Не ме секира, само ме разочара начинот дека сеуште трудниците ги третираат како пред 30г. Кај и да се свртиш, се е смарт направено...светов оди напред, а они уште со црево со ладна вода не пунат. Некако процедурата ми е без почит! Ама тоа е, се ќе се издржи за најубавото на свет.
“Додека одиш ко пингвин во ВЦ“?? Па кај ти ставаат клизма? Ако е така освен вода нема ли да тече и друго додека стигнеш во ВЦ
^^ Хахах па ќе тече ако си јадела доста претходно Има едно посебно како собче каде што те мерат и таму ставаат клизма, па мора да поминеш едно десетина метри до тоалетот. Среќа чисто е (во претпородилна сала каде е реновирано, а долу на патолошка вецето било грозно), има тоалетна и сапун, ама знае да снема хартија, затоа земете ако ви дозволат.
Ајде мила ти држам среќичка за побрз и лесен пораѓај. Готово е при крај си не се секирај, само позитивна мисла. Гушки и бацки
Труднички хулахопки со сигурност и во секое време има на бит пазар, на самиот влез кај што продаваат чорапи, хулахопки на тезгата што е право во чело(само кај него има)
Јас се породив на 25 август во Систина и да на истиот начин ми дадоа клизма. Сега, малце лошо звучи ова ,,те полнат,, ама да, со цревце и со ладна течност (како мешавина од вода и сапун) ми дадоа клизма и некако мене ми е поприфатливо ова, бидејки скроз ги празни цревата. Не се паничете не е ништо страшно Јас не сметам дека сме заостанати, туку дека можеби тоа е најдобриот и најприродниот начин. Поздрав мешиња Уживајте во бременоста
Абе ова со клизмата незнам, во исто време ми е смесно и интересно, како имам проблем со запек, бас би сакала да пробам
ај мамиве што се при крај со термин нека ме советуваат, веќе една недела детево е малку активно, докторов ми вели успано е, не ми даде до знаење дека е страшно или чудно.. Последно бев на преглед и цтг во саботата, беше исто.. Детево мн слабо го чувствувам да мрда, или само че се преврти и се чувствува ми се подува стомако, ама се чувствува на допир а внатрешно јас неможам толку да почувствувам... свекрва ми вели дека е нормално пред крај да се смирува бебето, шо мислите вие?? искуство имала некоја? инаку да потсетам, 39 + 3 сум, пред 3 дена последно 1 прст бев отворена, сеа овие 3 дена незнам, не сум појдена на преглед..
Бебето не се секирај валјда е нормално дека сме на крај и се поголеми немаат толку простор за мрдање штом докториве ништо не ни викаат ок е,кај мене е активен бебчо ама има денови и е многу мрзлив ако не каснам благо или да почнам да го галам да му зборам прави едвај по некое слабо движење,ние сме веќе со надминат термин и абер немаме за раѓање,ниту сум отворена ниту болки имам чекаме да биде природно зошто плодова вода имам сеуште ќе видиме до петок ако не царски не ми бега ти како си до каде си???болки нешто имаш те поздравувам и со лесно да ни е на двете ние сме сега на списокот и Руси ни е утре кај и да е неделава не ни бега тоа Руси да се јави ја мислам како е??? до каде е ќе бидне за брзо??? поздрав и до неа
Корисни информации се ова да си знам што ме чека. Хартијс, влажни марсмици, сапун, пластични папучи се си спремив. Уште да успеам да ги внесам, можда и мобилниот(под маичка) уште само не знам кај да извадам потврда за крвна група. 9 месеци ни двата доктора не ми спомнаа за ова
Колкава разлика од болница до болница.Во гв се породив картонче за крвна група не ми бараа.Клизма исто не ми ставија.А за внесување можев се да внесам.Ташната со моб ги имав ви сала со мене и веднаш по породување ми дадоа да се јавам кому сакам Едино за посета беше по строго.Еднаш во ден и толку.Мене наредниот ден ме пуштиа дома.
Ај јас да ви се „пофалам“. Викендов си завршив на дежурен од болки во стомакот. Ме пуштија одма, ама морам да мирувам најмногу што можам. Бебенцето е добро, а тогаш душиче мало (само 11 недели) било вознемирено и многу мрдало Ете што ми направи една безвезна нервоза од работа. Затоа идни мамички, само смирено
Ај и јас да се пријавам дека сеуште сме по дома , искрено се надевам дека нема да биде уште долго Од пред 2 дена по неколку пати на ден имам јака болка во долниот дел на стомакот и трае по 1-2 мин, ама не е на некој одреден интервал, само неколку пати во денот(3-4). Ако го истуркаме и утрешниот термин дома, во четврток на цтг па ке видиме како понатаму. Тигарче, тебе така ти рекоа, ако не се породиш до петок одиш на царски? Јас со претходната бременост(исто машко) бев решена да биде природен пораѓај(се разбира доколку може) и отидов дури кога ми падна чепот(10 дена после термин) без никакви болки, некаде околу полноќ а во 4 и 30 утрото се породив без никаква провокација. Се надевам дека и овој пат ке биде природно. Многу среќичка и со лесно на сите што се при крај! Тигарче се гледаме во чаир
Е стварно чудно како не те пратиле, во болница ако го немаш ќе мораат таму да ти одредат крвна група ради Rh факторот. Јас сум негатив па примав имуноглобулин во 27ма недела, па после пороѓај уште една доза зашто бебето е негатив. Можеш да испиташ на трансфузиологија, на приватно е поскапо, во Адриа лаб платив 850.
Руси Мила се надевам и јас на природен пораѓај затоа и чекам за царски е најлесно кога сакам можам,дека немам болки ептен слаби докторот кажа ако продолжи така ќе морам царски сепак ќе чекам,додека можам за природен пораѓај него го плаши тоа што ми се накачува притисокот и да не дозволиме повеќе од 1 недела,да биде над термин не било убаво за бебето да трпи покачен притисок со поминат термин со Господ напред мила да се олесниме да си ги видиме бебушките како што тргнало сигурно ќе се сретнеме во Чаир
Тигарче, Руси и Бебето и усте некоја ако има...ви посакувам побргу и лесно да се олесните и да се гускате со васите ангелчиња сто девет месеци ги носевте во себе Елени, обиди се да не се нервирас, јас еднас во 13недела толку многу се изнервирав снагата не си ја чувствував, искри ми летеа пред очи и веднас прокрварив! Ми рекоа не е од нервоза, ама јас си знам! Само опустено и да не дозволиме нисто на светов да ни ја руси радоста сто ја имаме Нервозата поминува, ама последиците некогас остануваат, се ќе се среди се ќе биде во ред! поздрав месиња
Јас пред некој ден бев на преглед и докторката прво што ми даде да испитам за крвна група. Бебето беше супер фала му на Господ. Тато додека го гледаше се вртеше и беше немирно, таман јас да видам се смири. Исто ми препиша и едни витамини Premama Duo. Веќе сум во 11 недела и ќе треба да го правам првото испитување во Државна PRISKA 1.Може некој да ми пише за какво испитување станува збор. Ви Благодарам
Ako bebeto e negativ nema da primas, ako e pozitiv ke primas. Jas vo sedmi staviv Rogam, i koga se porodiv bebus e pozitiv uste edna. A imam slusnato deka i ako e bebus negativ pak se prima, cisto za preventiva. Sekade razlicno.