добро е што сака да те гали, се спрема жената за внуче. Мојата тоа никад не би го направила, нема да ме праша како сум-не пак да ме гали. Најјако е што живееме во различни градови, и се гледаме еднаш месечно. Пффф може секоја година носам од синот дете, па и се здосадило да праша како сум-што сум. Пу ј’зк да и е, многу ме нервира
За Торч ќе ако си од пп прашај матичен гинеколог за упат на микробиологија таму прават-така барем беше пре година
Само мене не ми е проблем да ме фаќаат за стомакот? Дури и самата им викам 'фати го како мртка' (не на свеки ). Инаку и мојов е напорен, легни си, не седи на столица, сакаш перница, шо сакаш за јадење... Некогаш ме нервира, некогаш ми годи што ме разгалува... Зависи на кој левел ми се хормоните
Сериозно сакаш свекрва ти да те гали по стомак??? Какво нервирање, радувај се што не ти е над глава, не да се нервираш.
Не ми е проблем, ама гледам и мајка ми не сака да ми се пика така... Мене ме нервира мојов што има уплав да ме фати за стомак, влезен е у некој филм дека може да го повреди и крај. Му викам пипни он како уплашен,ќе го допре секунда и вика доста е да не му се деси нешто. На рака бројам колку пати ме пипнал за стомак...
И што направи, ти даде матичниот? Јас кога и реков на мојата-ми рече не постојат повеќе книшки, а после пораѓај ја бараат. И што сега?
Мене не ме нервира ич, а и не ми се случило до сега некој друг освен сестрите или кумашинката да ме милне на меше. Мм многу ме разгалуваше во првата бременост, сега ич.. Дури и му се лутам, 33та недела а денес за прв пат добив масажа на стапала, предходно уште непогледнат тестот за бременост масажи за трудници бараше Не ми дозволува да се оптеретувам, ме караше многу дека претерував со благо, ама не е многу потресен како предходно
Исто кумата па прави муабет,па ја чешка да ми покаже дека ќе мрднела ,и сега сама се смеам баш не ми изгледа природно на некој друг да му дојде така искрено да гали туѓ стомак освен на мајката и таткото(можеби) .
https://zenskimagazin.mk/deteto-e-s...o7QazYbt7Ugetl10e6BXeOLXh3FGn8q2lnYCS3kOXoLMg Балкански корени...... Детето е среќа не е битно дали е машко или девојче.
Јас пиев, ендокринологот ми ги продолжи и во првите три месеци од бременоста. Рече така е подобро за секој случај, а сега веќе не ги пијам.