Исто имав и јас.. првично како стрии па почна ужасно чешање.. ми помогна само синопен со препорака на гинеколог.. после породување исчезна
Синопен крем е за алергија, јас имам чешање на десната рака над прстите и од страната, се создаваат ситни брункички, се суши кожата, пече и обично навечер неподносливо е, мачкам крем за раце и по некое време помине, па после пак...А синопенот го користев кога имав алергија по телото, поодамна и е ефикасна...
Фала ти, имам синопен маст дома ама мие шубе да ставам, ќе прашам прво лекар. Ќе испитам и железото, и ако со малиот кога бев бремени и со тотхемата такво чешање имав.
Друшки, а за чешањето да пробате со бела течна пудра (за сипаници)? Таа во состав има локален анестетик и мислам дека е побезбедна во бременост отколку синопенот што е кортикостероид.
Да и јас така мислам, сум ја користела и дури мислам оти има повеќе ефект течната бела пудра. 120 ден беше... Корисна ги суши брунките
Иста сум и јас ми горат од внатре, во 3 часот имам станувано во када да ги топлам со вода топла и после малку заладуваат и подобро можам да заспијам со ладни нозе Пробајте некогаш помага
Мислам дека не постои такво нешто. Секоја бременост е различна. Јас имам родено само едно. Ама и другарките мои кои имаат по 2-3 викаат дека со секое различно било.
Мамички, како сте? Дали многу мокрете, и сечувствувам како помочена на долниот веш. Чат пат ставам секојдневна влошка, не можам да наваксам на долен веш... Извинете што прашувам, ама во последно време многу глупово се чувствувам... Околу 2.недели Понекогаш пијам многу течности, понекогаш помалку... Брисеви уредни, уринокултура уредна..
Фала мами. Знам донекаде дека е нормално... Кога чат пат ќе кивам, се закашлам... Ама па и се да сум во веце...
Здраво на сите. Синоќа касно правев тест и за среќа е позитивен . Не знам дали е за оваа група прашањево но Ве молам за одговор. Со оглед дека ми е прва бременост а докторката е на пат и прегледот ми е закажан за во среда ме интересира следново доколку некој има искуство. Прво, пијам терапија за висок крвен притисок наутро и навечер. Дали да продолжам со истата до среда или не? И второ, во вторник имам закажано на заболекар (само за промена на привремена со трајна пломба), дали можам да одам или не? Можам утре да се јавам и кај матичниот за овие прашања но сакам уште сега да ги слушнам Вашите мислења. А и некако не сакам никому да кажам додека не ги поминам основните контроли и додека не се утврди дека се е во ред. Ви благодарам
Честитки мами и со лесно... Прашај си др во секој случај, сепак е почеток на бременост... За правење заб, а за притисок консултирај си се...
Прво честитки! Со лесно да си ја тераш бременоста до крај! За терапијата за притисок најубаво да се јавиш кај геникологот и да го прашаш. А за на забар немаш гајле да си одиш слободно, посебно за промена на пломба нема проблем, само ќе му кажеш дека си бремена и нема да ти става анестезија.
Благодарам многу Ја примам следната терапија. 1. За притисок Наутро Barios 1 апче од 5 mg, навечер 1 апче амлеса 8/10 mg. Плус на ручек и навечер пијам по 1 таблета метформин од 850 и 1 таблета спиронолактон од 25 мг само на ручек.