Да, на последен скрининг по менструација 21+5, а по мерки беше 21+3, ден два е помал пошто овулација имав на 16ти, 17ти ден. Ќе правам редовни прегледи и се надевам дека ќе издржи.
Каде ќе правиш проверка мила? Знам дека од ист град сме затоа те прашувам. Јас ќе правам во болницата кај што ми е матичниот, таму има и лабораторија. Знам дека ми нагласи уште некни да се спремам дека ќе седам два саати кај нив, пошто не смеам да се движам. Ова со јадење и јас искрено прв пат го слушам и мислам дека не е правилно. Како што знам се пие само гликоза. Едит: Сега видов дека на државно ќе правиш. Според мене треба да си појдеш на приватно, не е скапо околу 400-500ден. Јави се во Мартини, мислам дека таму прават, барем ќе имаш резултат на место. Денес бев на Трансфузиологија и нејќеш да знаеш каков хорор и гужва има. Среќа кога кажав дека сум бремена одма отидов прва на ред, инаку ќе требаше таму да се тепам, а бев со термин.
Во лабораторија, државно... Така ми објаснија.. Па ќе видиме..Кај матичната лично нема, али знаеш има лаб ама и таму е така мислам бидејќи братучетка ми таму правела... Затоа кажувам...
Истооо...серумско во ред, хемоглобин 11, ер-3.5, ем мали ем полу-празни биле.. Хеферол пијам, и вит. Ц.. Бидејки мака мачам со мојава матична, на колку време испитувате хемостаза, димери? Јас сум 18та, во 16та ми беа 920, до 1500 за второ тромесечие... за постелката добив едно "ок е"...Дали ок као добро, супер, или ок, ќе пројде, не успеав да сфатам... На месец-два да иследам пак? На Трансфузија немаше термини, ја наполнив Авицена со пари
Да на државно е хаос толку е 500 на приватно Медика, ајде ќе видам, може и на двете места, не е лошо, ако може, чисто една споредба... Ќе видам што ќе правам
Немаш потреба на две места да правиш. Најдобро е да се јавиш во Мартини, таму да прашаш дали и како прават. И Медика соработува со фондот и секогаш има гужви и кај нив. Јас сум за тоа да се избегнува гужвата, немој да одиш на две места без потреба.
И јас мислам немој два пати,го оштоваруваш организмот секако шок му е со толку шеќер и на бебето.Во 24та или 28ма недела испитувате?Мене мислам 28ма ми рекоа да не е касно?
Хемостазата ти е одлична ич не му се секирај, мене со клексани димерите ми беа околу 1900 па затоа сега ми појачаа клексан. Уживај се си е во ред мила
Посебно витамин Б12 (кобалмин) и витамин Ц од 1000 оти помагаат за врзување на железото. Во пренаталните витамини ги има во трагови.
Oд денес 24+2 бебче 740 грама. И мoетo не е нештo премнoгу активнo вo стoмак за разлика oд првoтo. Дoктoрoт ми кажа дека нема прoстoр за грижа самo си е мрзливo. Ставилo раце на глава и си ужива вo меше па гo мрдавме стoмакoт да гo видиме каквo фациче е...
Јас од почеток пијам метилкобаламин (б12)1000, метилфолат 1000, Ц 1000 и пак хемоглобинот е 11 Значи нема врска тоа
Сте имале ли болки во долен дел од стомак, како кај јајници тој дел? Од вчера ме боли одвреме навреме и ме плаши оти во прва бременост немав вакви болки. По тоа што читав на нет можно е да се лигаментите, т.е. round ligament pain ама пак се плашам оти имав уреаплазма и не знам дали е излечена. Инаку 23 недела сум. Ќе одам на контрола секако утре или другиден, ама во меѓувреме да си прашам..
Истиве бoлки ги имав три дена пo ред. Ќе се напиев магнезиум ќе се смиреше. Денес и др прашав рече дека ме гледа причина oд кojа ми биле бoлките...
Јас имав таква болка во 22 недела. Се исплашив пошто беше појака измеѓу препонот и јајникот. Се напив магнезиум, чајче, легнав да одмарам и за неколку часа помина
Фала ви, ме смиривте малку. И јас пиев магнезиум ама не ми смени ништо, па се напив чај од брусница малку ми се смири. Не е цело време, наеднаш ќе ме збоцка и ме држи 10тина минути. Инаку бебе мрда, немам исцедок ништо, ама вчера претерав со шетање и почна да ме боли, а го осеќам и бебе ниско многу како да ме притиска врз бешика. Ајде се надевам нормално е.