Исто и јас така го осеќав тогаш. Само на едно место, може не толку доле јас но во иста точка мислам. Сега сум 21+2 и веќе од пред 3,4 дена приметувам дека менува позиции, не е повеќе кај што беше постојано. Сега крајот неможам да му го фатам како е застанато
@Madam S @Prolett @Lili4e Не би требало да е проблем покасно ако се оди, дури поразвиено и оформено би било бебето. Јас чисто следев препорака од докторката, а исто и моја блиска другарка ми потврди дека била во 23та г.н. и не ми спомнаа ништо за одење покасно на тој преглед. Може и таа немала информација дали може покасно или не. Минимум кој треба да се исполни, е да се има 22 полни г.н. Исто другарка ми ми кажа дека со тоа што отишла на овој преглед, и следувал и друг преглед бесплатно (како во пакет) после породување некое време, да се следи состојбата дали е се добро со развивање на бебето.
Исто е и кај мене, јас сум веќе влезена во 22 г.н. Истите дилеми и прашања ги имам и јас, меѓутоа кога ве читам и вас, некако изгледа нормално е да е пониско. До сега, не ми ни кажале докторките дека нешто не е како што треба во врска со положбата на бебушот. На последниот преглед докторката ми спомна дека постелката уште е ниско поставено, но дека треба веќе да се поместува погоре. Баш да видиме дали уште некој ќе сподели нешто во врска со ова искуство
Ме интересира дали матичните сега прават скрининг или закажуваат на клиника? За првото знам ме прашуваше каде сакам да правам скрининг, дали клиника, чаир или ќе си правам на приватно. Јас правев на приватно, но сега за вторава бременост не ми спомна ништо за закажување скрининг, па ме зачуди.
Mozes da si biras kade sakas, mene me prasaa dali sakam kaj maticnata ili na klinika, jas pravev na klinika zatoa sto vo sante plus kaj maticnata mi pobaraa 4500 den, a mislam deka nema potreba od tolku frlanje pari, i na klinika se dosta strucni barem, spored mene
Исто и мене ми нема спомнато ниско, високо, Вика дека се е како што треба. А јас кога тргам накај лекар тргам полна прашања, и таму како да се исклучувам, све заборавам да прашам. Кога ќе си дојдам дома ми текнува. Секогаш така. Нареден пат си тефтер ќе одам
Исто е и кај мене, 22 полни сум денес. Цело време го осеќам лево и во една точка најмногу, после скринингот од некни како што сфатив таму му се ножињата. И мене ми рече докторот дека постелката ми е ниско, па веројатно како ќе се крева таа, ќе почнеме повисоко да ги осеќаме. На почеток ми беше ептен доле и нежно, деновиве приметувам дека е малку погоре, негде под папок и посилен почнува да станува.
Потполно те сфаќам, мислам дека скоро сите сме така. Затоа почнав да си практикувам на телефон да си запишувам прашања, и секојпат после преглед фино си отворам во телефон и си прашувам. И што и да треба јас да правам следно, им викам да ми запишуваат на ливче (ако треба повеќе работи да испитувам), ако е нешто ситно, јас запишувам на тел. Ептен кога бев на почеток на бременост, ништо не можев да запомнам, и да сакам. Преполна бев со емоции, и не можев да се фокусирам на сите нови термини кои докторите ги користат. Со тек на време, како читаш и дознаваш работи, барем појасно ти е и повеќе можеш да знаеш што ти следува. Секогаш дома кога се враќам сум како во облаци Најмило од се е кога ќе го видиш бебушко и ќе заборавиш на се друго
Здраво мами, Сакав да се консултирам, некоја од вас што прима прoгестерон депо, обично до која недела ги ординираат?
Женчиња дајте препорака за некоја книга за трудници,...порано во просветно дело имало Бременост и нега на дете до 6 години, нешто такво барам. Каде има и цена?
Денес бев кај Јоксимович на прв скрининг, ми остави добар впечаток докторката, целосно е посветена се убаво ми објасни. За 4 недели пак кај неа ке одам.
Мами јас треба да одам во март, ама некаде околу средината или крајот на месецот за 3 скрининг, на гак, оној за ехо кардио.. Ама рано е уште за закажување, колку што знам, прашував јас..
Баш ме интресира ако некој има како закажал? Секој ден проверувам на мој термин и во претходниве месец дена нема ни еден слободен термин. Јас сакам за рутински преглед кај Ливринова ама изгледа со приоритетен ќе морам
Јас преку матичната закажувам.. Пробај, прашај, јас многу досадувам, инаку забораваат... Упорна биди. Јас не знам како гледате вие на мој термин... Земи си ако не приотетен упут, 7 дена трае... Само ако знаеш кој ден е таа на раб во амбуланта, и која..