Ние живеевме со родителите на мм една ипол година, од скоро сме сами, нема споредба..Но да не бегам од темата, проба и сеуште пробува да се "меша"... со коментари од типот "јади сирење му треба калциум" ставање буквално пола коцка пред мене, "колку ти е железото", обиди да ми ги чита извештаите од гинекологот... Помош околу бебето? Не сакам. Од ниедна страна...Мама е мама, ама од почит кон мм, нека е подеднакво за двете.. Уморува тој бескрај од прашања, потпрашања, отворени изјави од типот "се сакам да му купам" (на бебето).. Нема да дозволам мое чувство на инфериорност, ни под разно...
Јас вчера си го поминав Саботниот преглед прокрварив вечерта... Бев на лекар се беше во ред слушнавме и срце Премногу се плашам,не ми рече докторот ништо за мирување кога го прашав се надевам нема цервикс скратен итн иако не спомна.. Со страв станувам со страв одам во вц душата во петици ми е.. Ставам утрогестан 2 пати по едно вагинално,некој ваш совет и дали е опасно? Да напоменам престана крварењето само денес некој исцедок како водлест многу и малку кафеаво..
Не се нервирај најважно од се е да е здраво и живо бебчето па сега што да правиш. И они се радуваат не викам не ама без осет се. Ние иако сме сами знам дека одма ќе ми се наметнат свекорот и свекрвата и мајка ми. Ако успеам барем неколку дена кога ќе дојдам од болница да бидам раат али не верувам. Они мислат дека ќе ми треба помош на почеток за јадење, за чистење Ок е од нивна страна али јас со хормониве незнам како ќе сум А за мешање околу бебе си кажав, ќе си слушам педијатар
Не знам што да речам, може стварно треба помош во одредена мера, не викам не. Ама едно е да побараш помош или некој суптилно да се понуди, а друго е да се наметнуваат правила и некој да ти се прави паметен за се. Јас истото му го кажав на маж ми, за бебе ќе се слуша строго педијатар, а ако ми треба некој екстра совет ќе си прашам сама, не мора некој да ми попува над глава. Пример мајка ми нема ни да има начин да останува тука или да доаѓа секој ден, во друг град живеат моите. Ама и да има не е таков карактер жената, до сега само ме прашува како сум, ми кажува да не се секирам, да си слушам доктор и се ќе биде во ред. А свекрва ми кога и да и кажам дека не смеам да јадам нешто што ќе ми понуди одма има коментари во стилот, прв пат слушам за ова, јас кога бев бремена немаше такво нешто бла бла бла.
Не се грижи, престанува крварењето, тоа што е кафеавкаст исцедокот, се дочистува. Радувај си се на бебето, ете и најубавиот звук сте го слушнале. Гали си го и уживај. ❤️ Што се однесува до помош за бебе, нашиот став со либе е дека не ни треба никој, ќе дадеме сѐ од себе да се снајдиме сами. Читаме, гледаме видеа, се едуцираме колку што можеме. Живееме во иста куќа со неговите, ама сме делени во сѐ. Моите се во друг град. И на едните и на другите им е кажано дека не сакаме мешање од страна и ќе бидат известени доколку ни е неопходна помош, во спротивно, можат некогаш да дојдат да си го видат внучето и толку. Искрено не ни верувам дека свекрвица би дошла неповикана, општо немаме блискост од одење по гости и кафиња. Еднаш се испушти дека обврска на баби и дедовци биле да чуваат внуци, а јас и реков дека децата ги одгледуваат родителите, а бабите и дедовците можат да ги видат, некогаш да ги причуваат на кратко, ништо друго. Ми преврти очи едно 16 пати, ама баш ми е гајле. Не само што не сакам некој да ми кажува што треба/не треба да му правам на моето дете, туку си ја сакам и приватноста со маж ми. Сакам да можам да извадам цицка кога сака бебе и секој слободен момент да го искористам за да одморам и да си бидам со либе, а не тогаш да варам кафиња и да трчам по гостите. Башка што сметам ако се дозволи било која баба да е вмешана во 'процесот' на одгледување на бебе, се истиснува таткото, пошто нели е тој маж и не знае ништо. И тоа само прави ем таткото да нема можност да научи да помага, ем да си сѐ позависен од нивна помош. Фала, ама не ми треба.
