Од аптека мила верувам дека ја има скоро во секоја,јас од Жива Фарм ја зимам оти од Велес сум, 500 и нешто денари е ама еве јас едно шишенце користев од октомври до пред една недела кога си купив второ
Денес ја купив во Зегин околу 850 денари беше, само ако е за вагинална употреба ќе си нагласите, има разни.
Некој начин да се примаат протеини освен месо јајца сирење? Грав не знам да си направам Не можам ништо да поднесам од јадење со недели сум на печени лепчиња со маргарин и сол понекогаш тестенина или нешто месено,овошје кисели краставички и чипси..Само од ова ми поминуваат мачнините..Жими вчера што каснав оривче со малку пилешко.. Витамините ги пијам,не сум никогаш гладна ама малку хранливо ми гледа се ова се плашам дека исхраната не ми е баш балансирана..
Не знам која недела си, ама јас додека влегов во 8ми месец цело време повраќав и не можев ништо апсолутно да јадам. 7 добри месеци бев на пржен компир и салата, е сега ми падна железото во 8ми месец ама тоа е. Јади што можеш не се форсирај и пиј си витамини, кога ќе ти дојде подобро еве како на мене си почнав да си јадам.
Почеток сум само што влегов во 8ма недела..Среќа повраќам само на сабајле преку ден сум во ред ама на што и да помислам од јадење ми се лоши.. Гледам барем зеленчук и овошје да јадам само тоа ми оди.. Фала ти
Печурки, киноа, леќа, путер од кикирики, урда, павлака, јаткасти плодови, пченични снегулки. Во сите овие имаш убава количина на протеини. Месото е најголем извор да, ама не секој го обожава. И јас исто не го сакам многу, на почеток ич не можев, а сега каснувам ама не којзнае колку количински.
Ќути се спасив барем еден месец од повраќање, сега па пак ми се гади изгледа од Тотхемава, ама мора да се пие,паднало железото ептен... Може и сме се виделе кај Наде
Мамички јас ова го користам... прашав и др и во аптека препорачливо е и во бременост. Откако го користам немам никаква инфекција, ниту кандида. Денес бев кај мат.. Среќна сум.. Синчето ми расте, се е ок дури и понапредно за една недела.. Многу сум среќна...Земав упат за приватно..