Нормално е да се грижите, Мајка ако не се грижи кој. Само мора да се размислува позитивно и побрзо ќе помине време. Сега полека ќе се стопли ќе може да се шета на сонцето и подруго е. Јас потполно ви го разбирам стравот прва бременост сее непознато истата бев и јас. И сега се грижам, дури и не ми се верува дека помина прв скрининг приска и дека сее во ред. Ама некако сум посигурна овој пат дека се си е во ред.
Јас имам киселини ќе си умрам имам и некои болки, све мислам дека ќе се породам а нема да знам дека почнало раѓање позз дежурна екипа
Некоја идна мама и плус што дои во исто време да не има? Јас еве уште го дојам првото, во август ми е термин за второ. Првото ми е страствен цицач, имав неколку неуспешни обиди да го одбијам, ама безуспешно. Сега за сега се откажав од идејата за одбивање, некоја со слично искуство за совет, плиииизз
Јас не сум доела додека сум била бремена зошто кратко ги одев двете, но брачеда ми австралија е моментално таа е бремена 4 ти месец а малата и е 10 месеци и си дои без проблем , докторката и вика продолжи си нема никаква штета од тоа ... а интересно е кај нас кога ке разберат дека се бремени и одма ги одбиваат децата
И мене докторката ми рече да продолжам да си го дојам, нема никаков проблем, ми рече никако да не го одбиваш зимава, јас планирав до кај март, април зошто ќе ми биде напорно да дојам две, или па големиов да го научам само за спиење да цица, не знам како ќе биде.
И јас имам моментално исцедок. Кога ми се појави беше бел како со бели точки како грутки, реков да не е кандида. А пред само неколку месеци земав крем и таблети за кандида. И кажав на докторката и таа ми вика не е ништо страшно, демек е нормална појава. Како превентива ми рече да не носам долен веш воопшто кога спијам навечер и да користам Дове сензитив без мириси и парабени. Почнав така како што ми кажа и почна веќе исцедокот да се менува погуст во жолта боја. Тоа траеше негде 2 3 дена и еве веќе сега ми е како течен безбоен, се осетам цело време како помокрена
Па и ти си во право. Му кажав од март почнувам интензивно со купување А еве тоа кај е за две недели Ама па веќе и време е, неможам да се оставам се на крај во 9ти да пазарам
Па да, така е од многу аспекти. Пример во нашиот случај станува збор за прво дете, во поблиска фамилија немаме некој од кој што може да земеме одредени работи на користење. Што значи треба да купиме се од А до Ш. Едно што со постепено купување ќе се распореди трошокот, друго што со маскиве јас лично повеќе од саат ипол не можам да шетам по продавници уште сега, а камоли да чекам до крај кога ќе сум со стомак до заби. Јас не сум суеверна па да не купувам пред време, ми нема логика тоа. Башка каква радост носи, на секое ново боди што ќе го купам летам од среќа. Наши деца, наши правила.. другите можат само да си зборат, ние си решаваме дали ќе дозволиме да ни влијаат на одлуките.
Каде има убави фустани за трудници? Под колена или долги ама да не изгледаат како за 80 годишни жени.
Јас лично уште не сум купила, ама и не сум излегла, а на социјалните мрежи има еден куп страни, срцето ми се топи, некои што се на акција, па и така, мали и интересни, со разни натписи... Мене сестра ми ми пушти од странство некои работи, уште пред месец дена... Се израдував кога ги видов нешто помали, нешто поголеми... И малку да се поправи времево, ладно, снег итн... Ќе почнам и јас да гледам.. Инаку пишувате за благо, најчесто јадам црно чоколадо од рошен 30 40 гр. Секој де. Плус има денови јадам и чок пудинг и чок млеко, или некој колач или друго чок ама многу ретко и многу малку. Зависи... Криза хаха..
Мамички дали некоја со скратен цервикс на строго мирување и се десило да има запек. Станувам само до вц ама на секое одење имам мн напон и додека лежам исто, и ми е страв да напнувам. Дали сте ставале чепчиња во вакви ризични ситуации.
Скроз си во право и ист случај е и кај мене. И кај нас е прво бебе и ништо немаме да позајмиме. Така да мора и ние буквално се да купиме и искрено на крај да ги дадам тие сите пари се премногу. А и за маските вистина. И јас неможам долго време со маска. А и ладно времево е сега, ами кога ќе се стопли како ќе шетам подолго време Вака постепено подобро е во секој случај. Јас така досега, боди, чорапчиња, некои ситници си купувам и потоа дома само си ги гледам Сега наредна недела да се стопли малку времево и одам пак нешто да поткупам и јас си летам од среќа, нормално прво бебе и незнам што попрво да купам И едвај чекам да почнат со пролетна, летна колекција е тогаш нема да ме запрат од купување
Јас па и да имам да позајмам од некого, не би, сакам бебето се ново да си има и негово да е. Еве мене количката ми е возена ама во одлична состојба, и колку и да е сочувана не е нова. Ако имам уште едно дете, би сакала нова а од финансиски аспект не е оправдано да купам нова. И алишта имам еден тон, нема да ми требаат нови. На синко само креветчето му е старо, моето креветче ама реставрирано е дрвото. Сепак, имаше колевка негова.
Хаха исто и јас, купувам по нешто ситно и само ги редам и прередувам дома, по сто пати ги вадам од кеса за да ги видам. Да, да излезе пролетна/летна гардероба ќе си се изнакупуваме се комплет, едвај чекам.
И не слушајте други, купувајте си кога сакате. Јас до 7ми се имав купено, и многу е полесно со помал стомак да шеташ по продавници.
Што знам, јас не размислувам така. Секако ќе му купувам на бебето и нови работи. Ама ако имаш некој близок пример сестра, братучетка што веќе има бебе зошто да не земеш нешто? Ете мене тетка ми ми понуди дрвена колевка во која сме пораснале сите братучеди и не ја одбив. Реков ќе ја земам и ќе ја ставиме макар кај мајка ми кога ќе одиме и ќе си има во што да нанка. Како што се големи трошоците за бебе, секоја помош е и те како добредојдена. А за количка, ако купиш убава и квалитетна за прво, не гледам зошто да не ја користиш и за второ, трето...
И мене ми е прво, радоста е голема, има и да ми дадат, ама ќе видиме како ќе биде, здравје само... Се е добредојдено, зошто да не. Колку толку се заштедува... Секој сака да си купи, се ќе биде, најважно да ги износиме и да се родат здрави и живи... Што велат, додека се мали, лесна е, помали трошоци.,кога ќе пораснат се поголеми трошоци. Битно се да биде ок... Јас така мислам..
Исто размислувам и јас, јас имам од сестрами доста работи кои ми ги чува секогаш ми викаше ајде побрзај нема веќе кај да ги ставам толку облека , она има три дечиња и има нормално купишта од облека, јас со задоволство ќе си земам и сум среќна за тоа и колепка исто ќе ми даде, нормално ќе му купам и доста нови ствари ама сепак баш сум срекќна дека не морам баш све да купам на ново, секако толку брзо ги израснуваат алиштата
Ма хормони, и имаме пари доволно. Јас се што имам со драго срце ке дадам а знам дека ке земат другите, јас сум најстара и прва со бебе. Имам убава количка со средна цена, чико трио, уште деца ке се возат во неа, сигурна сум.