Гледам зборувате за купување. Пред 4 год за ќерка ми купив бебешка опрема со неутрални бои и истите модели би ги купила и сега. Од тој дел имам се. Е сега ми останува да купам облека, постелнини и сл затоа што не сакам синко да го облекувам во женски алишта, само може некое боди да искористам. За малата имав доста облека од внука ми, јас и купував чисто од мерак. После ова бебе, не планирам пак да раѓам така да се би подарила. Битно се да се искористи и онака се брзо одраснуваат.
Јас бев 10 дена пред пораѓај на педикир и маникир, на рацете имав гел лак, кратки нокти нормално, не знам зашто не би дозволувале
Па викаат не се одело на операција со лак на нокти, демек, заради тоа што нивото на кислород најмногу преку ноктите се приметувала, појма немам, така слушнав од блиски, и не ми даваат да се излакирам, па да си прашам и тука.
Моето се роди во сред август најчест о носеше само боди на куси ракаби или навечер шпикозни и боди зошто беше многу жешко
Мене па мерак ми беше да си се средам за пораѓај и си се средив, прв пат слушам за вакво нешто, никој не ми спомнал, нозете не можев ни да си ги дофатам од стомакот за да си ги средам, па си бев на педикир, а и ноктите на рацете сакв да ми се средени, мерак ми беше. Три дена пред да се породам бев и на депилација.. На породување туто комплети средена, ме изненади пукнат водењак сред ноќ. Природно се породив
Мамички баш сега видов во санте плус има промоција за спонтано породување 550 евра. Има ли некој искуство од таму? Искрено 550 евра за приватно многу примамливо звучи дури ту гуд ту би тру
Не се 550 евра само. Мислам имаат дополнителни трошоци. Знам епидурал се доплаќа 200 евра и некои др испитувања. Ете која се породила таму нека каже
Па да има дополнителни трошоци. 50€ инфективниот скрининг, доколку има потреба испитувања за мајка и бебе, анестезија.. Јас земав спинална анестезија, таа била 100 евра. Се ме фати 725€ со некои испитувања за бебе, но маж ми не прашал какви. И да, доколку треба да се седи повеќе од ден е 8.000 ден @Andrejaaaaaa А за задоволна, презадоволна од целиот третман и породување.
Па добро, не е 550, ама не е ни 2000 како во другиве. И каква е таа спинална анестезија? Нели таа се става за царски? Во државна и во чаор ставаат ли анестезии за ублажување на болки, макар да си ги платиме?? Јас со првото без никаква анестезија на гак ама Господ вжго видов од болки, утше сега страв ме фаќа од тоа...
Да, така е, ем се следи бојата, ем оксиметарот на налакирани нокти некогаш не дава точна сатурација. Но не значи дека ако им се појавиш на врата со болки и отворена 5 прста ќе те вратат заради налакирани нокти, ама се препорачува да се тргне како се наближува терминот. На било која операција сигурно не дозволуваат, ама па и никогаш унапред не можеш да предвидиш како ќе оди пораѓајот и дали ќе заврши со царски. Еве, очигледно зависи од политиката на болницата/докторот, така да најубаво да си го прашаш докторот што ќе те пораѓа дали смееш да не биде после лошата тетка @Autumn Love од фемина ме излажа да не дојдам со убави нокти .
Видов ваква една девојка носеше, преголема и прегломазна, како торбица. Нема потреба од толку голема.
@Andrejaaaaaa Мене ми понудија анестезија и прифатив, впрочем јас цело време сум мислела дека сум примила епидурал, дека никакво искуство немав со анестезија. Маж ми кога плаќал му кажале дека сум примила спинална не епи. Спинална исто се прима во грб, и многу олеснува.Крајните болки ги осетив но напоните не. За во Чаир не верувам за анестезија, со првото исто имав врски,директорот и тој ме породи па анестезија не добив..
Нели со спинална анестезија ништо не осеќаш ни нозете не си ги осеќаш? Нели се дава само при операција. Да не утнале они нешто во пресметката, не ми се верува да спинална ставиле.