Да, и се мачкам Канестен, вчера и денес немам чешање и болка, само што имам исцедок, ама како што ми кажавте не носам никаква влошка, и само мењам гаќи. Сега за исцедокот ќе видиме, ја чекам др. да дојдде на работа, па ќе видиме..
Исто имав и јас пред да се породам на крај и брисевите ми беа чисти нормално е веќе на крај да ти е зголемен исцедокот и светло жолт бидејќи цервиксот пополека ти се спушта подоле и почнува полека да омекнува грлото затоа ти е така
Иста сум и јас го сеќавам бебушот де горе де доле де десно па лево крајот не му се наоѓа.Мали се уште и си имаат место за акробации да прават така да и јас мислам дека е рано уште сега да се намесетени со главата надоле.На пример мојов паша на минатиот преглед стоеше на глава скроз наопаку со расчекорени нозе а после па вел круг со нозете правеше ххахахаах уф се топам
Мила чим се негативни значи се негативни ќе видиш ќе се среди. Гледај малку храната овој период да си јадеш поздрава храна,избегнувај шеќери благо процесирана храна и обавезно секој ден да си пиеш јогурт и пробиотик
Денес бев на контрола, синко 1300гр, јас +14кг Протоци во ред, цервикс 37мм. За брисеви се спасив, матичната ми рече штом немаш изменет исцедок и никакви симптоми, ќе испитаме во 32ра недела, на нареден преглед. И денес на преглед карлично наместен господинот, со главчето в желудник, со грбчето свртено кон стомакот, свиткано како кифла. Сега веќе не ми треба ни ехо за да знам како е наместен, оти цел стомак ми се изместува како што се врти, се познава и грбче и главче каде е. Официјално од денес трет триместар. Некако многу брзо ми лета времето. Како вчера да беше кога имав позитивен тест, а сега веќе за породување треба да размислувам. Некако паника ме фаќа и за породување и после тоа.
Така ми кажа и матичната, ама мене чешањето ме загрижува, ќе се мачкам канестен и тоа е тоа, од една страна среќа што се негативни брисевите. Фала ти мила. Да ти кажам внимавам ептен, дури и благото го сведов на минимум и јадам само по некое чоколадце оние како житарици што се. Јогурт многу сакам сега во бременост, и гледам да внесувам млечно повеќе. Фала ти и тебе мила.
Машалаа мамичка за вртење секако има време... Блазесити оваа е 5та недела како не сум појдена на гинеколог 6та дури сум ми фали да си ја видам да видам колку е порасната точно 31 ќе бидиме па полека да се спремаме Гушки
Леле мами колку сте пораснати!!! Кило и триста ехеее. Браво! Нека расте лепотанот. Баш ми е мило дека сте супер. А за времево не да летаааа
Добро е чим се смирило чешањето и болката, секојдневните заборави ги, никакво добро немаш од нив, само повеќе може да те иритираат. Исцедокот има ли некаков мирис?
Мамички, колку според вас е "нормално" да се јаде благо на ден во текот на бременоста. Знам дека може е глупо прашање, ама јас не сум воопшто по благото, односно не бев, но сега имам се поголем и поголем нагон за благо. До сега кога ќе ме фатеше така во моментот земав овошје и беше ок, ама веќе не не ме заситува ова, си бара душа апла благце чоколадце... Пред некој ден изедов цела чоколада80гр наеднаш, и имав огромна грижа на совест.... Не јадам секој ден толку, али чисто ме интересира вие како сте, колку јадете, и колку е да речам ок, да не е многу... Прашувам за апла благо благо значи, чоколадиии
Не ставам никакви влошки, се мијам со камилица, и на памук малце натопено се пребришувам, и оставам така. Па има привремено, по малце, како на квасец.
Што да правам денес ме откорна стомак од чешањеее 3 пати сум мачкана масло и ништо, малку ми се смирува по некое време пак
Јас имам од време на време такви нагони и исто не бев за благо пред да останам бремена, повеќе по кисело. А сега баш наеднаш сакам да каснам нешто, ама се воздржувам бидејќи сум со близнаци и ми е страв да не качам многу.. Два пати максимум неделно може да изедам роџер едно топче, да си се угостам, или некое смути и ќе ставам неколку коцки чоколадо. Сега за сега ми е доволно, за понатака ќе видиме.
Има време мами, ако не се сврти ко царица ќе се породам. Душа бе, лепотичка мала, ќе си ја видиш ајде уште некој ден. Мојов со газот завртен, пак лиценце не му видов. Само нека е сѐ како шо треба, уште многу кратко ќе си ги галиме. ❤️ Да мамич, кило и триста. Ако продолжиме вака со килажата, таман за на училиште ќе биди кога ќе го родам. Лета времето страшно брзо дури. До кај сте вие со лепотицата? Почнавте џиџиња и панделки да купувате?
Нека не ти е грижа, така ти дошло и наздравје нека ти е Јас дека сум со инвитро, и дали и од тие хормони ми се уврте нешто, не дека сум поправена ама почнав да пазам.. А и докторот ме советуваше да се држам до поздрава храна и некако уште можам да се воздржам. Така ти дошло, ништо страшно, но мое мислење е да не е секој ден тоа.
И јас не сум многу, барем до сега, 20+6 сум 2 кг имам качено. И јадам и јас претежно здраво, овошје обавезно, за ручек домашно кувано, сок само цеден, не вечерам... И затоа се нервирам, џабе цело внимавање ако гнетам благо
Не знам за колку жолт исцедок станува збор, ама општо и мене ми е жолтеникав а брисевите ми се чисти... немам чешање, понекогаш ми е нелагодно само од што е потечено, ама и тоа гледам е нормална појава ја имаат повеќето заради повеќе циркулација во тој дел. Може да треба малце да се опуштиш веќе, доста само се паничиш
Еее не си фер само 2 кг ,браво алал да ти е ,како успеа?Немаш гајле и да си каснеш благичко...не јадеш секој ден по толку.