Девојки ве читам кај некои од вас уште во 20та недела бебето е свртено надоле?Не сум баш упатена ама кога ја прашав докторката да ми каже каде е(на која страна да очекувам буцкање ),ми кажа мало е сега се врти на сите страни,а сега ве читам дека уште сега ви е наместено како што треба?!
Не е ни важно како е наместено во 20та недела, милион пати ќе се сврти до пораѓај, ништо не мења положбата толку рано, така да не се замарај, имаш време до крај, ќе се врти и превртува...
Е фала ти и јас така мислам дека има време дур се мали се превртуваат,салта после веќе пред крај незз до која недела треба да се наместат ,ама викам па да не кај мене само не е свртена.
Мене на Гак ми кажаа, следна контрола во 16 недела кај нив, да го видат главчето, тогаш веќе може да се види тое што треба да видат, имам лоша историја. И грлото рече дека ќе го мери. После во 20 недела на целосен скрининг,после во 28 недела за протоци и срценцето. Мене мие најбитно во 16 недела да го видат главчето после се ќе биде како што треба.
Сѐ ќе биде во ред, ќе видиш. Ќе си појдеш од преглед и веднаш тука ќе напишеш како си пресреќна што си го виде бебенцето и како сѐ е во ред со него. ❤️
Фала ти Ми го ставија црвот дека сее можно и мора да се следи и ако веќе имам здраво и право дете. Јас сум една и единствена со мојот случај во цела Македонија Си се учат на мене
Сериозно некогаш мислам дека е подобро како во странство, два пати преглед во цела бременост и чао. Одиме на редовни прегледи барем еднаш месечно и секој преглед со нов стрес на што би било кога би било, па да се прати, па да се доиспита... Бог нека ве чува и вас и сите! Само со убава мисла, сѐ нека е во ред! ❤️
Разликата е што во Странство, нормално е да имаш дете со посебни потреби, и сите услови што треба да ги има тоа дете,затоа се они опуштени во тој аспект. Нашиве кај немаат појма па и вадат од памет. Само позитивна мисла.
Не се оптеретувај со положбата на бебето уште сега. Во 20+ воопшто не е важно на каде е свртено. Јас по мрдањето осеќам дека стално менува положба, еднаш е доле, друг пат горе, лево па десно. Си мрдкаат и се вртат сега дур се помали и имаат место. Негде од 30+ можеш да размислуваш за тоа како е свртено и дали е правилно. Тогаш веќе е потешко да се наместат со главчето надоле, ако веќе не се, зошто им снемува место..ама не е невозможно. Уживај си и не се замарај уште сега со тоа.
На крај памет не ми беше да мислам на тоа,ама еве прочитав тука пишале членки и одма во мисла се ставам и да си прашам ,фала ти .
Мајкички барам гинеколог во Скопје кој ќе ми биде матичен и нема да ми наплаќа за секој преглед во бременоста.
Рано е одсега мислат да кажат како е наместено мислам. Мене ништо ми немаат спомнато на преглед. А јас го осеќам се врти, превртува, еднаш лево, еднаш десно, па доле. Така да немај гајле
Ќе си го отвориш на денот кога ќе се породи, до тогаш ќе си користиш мерки. Мерките за бремени нема да се укинат за скоро.
Јас не сум од Скопје но мене матичната почна од 500 да ми наплаќа по 1000 ден дали поради близначка бременост а одам на контрола на секои 2 недели
Моето во последните недели ика дури и повеќе од еднаш во денот, па не сум помислила дека е лошо. И првото икаше така па еве го здрав прав е