Лелее, абе исто, ете и ние ќе бидеме до крај на година со нив, абе коса ми се крева уште од сега, со тоа бањање, мислиш само таа мајка била, влегување во соба од страна на свекорот кога ќе му текне... скроз те разбирам, ама не им ќутам за ништо, и нема да ќутам. Кај мене и мајка ми почна да кажува некои правила, ама и кажав одма да не се меша. Значи ако побарам помош во ред, а не вака да ми наметнуваат нивни правила, значи гледале деца пред 30 години, ми споредуваат глупости тука, ме вадат од такт само.
Значи заборавена колку сум не е можно.... Пак не се сеќавам дали се напијав витамини или не... Решив да не пијам мислам дека е подобро па сега ќе ги надополнувам на природна база колку можам
Епа тоа е.. и од камен да си ќе се изнервираш. Особено сега кога не пукаат хормони и сме дополнително раздразливи. Нема ќутење, ако не си кажеш они ќе си тераат по нивно се дур им се остава простор. Како што рече погоре @IRBBB си сакам приватност, бебе не планирам да дојам, а свекрва ми да ми виси над глава и тоа ќе и биде кажано ако нема осет. Таков тип на човек сум, можам да се разголам само пред маж ми, нема зошто она да ме гледа. Кога се онесвестив на почеток од бременоста, бев како некој со кофа вода да ме потурил. Тука беше и сопругот и она, ме кренаа ме освестија ок тоа. Ама наместо да го остави поле тоа он да ми помогне и да излезе да си се средам, она ми вика ајде пресоблечи се и стои и чека. Викам важи ќе се пресоблечам и ме фати инат чекав прво да излезе па се пресоблеков. Абе си немаат осет и тоа ти е.
Леле јас па немам проблеми со свекрва, не живееме во иста куќа ама женава е толку смирена, баш пред некој ден де јави и и кажувам еве фатив кујна да чистам, ми вика остави тоа будалче ќе ти дадам пари ќе си викнеш жена не диши тие хемикалии. Многу си ја сакам ама затоа моја мама е што да ви кажам, јади ова, јади тоа, пиј волку, прави вака прави така.... За бебе повеќе мајка ми ќе се меша знам, ама ќе и кажам, млада сум здрава сум, способна сами ќе си го гледаме со мажов
Ќе издржиш. Јас мислам дека од кога ќе дојде бебе ќе имам очи и уши само за него и за маж ми. Другите нека си зборат и нека си мислат дека има кој да ги слушне.
Немој воопшто да се вознемируваш за тоа како ќе биде, јас бев во иста ситуација во првата бременост и забележав дека огромен товар си наметнав. Слушај си се себе, игнорирај тоа што не ти одговара, само ти и сопругот одлучувате за се. Жално е првите моменти со бебе да си ги упропастуваш заради некој друг. Од друга страна и родителите на сопругот се баба и дедо, радоста им е голема, не им ускратувајте моменти со бебчето.
Се изначитав мислења за добивање помош од страна на баби и дедовци. Мило ми е што повеќето размислувања се совпаѓаат со моето. Сметам дека сме доволно зрели со маж ми за да почнеме сами да се грижиме за бебушот кога ќе пристиге. А ако стварно треба помош, во тој случај не гледам зошто не би повикале некого. Поголем дел од идните родители и не се баш млади, како што имале обичај порано да стануваат родители на 20-25 години. Не ми е нормално, ние, веќе влезени во 30тите години, да бараме помош за тоа како да го бањам детето, или како да го дојам, или како пелени да мењам и да го пресоблекувам итн, итн... Ако веќе ми треба нешто, па имам и другарки кои се тазе родители и можам да ги прашам се во било кое време. Не мора одма кај баби/дедовци да се трча. Имавме и ние една малку непријатна случка во скоро, кога бевме на ручек кај свекор ми и свекрва ми, и свекрва ми си кажа дека планира да земе одмор кога ќе се роди бебето (една недела, па ако требало и две), затоа што нас ќе ни треба помош. До сега не сум имала проблеми со неа, баш е кул женичка и современа е, ама ова ептен неподготвена ме фати. Јас тогаш само искоментирав дека нема потреба од такви планови уште сега, нека дојде тој момент, па ќе видиме што и како ќе биде. Одма како стигнавме дома, на маж ми му реков да им ја соопшти веста дека нема потреба од помош се додека не кажеме ние. Нема што јас да се расправам и објаснувам со нив, тоа си е негова должност, затоа што така сме договорени. Јас соопштувам кај моите некои наши, заеднички одлуки кои ги носиме, а тој кај неговите. Јас веќе на моите искрено и отворено им го кажав тоа, и нормално си го прифатија без навредување. Башка, и живеат во друг град, па малку потешко е за ситници да трчат и да помагаат. Дај Боже кај сите се да си помине добро до крај, па секако сите ќе научиме како да станеме добри и одговорни родители.
