др. Гордана. Мислам нема да згрешиш. Прекрасна е докторката.