Искрено сега се загрижив. Може делувам како падната од марс но ни матичниот(9 месеци) ни докторот што ќе ме пораѓа не ми спомнаа за вакво нешто. Ниту па некоја од моиве другарки што се имаат породено. Утре ќе се јавам кај матичниот да видам што ќе каже јас сум 0+ а бебчето валда кога ќе се роди ќе проверат??
Femina 11, па ако одис на ГАК за приска требале веќе да ти закажат. Ја сум 10 недела и во понеделникот бев на гинеколог ми рекоа уште не биле отворени термините за закажување за ПРИСКА. Инаку приската се праи од 12-14 недела. Има по форумов што е приска побарај ќе видиш. И ако случајно ти закажат за на ГАк те молам да ми кажеш за да знам дали ги отвориле термините.
ние сме дома уште.. хаха беблаков се размрда вчера тато кога почна да му зборува и да го гали, аа мене рецка не ми мава да се пофалам, се надевам нема да се подречам, од 9 сато чувствувам интезивно болки во стомакот, болки како за течна столица и менс болки и ми се здрвува половината кога ги имам овие болки.... се надевам искрено декс не се лажни болки. јас веќе почнав да метам бришам во случај да треба да ја фуфнам денеска ноќеска се преплашив, правевме зимница со мм, и бевме во мало кујчарче во дворот, и видов глувче, ко сум рипналаа офф леле мајко, касно се сетив дека не требаше така да изреагирам...... веднаш се напив вода со шеќер... и вечерта кога си легнав во левата нога чувствував таква голема тапа болка, нешто како грч во листот, ама не беше грч, беше внатрешно, ако ја кренев сама ногата дополнително ме нолеше мускулот, па од болка сум заспала и денеска како нова... ајде на тие шо ни е дојдено времето да заминиме вечерва на болница да се олесниме, вака не оди хехе
Здраво трудниции...сама сум дома сега пред 10 мин почувствував болка во долниот дел во стомакот како менструална околу 30 сек ме болеше дури се препотив а синока и половината ме болеше може ли да се лажни?инаку сум 38ма недела нз дали да се јавам на гинеколог или да почекам?
не оди одма на болниц и таму шо можат да ти направат, и дома и таму че чекаш вистински болки јаки... подобро дома да седиш си мислам доколку се вистински контракции че покажи, почекај ) ии со лесно
Можно е да се лажни ,најубаво е да не паничиш,пушти си филмче и уживај Торбицата со книшка,упат за пораѓај ( да не трчаш и ти и маж ти) нека ти се спремни и работите за во болница Не се знае кога ќе чукне часовникот Бебето и ти си мила пред крај и за тебе важи истото...кај е ќе биде, дочекајте ги спремни ...со лесно...
^^ bruno, мене ми кажаа дека ако не се лажни болки, почнуваат редовно да се појавуваат на одреден временски интервал, со траење од 30-60 секунди отприлика, па потоа зачестуваат. На пример, може да почнат на секои 45 минути, па да зачестат на 30 минути, па потоа да дојдат до 10-15 мунути. И наводно не може да не се препознаат дека се лажни болки, бидејќи биле многу јаки, нешто што досега не сме го искусиле. Вака ми кажа мене докторката Препорака од неа ми беше да чекам да дојдат болкит ена 10 минути па да одам во болница. И мене ми е прва бременост, и јас не знам како изгледа, па си чекам нешто да се случи Искрено, не можам да дочекам веќе, едвај чекам да го гушнам ова животинчево во мене Ај со лесно нека ни е, не' има повеќе на неколку дена растојание со термините
Кај мене беа прво на 20 мин и во кичмата ги осекјав.И така цел ден.Бев до болница но ме вратиа.Ми рекоа кога ке бидат на 7/8 мин да појдам пак.Тек кај 10 навечер почнаа на 10 мин.Мерев со штоперица Но заспав.Кај еден на полнок станаа на 3-4 мин и мн болни беа.И тек тогаш отидов во болница.
Bruno, green eyey, bebeto93, joy1 и останатите ви посакувам да се олесните брзо! Со господ напред само! Јас си имам мака. Многу сум нервозна денес луѓе. Ништо не можам да поднесам! Сум се искарала лом сум се направила со сестра ми (за скоро ништо). Не знае никој дека сум бремена можеби ќе ми попуштаа ако знаеја! Што да правам луѓе? Плачам од нервоза....
^^ Не се нервирај ако можеш. Ти се случуваат големи промени во организмот, и хормоните си го прават своето, колку и да звучи безвезе и клише Ништо лошо не ти се случува, тоа е сосема нормална појава кај трудници, да бидат понервозни и поосетливи, побрзо да менуваат расположение итн. Иако јас би ти препорачала се' што ти ствара нервоза и стрес да оставиш на страна, посебно во првите три месеци, ќе ти треба мир Претпоставувам дека од кога ќе отидеш на гинеколог и кога ќе ти ја потврдат бременоста и ќе можеш на раат да се пофалиш на оние кои сметаш дека треба да знаат, ќе ти олесни и ќе бидеш многу помирна Закажа ли на гинеколог? Закажи си побрзо, па дури и да е рано за срцева акција, замоли ја да не те гледа вагинално ако може (прочитав дека не сакаш вагинален преглед и дека заради тоа чекаш да закажеш). Опушти се малку, не си прави проблеми, уживај во бременоста, и ти посакувам што побрзо да ја споделиш радоста со најблиските, верувам ќе бидат пресреќни сите Со лесно нека ти е
Ти благодарам душо! Си мислам 3 месеци да не кажувам! Ако можам... Ќе закажам за понеделник - ќе сум влезена во 6та недела, па ако може да се види срцева реакција супер ако не ќе одам пак. Само се да биде во ред го молам Господ!
Јас сум породена пред 5 недели сепак благодарам Исто бев нервозна трудница (природно сум таква) и родив нервозно бебе Таква бев и со првото и со второт бебе.Едноставно се ме вадеше од такт и просто незнаев да уживам во ништо.Паники кревав на големо.Сега мн ми е криво ради тоа,но што е тука е.Хормоните допилнотиелно ја влошиа состојбата.Релаксирај се затоа ти колку можеш повеке.и одмарај.Дека после верувај одмор ке имаш мн помалце .
Упс, извини. Нека ти се здрави и живи. Не читав многу наназад. Сега дојдов на оваа тема. Мора да пробам, не сакам да си направам беља. Сакам да сум смирена, и сум на моменти. Неојасливо голема смиреност чувствувам, ама на моменти ... И јас си сум таква по природа....
Девојки, јас се породив! Утрово во 9:35 се родија Јаков и Јаким, сите сме добри фала му на бога и еве веќе во соба се привикнуваме едни на други Со лесно да ви е на сите што чекате