И јас воопшто немам проблем со свекрва изгледа е една во милион Ни досега за нешто се мешала, па се надевам нема ни кога ќе дојде бебе. Може само да спомне ее во мое време вака беше, ова го немаше, но вика сега е друго вие сте млади се си знајте, како сакате така да си правите. Дури и пример едно боди да купи, мислам се тресе од страв дали ќе и го бендисам или не Ептен е добра жена вистина, ако речам лош збор, грешница ќе бидам И во иста куќа живееме, но одделно сме со се, и дури пред да иди ми се јавува да не си одмарам, и тоа иди ако треба нешто да ми донеси или да и дадам јас. А и мајками е добра засега, нема мешање многу. Си знаат и двете страни дека и ние не сакаме кога ни се мешаат и затоа си ќутат. Е сега кај нас е друга ситуација, јас си побарав помош и од двете, бидејќи после пораѓај здравје по една недела, две мм ќе оди во друга држава и сама нема да можам се знам. А и мало кученце имам кој ќе трча и по него и по бебе. Но ќе издржиме
Јас и мм живееме сами во Скопје (од друг град сме), така што ги немаме овие проблеми (барем сега за сега). Туку јас имам прашање за помош но од друг аспект - сите викаат дека стварно е потребна помош за да одмориме и функционираме како што треба и се мислев да ангажирам некого, но не сум сигурна. Дали некоја имала помош за чување од жена?
Јас искрено мислам дека нема да имаш потреба од жена ако е маж ти цело време со тебе. Мислам дека ако се искористи секој момент за одмор додека спие бебе (а реално на почеток само јаде и спие), а додека е будно се поделат обврските околу бебе и низ дома, може да се постигне и одмор и јадење како човек. Сепак, нека кажат поискусните мами. @Iva Mitrevski кога ќе пораснам, сакам да бидам свекрва како свекрва ти.
Да не кршам филм ама за жал не сите бебиња само јадат и спијат. Моево по цел ден плачеше неможев до вц да отидам . Камоли нешто друго не спиеше и кога спиеше или во раце или со претање со се. Грчевите на стотка вклучени 16-21ч... Има и такви бебиња ама има и како моето.
Супер женички што сакате да сте самостални.Само ќе ви кажам копајте нов бунар ,ама во стариот не плукајте. Пробајте сами па ако сакате помош викнете некој.Да ви направат ручек и те како во тој период е помош.Топол ручек и те како е важен за создавање на млекото.Со сува храна нема млеко. Друго кога ќе ви потпораснат децата исто ќе имата потреба од 2 ч помош околу чувањето или морате на доктор ама со бебе/дете е многу покомплицирано отколку сам да тркнеш. Така да чувајте џокери.Инаку врска баба и дедо со внуци е посебна и да гледате да ја одржувате колку и да ве нервираат свекрвите. Ова ви пишува паталец што нема помош и кој има денови што плака за помош од 2часа, ама нема кој. Не дека сами нема да се снајдете ама направете си полесно да ви биде. @0ли можеш и мене да ме замениш си одам за брзу од темаваСо среќа и со лесно да ви се оствари планот
Така е @Snowflake97 @Ava.84 , има разлика од бебе до бебе. Aма дали маж ми ќе зготви додека јас го смирувам, успивам, дојам или ќе го придржи додека да се истуширам или тука ќе е мајка ми/свекрва ми за да го прави истото, не сменува. Битно е да имаш човек за соработка. Пак ќе речам, не сакам од почеток да дојди баба и да го 'истисни' маж ми, бидејќи е маж и не знае да држи или да капи бебе. Сакам заедно да учиме сѐ. Е сега, ако не е возможно партнерот да е постојано до тебе, секако дека ќе имаш потреба од било кој човек, макар и за до вц да појдеш. Не сум за да се исклучат баби и дедовци од животот на бебето, сепак и нив им е мерак, внуче им е, ама планови за да идат и да седат со саати или со денови, јас лично не сакам. Не знам, немам искуство, можеби уште првиот момент ќе се јавам да побарам помош, ама би сакала да дадам сѐ од себе, тоа да го правам сама со маж ми.