Нормално, кога веќе ги израснуваат и за две недели на почеток зошто да не си земеш. Колку може едно бебе нешто да износи, секако се како нови. Од сестра ти ако не земеш, не знам од кого. Поготово кога со мерак ти ги чувала. Не станува збор за пари секогаш, мада што колку и да имаш пари добро е да си економичен. Особено па кога некој со мерак сака да ти даде нешто, зошто да го одбиеш. Како и да е, сите имаме различни ставови, да се исти нема да е интересно.
Така е, не е само ради реда, кога некој ти ги чувал за тебе да се најде.. Според мене, кога ти даваат и ти нудат, кога е зачувано и ново, малку користено земи си го. Некои алишта не се износуваат, бебињата брзо израснувааат, а кога ќе пораснат е друго... Има разлика за некои раб кога се родени, лето, зима, пролет, есен, дали машко дали женско... Ама кога се мали не се гледа многу.. Барем така мислам.. А веќе кога се поголеми е сосема друго,.. Јас така си мислам..
Кај мене нема некој што може да ми понуди, освен свекрвата "имаш од син ми количката ја чувам" и ќе ме познаете одма, со олдтајмер низ парк... Се треба да се купи...17та сум, па има време... Од креветче до "спавача" за у болница, па штедам...
И јас немам се треба од ново да купам , дури и количка .... две пораснав со една количка и веке се стори крш
Јас пак велам камо да имаше некој да ми дава парталчиња дур е малечко дека брзо расте А за количка не прајме муабет , јас мислам таа е најпотребна дека многу време си седат
Се сложувам со тебе, од блиска пријателка, сестра... Искрено немам осет ни колку облека ти треба на почеток... по 3-4 парчиња од секое, или не знам...
Баш кул мама ќе бидеш, само ти со олдтајмер Ах свекрвици, уникатни се. Телевиса пресента Инаку за купувањето е индивидуално, кој кога смета дека е време и кога има можност. И јас како Бела, не сум суеверна, а мерак невиден. Нареден ден веднаш после втор скрининг количка купивме. Веднаш потоа креветче, па кадичка, фиокари, подлога за преоблекување... Сега во седми месец влегов, а веќе крупните работи (освен релаксатор што ми е во план) ми се купени. Ситници од страна на алишта имам земено, ама има уште доста за купување, само нека излезат пролетните алишта. Ми се чини дека секое пазарење наместо да ми се намалуваат работите од списокот, јас допишувам нешто ново, крај нема. Јас како што сум пребирлива и се двоумам за едно бенкиче дали посветло или потемно зелено да го земам, ако тргнам на крај да купувам, бебето ќе остане без ништо.
Мене свекрвата ми го понуди креветчето од мм но да ви кажам ептен е зачувано и можеби со некои измени него ќе го користам. Нормално душек, постелнина ќе си купам Кога ми текне што се ми треба, а немам апсолутно ништо дури и паника ме фаќа Ќе направам за брзо список и ќе прецртувам што сум купила Оти без список ништо не правам.....
И јас не сум суеверна ама ич. Но сакам општо се кога ми е средено, купено порано. Таква сум штознам. Маж како маж ај сега што ќе купуваш, рано е. Почекај. И јас сакав за количка после втор скрининг да разгледам само и он ех сега има време ќе биде. И се изнервирав и сама си одбрав количка и сега наредна недела ќе одиме да ја купиме него само му ја покажав, па фала богу ми ја бендиса
Има време, ќе купиш. Баш вчера Јарче спомна дека на пластичарска се истите од по продавниците за 250 ден. Ако си во можност од таму да земеш, зошто да им ги плаќаш и повеќе од дупло.
Јас сакам само најосновни работи да купам а се друго ќе си купуваме заедно со бебче. Заедно во шопинг
Јас количка и транспортер земав од другарка, креветче имам мое само купив душек, е ќе земам едно транспортно пошто едново кај мајка ми едното кај што сме со дм. Алишта,ќебенца и слично си купив колку од мерак, а и другарка ми ми даде еден куп, не ми смета, ќе ги надрасне одма, после ќе си купувам како ќе расте. А количкиве се скапи и тешки, спасив 500 евра, ќе си земам за следното лето една летна и готово. Не ми смета да ми дадат, сега нормално ниту се зема ниту се дава на секого... А јас пошто немам план пак да раѓам, ич нема да ми смета да дадам откако ќе надрасне, може ќе сочувам нешто така од мерак, ама друго се ќе дадам. На кој како му одговара така нека си прави.
Пробај со овој прашок, ми беше препишан на почетокот, 2 кесички во една чаша вода раствори ги навечер испиј ги. 2,3 дена по ред, кесичките одат и на парче
Јас па имам некои работи од ќерка ми, тоа што не е ептен женско ќе го носам и на синко. Не ми пречи да искористам нешто од блиски што купувале за нивните дечиња ама многу ми е мерак да си купам што ќе ми треба. Имам блиска детето строго во позајмено го облекува, откако е родено едно комплетче ако му има купено, неколку пати ми има нафрлено муабет што да и се свиѓа да го чувам да користи. Мене не ми пречи да дадам, и веќе ја опремив со цела вреќа облека за следни 6 месеци, ама не ми е јасно како не им е мерак да си купат за нивно дете тоа што треба а самите се облекуваат во скапа облека. Јас не би купила за мене капут од 8000 ден, а ќерка ми да ја шетам во палто позајмено, веќе излитено од носење, а згора на тоа машко.. Не се исплаќало да купува, секако за некој месец ќе и се смалело. Врвот беше кога ми побара крпи за капење...
Тоа веќе искрено е претеризам. Незнам. Сите знаеме дека брзо ќе ги надраснат, веднаш растат.. но што да правиме? Јас па каква желба имам за купување не е нормално Знам дека ќе и се смалат за кратко време, но затоа не купувам нешто прескапо. Тоа што мора мора да се купи. За неа ако не купувам, за кого друг..
Значи од претерано до претерано се оди дефинитивно... Искрено на почеток и зедов бодина кои беа користени ама како нови- ги платив ама сепак на старо ова беше после прв скрининг одма бебчето од кај што ги зедов дали и ги имаа облечено. Друго се до сега ми е купено, тука си зедов и количка која ја донираа и искрено НОВА ама буквално 3 во 1-тука многу функционираат тие работи. Друго се ќе си купам корито креветче и сл. А за Македонија креветчето мое ќе го користиме секаок на 3 недли ќе си одиме количката од тука ќе си ја носиме наредно лето само летна ќе купиме. Мислам ако имаш од каде зошто да не позејмиш секако колку ги носат ептен кратко а ќе заштедиш за некои поголеми работи да купиш кои ќе ги користиш на подолг период
А добро на пр. бодиња, колку се доволни за почеток? Шпихозни? По 5 од секое? Моето здравје јулски дечко ќе е, дебели работи нема да му требаат, бар до октомври...
И моето е летно, во Јуни Јас планирам најмногу до 15-20 алиштенца да му земам колку да ги менуваме на почеток, после таман ќе биде убаво времето и ќе си правиме прошетки со синче по продавници