Мамички, бев денес за скриен шеќер.. Ми зедоа крв од прст, 5.3,на гладно.. Ми дадоа 2 чаши гликоза(пластични) ги испив и по 2 часа мерење 7.2 исто од прст. Ми рекоа да седам, да не движам, си отидов дома и си седев... Само вода да пијам.. Испив 3 чаши вода... Др ги виде рез и кажа во граница е и во ред е, ама да внимавам на благо... Си велам себеси, не јадам многу, ама ај да внимавам... За скриен шеќер границата беше до 7.8.Значи над тааа е лошо.
А зошто од прст мила ? Колку што знам јас не дава исти резултати со капиларна и венска крв Секако не ти се многу високи ама пази си со благото Чисто за споредба моите резултати беа 5.2 со 6.3 ама после еден саат ми беше 9.2 што е блиску до граница и ендокринологот ме стави на строга диета
Правев крвна слика. Железото ми е на горна граница 30 . А хемоглобинот ми се намалил на 11. Нели е тоа поврзано едно со друго? Чаре некое за хемоглобинот? Да слушнам ваши искуства дур да се видам со матичната.
И мене од прст ми зедоа, слични резултати и кај мене 5.7 со 6.1. Само мене една чаша ми дадоа, т.е првиот пат. Јас пак јадам благо и се зачудив, не знам да не си јадела вечерта касно пред да отидеш сабајлето? Мене ми рекоја од 12-15 саати да не јадам ништо.
Мислам од 24 до 29 недела се испитува. Јас исчитав 31ва,затоа што матичната прво рече не мора, ама на следниот преглед дека бебе големко ми рече за секој случај да направам. @brm_brm ист случај сум и јас. Ми дадоа Фероглобин капсули. 2 недели ги пијам, ќе видам со наредна крвна слика дали има ефект.
Така ми кажааа дека не правев целосна крвна слика, само тиехемоглобин ерттроцити итн.. Пред 2недели правев целосна и се беше ок, се во нормала..
Последен пат јадев околу 16-16 30часот.Ручев во 15 часот, (грашок со месо и салата марула) а кај 16 16 30 јадев кифлички. И се напив 2 чаши сок, овошен, купен, а после тоа пиев вода додека да си легнам.
Задолжително не е, но пожелно... бар јас таков впечаток имам.. на гак знам дека при отварање историја, од лична анамнеза прашуваат, приска, ОГТТ за скриен шеќер... Иначе се нервирам денес, torch-от ми е поз. за CMV....
зошто се прави торч тест, и во која недела, јас не сум правела ниту па ми спомнал гинекологот.Треба ли да се ако има некоја индикација или се прави рутински?
Веројатно имаш нормална бременост и затоа Кај мене е комплицирано малку, крварење, хормони и затоа...
Јас за првото правев, за второво ми рекоја ако сакам- и не направив. Колку повеќе тестови и испитувања, толку повеќе грижи за нас.
Другарки ако може тумачење за што се овие вредности што ми се над граница и ова под хемоглобинот под граница?