Леле јас вчера јадев, и чудно ми беше и мене оти после ручек воопшто не ја осетив. Се испаничив. Пред да си легнам малку мрдна и се смирив. Но еве од што било
И ја исто немам апетит. Обично јадам маргарин, павлака, мед, супа, овошје оти особено насабајле се` ми се гади и ич не ми се јаде храна што има некаков вкус или мирис.
Дополнотелно, ви треба копија од личните карти на родителите, оригиналите на увид, копија од извод на бебе, потврдата од матичниот гинеколог (или мајчина книшка) и образецот што можете да го најдете на нет или да го пополните таму на лице место. Ова сега го најдов од скоро што поднесувала мајка. Така да не се расфрлајте со невистини.
Сега за сега немам мачнини на момент ми дојде како гадење но не повраќам сеуште, се надевам нема и понатаму да повраќам.
Јас немам таква книшка... а лежечка бременост сум... не можам да трчкам да ја носам на матичен....Се надевам дека нема да ми треба... Голем распонов во прво и трето дете... да кажам дека си го осеќам ко трето директ
https://mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-pomosh-za-oprema-na-novorodence.nspx Нигде не пишува тука за трето дете.
Не е вистина. Јас вчера поднесов документи. Мајчина книшка не е потребна, туку само потврда од матичен гинеколог за тоа кое дете по ред ти е. Не си се распитала убаво
не треба мајчина , ама и не е лошо да си а имаш , во неа се заведува се од цела бременост , што е добро да се има и при породување ако треба нешто плус да знае док .. За паричен надоместок потребно е само потврда од мат.гинеколог која ќе а даде после породување @Bella_Stella може сопруг секој да ти а земе и се поднесуват док , во општина и социјално , потребни се изводи лични карти трансакциска ... Даваат и за трето дете .
Не е точно за мајчина книшка. Потврда од гинеколог е доволна. Утре ќе поднесам за второ дете и ќе пишам пак. За првото никој мајчина книшка не ми побара
Јас знам за прво дека даваат 5 000 ден. Поднесуваш во социјално, документи како што кажааа погоре, ама не за мајчина книшка.
https://mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-pomosh-za-oprema-na-novorodence.nspx https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/pravilnicidetska/2020/Прилог 3 Барање ЕППН новороденче.pdf
Да дава. За прво 5.000, второ 20.000, трето 60.000. Има линкови погоре ги пишав. И јас не знаев дека без мајчина книшка не можи да се земат пари, ама матичната ми кажа. Чувај ја ми рече книшкава да не ја изгубиш оти без неа нема пари земање. И еве на Барањето има ставка во прилог да се достави копија на некои од страниците на мајчината книшка. Не е ништо страшно, матичниот доктор ќе ви пополни се што треба ако сте оделе редовно. Поздрав
Некако не држи вода многу муабетот за матичната книшка... Што ако сум ја изгубила, изгорела негде? Ко у Титова Југославија... Порелевантно е гинекологот да даде потврда.., веќе се се сведе на електронски внес, матичен број и готово... на какви се иследувања сме биле, што се сме поминале, поважно да е колку кила сум у 16та недела?
Жени, сите сте во право, сетете се само кај живееме. Во која институција се знае што точно документи ти требаат? На два различни шалтери различно ќе ти кажат, а не па од еден до друг град.
Денеска имам зачестено мокрење на пола саат, саат.До сега не сум имала нешто посебно туку нормално.Неколку дена сум и настината со главоболка и мала болка во грлото.Испив само еден парацетамол вчера, онака гледа само со чаеви и со природни сокови да го надминам ова.Но денес сум загрижена бидејки имам и болки ниското долу и во стомакот.Дали има место за загриженост.Немам болки кога одам во тоалет, иначе од утре сум 20 недела.