Dobro znaci ke si sedi na 11 Jadam i sega ama ne mozam sekoj den meso mnogu mi e,vo nedelata 3-4 pati max drugo mi e mandza bez meso
Мислам дека е можно да ти е од пешачењето. Јас прееска пешачев и се брзав, одев малце побрзо од вообичаено и почна да ме боли така. Кога седнав и одморив се смири и го снема тоа чувство. И јас си го осеќам бебето цело време ниско, не знам дали му се ножињата доле, ама како да ме гази по бешиката.
Фала мила, ќе се слушнам тие денови со стоматолог, само се плашам дека е голема пломба, повеќе време ќе ме прави... Да се чудиш од чок да падне... Хаха.. Морам да го направам, чувствувам дупка грозна..
Епа изгледа секој ден треба да јадеме месо Ни јас не го можам ама само тоа е спасот, вака така ќе морам да го зголемам барем на 5 пати неделно @IRBBB 18 ми беше железото пред еден месец ама после тоа зголемив малце на месо, на спанаќ, аронија па ќе видиме сега за една недела како ќе виде железото и хемоглобонот
Во граници на нормала ти е, ама во мојот случај серумското железо е на горна граница, а хемоглобинот е на долна. Имам железо што еритроцитите не ми го искористуваат, затоа матичната рече да пробаме со витамин Б12 и Ц
Пробај може ќе има ефект Во секој случај добро е тие витамини да се конзумираат во бременост. Јас не конзумирам суплементи за железо може и тоа да има врска кога нагло се качува
Здраво девојки, дали во текот на бременоста ви се случило на labia minora да ви се јави благо отекување и чешање? Ја исконтактирав докторката и таа ми препорача Белодерм, но во аптека пак ме советуваа да не се користи. Ваши мислења и искуства?
Белодерм е кортикостероид. Незнам, ни ја не би во бременост. А да пробаш со Канестен дали ќе се смири? Баш ваков симптом дава и кандида што е честа во бременост.
Не ми се случило, ама вакво чешање е типично за габични инфекции. Си проверила ли брисеви, имаш ли некаков исцедок?
Женски здраво. Јас денес се слушнав со докторката.Испитав хормон преку крвта кој ја потврди бременоста . Терапијата за притисок ми ја смени со метилдопа, но освен тоа ми препиша и утрогестан, кој ми рече да го ставам или вагинално или да го пијам. Ве молам за инфо што претставува тој лек и за што се користи? Јас првото апче го ставив вагинално. Исто ме интересира зошто чувствувам повремено болка во јајниците исто како за време на циклус?
Утрогестанот е хормон - прогестерон и се дава на почеток од бременост како поддршка додека убаво да се прицврсти плодот во матката. Многу од нас тука го имаме примано, најдобро ставај го вагинално, поефикасен е така. Болката што ја осеќаш е нормална, организмот се прилагодува на новата состојба. Ќе имаш повремено такви болки, се шири матката и се тегнат лигаменти. Можеш да пиеш магнезиум, ќе ти олеснува. Слушај си го докторот и ти посакувам лесна бременост.
Искрено, не сакам да користам ништо на своја рака, затоа и ја консултирав докторката, меѓутоа ме зачуди со нејзиниот одговор. Разговарав и со друг гинеколог, тој пак ми предложи сосема друго- Vidermina gel. Секој различно мислење. Брисевите ми се уредни. Ова чешање од нигде никаде ми се појави. Ми личи на кандида. Решив да почекам вечерва и утре на преглед.
Видермина неколку пати ја имам дадено за совет во групава,дозволена е во бременост и јас од почетокот на бременоста ја користам и немам никакви проблеми ниту со чешање ниту со инфекции,брисевите чисто.Топла препорака од мене да си земеш
И јас не можев да ги поднесам премама, фемибион 1 земи си, послесни се за желудник, а истите витамини ги содржат.
Vidermina intimo ja koristam od 2017 I nemav nikakvi problemi, pred toa bev sklona na kandida, sega vo bremenosta ja prekinav otkako ja iskoristiv ne bev sigurna dali e bezbedna