Веќе две недели многу ме боли левиот препон, ама ептен, неможам да се движам, за спиење навечер неможам да се наместам никако. Матичнава ми вика одмор и нозе кренати на високо. Искрено и не работам ништо посебно по дома, освен обврски домашни и околу синчето. Ме плаши ова ако ме држи до крај а сум 29 недела. Некоја од вас со вакво искуство да даде совет?!
Асоцира на инфекција како што опишуваш, не знам пред колку време си имала чисти брисеви, ама многу е склон организмот на инфекции во бременост. Ако нејќеш да користиш ништо на своја рака, дур да одиш на лекар можеш да се миеш со камилица, строго памучен веш и без секојдневни.
Соновите значи се дефинитивно тоа што го мислиш... На почеток сонував како сум прокрварила и сум ја изгубила-ова ми беше најголемиот страв најискрено дури не почнав да ја сеќавам толку многу се плашев дали е се во ред. Потоа кога почнав да ја чуствувам од што читам и слушам за папочна врвца дека кај голем број се измотуваат ја сонував како си ја трга-а веќе родена беше ама малечка требаше да биде во инкубатор и и викав немојј да ја тргаш оставија Сега па сонував како се родила пред време и претходно пред некој ден дека сум се пораѓала царски.... До крај уште колку сонови ќе ме чекаат охоооо хахахахх
Даа, ептен си во право... Подобро беше првите месеци кога сонував голи мажи.. , него сега... крварам на царски, се губам....
Обично ако има присуство на конкременти (песок) како што го дразнат уринарниот тракт при поминувањето, прават воспаление (затоа и предизвикуваат присуство на леукоцити) и повредуваат малечки крвни садови (затоа и присуство на еритроцити). Ако е тоа, ќе треба да пиеш повеќе вода, чај од брусница, за да ги исчистиш. Ама почекај ајде уринокултура, да не имаш некоја бактерија па што прави проблем. Во секој случај, не е на одмет да зголемиш внес на течности (освен ако немаш проблеми со притисок или отоци). Мислам дека си веќе трет триместар, така? Бебе притиска на сите органи, сѐ е изреметено. Ама ќе издржиме уште малку, после се надевам дека сѐ ќе ни се нормализира. Инаку друшки, во спиење ми се јавуваат грчеви во листовите. Ме будат од болка. Магнезиум земам редовно. Друго чаре има?
Фала ти Вода пијам премногу,отоци и притисок немам добра сум. Бебе скоро 2кг.во право си притиска се боли во предел на кичма и препони. 34 сум. За грчеви и мене ме будат. Едно магнезиум пијам преку ден едно чим легнам навечер и имам подобрување.
@abc1234 @forumce земам 250мг после доручек и уште 250мг навечер. Така кога ќе ме фати грч, чувствувам ненормална болка, како мускулот во менгеме да ми е. Ќе издржиме друшки, а?
СЕ ќе издржимр. Мене ми е најлошо кога од сон ќе ме разбуди болка од грчеви незнам што да правам се виткам,тивко си офкам да не го разбудам синчето и мм.Поминува за 10-15 сек. ама мислам 15мин.трае. Почести и појаки ми се болките и во препони ,едвај се вртам и станувам од кревет,посебно боли лева страна.Па кога ќе ме фати кичма,па ниско стомак. И се ижалив тука ...ц ц ц ц Ништо уште малку ајде Времето убаво одам да земам дете од градинка па да прошетаме куче Биди добра,чувај се
Не најдов и јас лек за мускулите,ми се грчат па дури и модрици ми излегуваат,ама јас од дете така сум.. Ај ќе издржиме уште малку
@abc1234 @jarec6 изгледа ние вежбаме во сонот несвесно. Кога ќе се породиме, таман и времето ќе е топло да можеме згодни нозе да прошетаме.
Зголеми го магнезиумот, можеш 3×250 дневно и пробај да правиш вежби за истегнување, ги имав постирано во темава. Стварно помагаат за болки, грчеви и слично.
Да мила безбедна е,препорачана од гиниколог и плус на упатството пишува,сега не знам каква користип јас за cleanser од видермина
Зголеми си ја дозата, плус земи од оние што подобро се ресорбираат-магнезиум директ. Мислам на Натурал велт mg директ се 375мг. кесичка
Бев утрово на гинеколог, ама не кај матичната. Ми кажа дека е добро што не сум се намачкала со Белодерм, сепак е кортикостероид. Ми препиша Видермина за интима, една недела, два пати на ден. Девојки, дури и за "не толку сериозни" проблеми, секогаш барајте повеќе мислења..
Девојки, бремена сум 6та недела, има срцева реакција. После многу направени прегледи и нејаснотии, се испостави дека имам доста голем хематом. Ми рекоа дека имам ризична бременост и дека има можност за спонтан абортус, иако хематомот е под плодот. Не разбирам зошто? На боледување сум, лежам, одмарам, но сум многу исплашена. Дали некој знае да ми објасни од што доаѓа до хематом и зошто се смета за ризична бременоста? Ништо не ми објаснуваат, само стресови постојано. Земам утрогестан 2 x 200мг и прогестерон депо инекција минатата недела ми ставија. Имав крварење кое после инекцијата скоро и да престана. Ако некој минал низ слична ситуација, ве молам пишете. Благодарам.
Погоре можеш да прочиташ за колку помал проблем барам повеќе мислења.. Јас пак од непознати причини крварев. Накратко ќе те советувам, обрати се кај Др. Антов, еден од повозрасните гинеколози е кај нас, по old school е, се што не ти е јасно ќе ти објасни. Ти посакувам се најдобро.