Да, икањето е тоа. Мојава нон стоп икаше во стомак и еве ја 3 месеци има уште ика по 2-3 пати дневно. За мрдањето да не се секирате, има бебиња што си се помрзливи Цела бременост мојава не клоцаше, туку само тегнеше и буткаше нежно. И јас се грижев, се убив од јадење благо и кока коли, џабе. Негде во 28манедела имаше неколку дена ич да не ја осетам, а исто и при крајот. Не паничете ама одете си на едно ехо ако ви е страв, да не се мислите
Да женска икање е тоа...лепотицава па да не речам секој ден ика дури и жал ми паѓа па вода пијам па ја галам ајде мамина готово помина ама ќе си ика 10-15 мин некаде па ќе се смири
Не е од терапијата мама, кај мене е исто како што ти објасниле девојките погоре. Има денови кога е ептен активен и силен, а има и такви кога многу ретко го осеќам, само неколку пати во денот ќе се јави ептен слабо. Уживкај си, сите сме тука негде со неделите, очигледно е нормално.
Мене не ми се случило, ама другарка имам кога беше бремена цело лице и се ишара баш како шо кажуваш како пеги, она дури имаше и цели како кругови темни. Откако се породи после некој месец и се врати лицето во нормала.
Фала ви девојки Еве и сабајлево слабо го осеќам али важно се јави Во право си, како ќе им текне така си прават
Чим го чувствуваш, па и најнежно значи добро си е се Сега чекаме да се размрдаат, а прикрајот ќе сакаме да се смират малку, да бидат мирни
Таа пигментација најчесто е мелазма и не е ретка појава во бременоста. Се јавува на челото, а може и на целото лице. Некогаш исчезнуваат скроз тие промени неколку месеци по пораѓајот, некогаш само избледуваат, а некогаш си остануваат трајно. Зависно од типот на кожата, може да се третира понатаму со разни серуми, лосиони, креми за избелување или поинвазивни третмани на лицето како мезотерапии
Фала ,се трудам да не паничам ама си викам барем по еднаш на ден да се јави .И кога ќе видам дека кај некого се цело време активни е тогаш малку се замислувам ,ама тука сте вие за утеха
Епа затоа можда ме фаќаат паники кога ќе прочитам кај други ,секако не треба да се споредуваме сите сме различни а и бебињата ,ама женска глава .Фала ти
Нормално е да се покачени леукоцитите во бременост, не се секирај. Ако не земаш терапија за анемија, сигурно сега ќе ти даде докторката некој препарат, намалени ти се и бројот на еритроцитите и хемоглобинот, серумското железо е ок. Другите параметри се во ред.
Ме фати дтрав малку, сестрата ми кажа да испитам црп а можно е да пијам и витамин ц. Да и ги покажела резултатите на докторката ќе ми де јави, а ја не можам да издржам. Па сакав мислење од вас.не пијам ништо освен премама и магнезиум.
Каков црп, во бременост благо покачени се леукоцитите и забрзана седиментацијата, уживај. Ако има некоја инфекција, увис кренати ќе бидат, 12 не е ништо. Битно е само анемијата да ја решиш. Како ти е досега хемоглобинот? Земаш некаква терапија?
И пред да останам бремена го имав гледано ми беше ептен слатко.... Вчера маж ми ми го пушти абе се отепав од плачење толку толку ја чекам да ја гушнам и толкуууу најмногу ја сакам