Мамички вие што примате антикоагуланти може ли да ми кажете дали доза на клексан од 0,4 и 0,2 дневно е исто што и фраксипарин од 0,6. Клексаните од 0,2 тешко се наоѓаат и треба два пати да се боцкам подобро ми е со Фраксипарин
Фала девојки,фамилијата Зошто не и се јавиш на Павлина во Ремедика таа најубаво ке ти каже, ке ти пуштам број во порака. Кажи и дека си нејзин пациент нема да те одбие или пиши и порака.
Мила вчера бев кај Павлина.Исто ми кажа да почнан со фраксапарин од 0,6.И реков дека веќе имам цела кутија клексани од 0,4.Ми рече да ги доискористам тие, па да почнам со фраксапарин од 0,6.Не ми кажа ништо за да комбинирам клексани од 0,4 и 0,2.Рече најдобро е фраксапарин од 0,6.
Моето мислење за помош околу бебе да ви кажам е одобрена да биде од свекрва ми. Жената ја знам 10+ год. истата си е како што ја имам и запознаено кога бевне во врска.Подеднакво е жртва и трча и за нејзините деца и за мене како снаа,за внуците и во полноќ да ја побараш,и во 5часот сабајле веднаш доаѓа. Сама се нуди да ги чува внуците за ние да прошетаме,ги зима за викенд кога е дома ги чува за да одмориме или ако имаме обврски по дома. Не живееме заедно Јас родив прематурче и сама го пораснав ,сопругот ми работи по цел ден кога и да и се јавував за било што и за ситница доаѓала,јас немам жалби.Истите зборови што ги пишав за неа се и за свекорот,исто прекрасен човек. Јас незнам што би правела без нив.Слободна сум да им се јавам и да им кажан за 5мин.доаѓам да ве видам да пиеме кафе и останувам со саати се заборавам од што ми е пријатно кај нив. Тоа е како ние функционираме по дома,би сакала кај сите да е вака. Помошта од свекрвите за мене е потребна ,ја ценам многу и сум благодарна што ја имам.
Јас бев за никаде,железо 7ка,хемоглобин 97ка,умрена,душа немав,Тотхема пијам една недела скоро и како нова сум,ептен се осеќа и ич не ми се грозни,дури вкусни ми се,ги пијам во цеден портокал заедно со витЦ 500,внимавам да не јадам ништо со калциум еден час пред и потоа.
Од која недела се осека икањето на бебето.Јас денеска почувствував како пулсирање од внатре, некако не многу убаво чувство.И дали имате почувствувано како штрекање во грбот.Иначе сум 19 недела од утре
Девојки 29 + 5 сум, денес бев на контрола и бебе доста поголемко за неделите 1859 гр. Минатиот пат ми рече да не правам испитување за скриен шеќер, но сега рече да испитам обавезно. Она што ме загрижи е кога ги гледаше бубрежињата рече дека на едното бубрегче пиелонот е зголемен, односно на горна граница од 7. После рече е нормално за машки бебиња и е во граница на нормала, но сепак се загрижив. На претходните скрининзи Димчев не ми спомна вакво нешто... Некоја со слично искуство?
Здраво девојки како се справувате со настинки во бременоста имам затнат нос и блага болка во грло дали може да се користи прополис каков чај да се пие дали може да се користат апчиња за шмукање и какви поздрав
Јас пиев Пантенол за грло, уствари за лижење се тие, само тие се дозволени во бременост и чај од брусница, други чаеви не знам кои се дозволени. За носот спрејче Синомарин може
Сидералот се поинаква форма на железо што полесно се апсорбира, затоа се со помалку милиграми. Мене ми помогнаа, ми се качи серумското од 4 на 12 за два месеци, но хемоглобинот уште е низок. Ги комбинирав со Тотхема. Тотхемата лошо ги поднесував, па земав преку еден ден, а сега само Сидерал. Ако можеш со Тотхемата, поефтина варијанта ти е, а многу ефикасна. Мислам дека најчесто тие ги даваат на трудници.
ја имав пишано во некоја од групите ни пробај и со храна да го зајакнуваш - мед со семе од коприва, цвекло, спанаќ, боровинки, мене ми помага.
Здраво мамички... Често пишуваме за појава на кандида. Еве природен лек : 1чаша јогурт 2 чешниња лук 1 морков Половина лажичка ѓумбир и цимет. Подготовка:Изрендани морковот, лукот и ѓумбирот се додаваат во јогуртот. Додадете и цимет и убаво промешајте. Оставете малку да отстои и конзумирате го како салата еднаш во денот. Поздрав мамички и пробајте... Мислам дозволено е сето тоа да се јаде. Се надевам на некоја од вас ќе помогне. Гушки мамички и чувајте се.
Да си ја симнеш апликацијата My Therapy од play store! Жив спас е. Ќе си наместиш кои се апчиња ги пиеш дневно и аларм да те потсетува, коа ќе ги испиеш стискаш confirm и си сигурна дали си пиела или не. Ќе се преродишверувај, од лично искуство ти кажувам
Bow down!!! Браво мацо алал да ти е! Жена, мајка, кралица си! Мило ми е што сега си се наредиле коцките и уживјакте си со мажето сега
Јас искрено не препорачувам,така јас се силев,земав мед со таан и семе од коприва,се убив од цвекло и спанаќ и крвната слика уште покрш,мислев ќе поминам со природно ама тешко,бременоста е поинаква состојба сепак,си влече бебето,@jarec6 мислам и нема уште многу до пороѓај па нз колку може да експериментира. Ова е од мое искуство,не велам дека кај сите е така,само споделувам.
Јадам ете и спанаќ и други работи што имаат железо ама не бива. И во право си немам време, уште некои 4 недели отприлика,немам многу време за експеримент, а баш сега падна ептен железово,си црпи бебуш големи се веќе. 5ка ми е инаку, се надевам барем малку ќе го кренам, ќе земам сабајле нешто од аптека,колку толку да не припаднеме на пораѓај
Притисокот 110 со 45, паднав у делириум мислам дека, дури почнав и потешко да дишам, ни вака не чини, да си биде таман најдобро.
Тотхема земај 2х1,ептен осетив подобрување за мн кратко време,планина ќе поместам сега,до пред 5 дена едвај скаливе дома ги качував