Така претпоставив, бидејќи докторот не ми нагласи па сакав да слушнам ваши искуства. Мада немам пецкање и чешање, но ќе се мачкам.
Pa neznam jas posle 7 godini odam,inaku mn mi se bendisa Marija Joksimovic,jas se kaj nea odamzstrucna i odgovorna,isto ja osekam kako maticna da mi e,a inaku denes ne mi ostavi vpecatok doktrokata,a za Asani neznam da ti kazam
Ако немаш црвенило пецкање чешање 2-3 пати дневно е доволно а може и ич. Зошто ти дал да мачкаш тогаш?
Штом не ти кажала усно нешто, не би требало да се грижиш, ваљда немало да го стави така во наод без да потенцира ако е битно. Види и со матична за да бидеш мирна.
Не грижи се мила се е нормално. И јас после прегледот имав болки дури и грчеви и зголемен бел исцедок поради тоа што ми мереше цервикс. Уживај сега, се си е во ред
Здраво девојки, ако може некоја да ми одговори на моиве прашања: 1) дали вреди да појдам на преглед кај Димчев,во 24та недела ми е следно ехо и дали мм ќе го пушти внатре? 2) Која недела правевте ехо на срце за бебето кај др Драшко? 3) дали имате искуство со др Надица Геровска од Мама и Јадранка Георгиева од гак? 4) ваше искуство со Baby test/Nift тест, дали вреди да се прави? извинете на прашањава, овде најсоодветни одговори читам
1. Димчев е еден од најдобрите дијагностичари за фетални аномалии во Мк. Доста има задоволни членки, вреди да се оди. Јас немам баш убаво искуство со него зошто го мрзеше да зборува и ми даде 2 саата да се одлучам за дали ќе правам една анализа што коштала 25.000 денари. Нејсе. За мт незнам, нека кажат тие што одат Систина на прегледи скоро. 2. Ако одиш на втор скрининг кај Димчев он ќе го види срцето и ќе ти кажи дали да одиш на дополнителен преглед кај Драшко. Ама и да ти рече да одиш да не се разочаруваш дека нешто не е во ред, туку они така си функционираат за пари да ти земат. 3. Не можам да ти одговорам лично, пребарај искуства на форумов во search. 4. Ова зависи од вашите финансиски можности. Убаво е да се направи ако сте во можност, зошто е најточна метода плус неинвазивна, за мирна глава. Јас правев нифти.
Супер! Го зема тој со три дела? Едно е под мешето, поголемиот позади и го прикачуваш од страните на предниот дел, најмалото оди над мешето, ама јас сеуште не го користам тој дел. Го перам во машина на 30°,на некоја пократка програма пушти го.
Здраво. Од 27 недела докторката забележа калцификати на постелка, испитав шеќер, димери и хемостаза резултатите се во ред, не примам никаква терапија сега сум 33та недела бебето си напредува супер, но постелката е многу созреана. Ве молам која има искуство со ваква постелка да ми каже како поминала.
Јас да ти пишам за Надица. 6год.сум пациент кај неа,првата ризична бременост ми ја водеше и сум премногу задоволна. Сега со вторава бременост исто кај неа и повторно задоволна. Јас ја препорачувам. За Димчев исто двете бремености кога се во прашање скрининзи одам кај него.Детален,јасен и краток секој збор му е на место.Јас на прегледи одев сама незнам дали пуштаат придружба. Поздрав
Под број 3 Наде ми е матична и сум презадоволна од неа, јес да има гужва и си работи со закажано, ама супер си е како доктор и како човек.
Не пуштаат придружба, мм си чека надвор. Само за цтг пуштаат пошто сте сами во соба. Инаку јас бев кај Драшко, одличен доктор, многу убаво објаснува и тоа све до детал. Прегледот чинеше околу 3000 ден во систина, а правел и прегледи во Прилеп, 1500ден. Јас го правев Панорама тестот, 690е, за 7 дена добив резултати.
Не мила, нема никаков дел, само за половина, за мешето... Вчера мозгав и на крај моја блиска го има истиот ја прашав, вели не ги произведувале веќе со додатоците само ова го имаше...